Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: На униформите на македонскиот воен оркестар го немаше името
На настанот во Македонската Филхармонија, каде концерт имаа оркестрите на армиите на САД, Велика Британија, Словенија, Грција и Македонија, повторно отсуствуваа државните симболи. На македонските парадни униформи го немаше државното име Македонија, вели ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Воените оркестри на другите држави кои настапуваа заедно со македонскиот, гордо го носеа името на своите држави на своите униформи, само македонскиот воен оркестар – не. Ова е уште еден голем срам за македонската држава и народ, уште едно понижување сервирано од Заев и неговата опачина Пендаровски, од министерката за одбрана Радмила Шекеринска и СДСМ. Власта веќе втор ден молчи кога и дали воопшто е сменета Уредбата за единствен знак за припадност на Армијата на Република Македонија? Доколку не е сменета, ќе дојде ден кога ќе одговараат за нејзиното кршење вчера“, додава опозицијата.
ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека на чело на Македонија не можат да застанат луѓе кои се срамат и не почитуваат се што е македонско.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

