Македонија
(Видео) Мицкоски: Власта на СДСМ го подели народот како никогаш досега
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оствари средба со жителите на општина Брвеница при што рече дека гласот на претседателските избори даден за Стево Пендаровски е всушност глас даден за Зоран Заев и продолжување на неговите, како што кажа Мицкоски, криминални политики.
Од ВМРО-ДПМНЕ информираат дека Мицкоски ја искомнетирал и вчерашната изјава на Пендаровски дека доколку го застане полиција поради брзо возење нема да го казни бидејќи го знаеле од телевизија.
„Денеска не знам дали можевте да видите, но јас видов еден исечок од обраќањето на кандидатот за претседател на Зоран Заев, бидејќи не можам поинаку да го наречам човекот кој што во мафијашки стил во еден скап скопски хотел беше номиниран од деспотот Заев и избран. Го слушам и вели – замислете мене да ме сопре припадник на МВР и тој припадник да ме сопре затоа што возам со недозволена брзина, што мислите, вика, ќе ме казни? Па се смее онака шеретски, помалку несмасно. И потоа сфаќа што кажал откако виде дека самиот си го дава одговорот на прашањето – нема шанси да ме казни бидејќи ме знае од телевизија. Го знаеле од телевизија, замислете затоа нема да го казнат, но, па, вели, може ќе ме казни, ама само ако е од овие вмровците“, рекол Мицкоски раскажувајќи го гафот пред присутните, додавајќи дека разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е тоа што власта на СДСМ го поделила народот како никогаш досега.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

