Македонија
„Ти не умре Бибе, ти само се лизна“ – познатите се простија од Билјана Беличанец
Голем број пораки со последно збогум денеска осамнаа на социјалните мрежи по смртта на актерката и екс-градоначалничка, Билјана Беличанец.
Пораки со неверување и тага испратија голем број на актери, режисери, музичари и политичари.
„Почивај во мир драга Беличанец, во вечноста пронајди го тоа што овде не можеше… бескрајно ќе ни недостасуваш“, напиша актерката, Јелена Жугиќ.
„Што е тагата без договор на суштествувањето, без одговор на сочувствувањето, без ехо на внатрешниот глас? Збогум актерке со раскошен талент”, напиша пејачката Калиопи.
И актерот Васил Зафирчев остави емотивна порака за смртта на Беличанец.
„Билјана Беличанец. Ретка билка со раскошен талент за цветање. Можеше да даде уште многу цутови. И сакаше. А не напушти на најтрагичниот од сите можни начини. Како вистинска античка хероина. Вечна пролет за неа и за нејзиниот редок и убав цвет“, напиша тој.
Писателот Венко Андоновски и напиша песна.

И Тони Михајловски се прости од својата колешка.
„Честопати насмевката што ја носиме на лицата е само маска, која како бубаќ сопира да не излезе на виделина стерната од тага во нас. Почивај во мир Биле“, напиша Михајловски.
Актерката, Јелена Јованова во последниот поздрав напиша: Се надевам дека таму нема да си изневерена од никого.
„Се надевам дека сега си на подобро место… Се надевам дека таму нема да си изневерена од никого…
Се надевам дека таму ќе си прегрната од љубов која овде ти недостигаше… Толку многу даде, а уште колку многу остана…. Тешко и за неверување маме“, напиша Јованова.
Еден од најемотивните статуси на социјалните мрежи беше оној на Сашко Тасевски, кој рече за Беличанец секогаш имало место во Драмскиот театар.
„Билјана Беличанец влезе во канцеларијата. Два месеци откако ме назначија за директор. Седна како на жар карши мене, зад клуб-масата. Да и пратам порака дека е добредојдена и влегува дома, станав од директорската фотеља и седнав кај клуб масата. Ја понудив кафе, одби. Дојдов само нешто да ти кажам., рече. Те разбирам ако ме држиш на страна, ако не добивам улоги, зашто бев функционер кај оние, само дозволи ми да бидам овде, да го дишам театарскиот воздух. Стави ме и во шивална, ќе шијам, само да сум тука. Беше сериозна, а јас се насмеав. Реков: Билјана ти си една од најдобрите глумици во Македонија на сите времиња. Треба да играш и сакам да играш, ама не со игла и конци, туку на сцена. Таму би била од најголема помош. Имаш сојузник во мене. Сепак не заигра, иако требаше да игра главна ролја во една претстава, тоа се изјалови од други причини. Нејсе, затоа со ќеф прифати да биде дел од уметничкиот совет, кога ја поканив, откако ме предупреди дека може да си имам проблеми што е она во него. Баш ме заболе и реков. Се сеќаваш што ти кажав во канцеларија ко дојде? Се насмеа. Е па уште го мислам тоа и реков. И секогаш ќе го мислам. Го мислам еве и сега. Најдобра“, напиша Тасевски.
Последно збогум кажа и Дац – „Имаше цврстина на маж, а беше кревка како кокиче“
„Билјана Беличанец беше мојот Петар Пан. Полетна како никој од нашата бранша, леташе високо со своите улоги и оддаваше цврстина на маж, но беше кревка, како кокиче. Замина во Недојдија“, напиша Дац на својот ФБ профил.
Со нивната колешка се поздравија и Весна Петрушевска и Игор Џамбазов.

„Почивај во мир моја драга Б.Б“, напиша Џамбазов.
Беличанец беше градоначалничка на општина Кисела Вода од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, па пораки за последно збогум оставија и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и кандидатката за претседател, Гордана Силјановска-Давкова.
„Луѓето коишто со своите дела оставаат трага никогаш не умираат. Почивај во мир Билјана“, напиша Мицкоски.

Оперскиот пејач Игор Дурловски од актерката Билјана Беличанец се прости со зборовите: „Најчесто доцниме со некој убав збор… Мирен пат Билјана Беличанец“.
Беличанец синоќа беше пронајдена мртва во својот стан. МВР јави дека актерката извршила самоубиство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.

