Свет
„Американ ерлајнс“ ја продолжи забраната за летови со „боинг 737“

Компанијата „Американ ерлајнс“ соопшти дека ќе ја продолжи одлуката за откажување 90 лета дневно со авионите од типот „боинг 737 макс“ до 5 јуни. Ваквата одлука доаѓа две недели по несреќата во Етиопија, во која загинаа повеќе од 100 луѓе.
Продолжувањето на забраната на летовите со овој тип авиони, која првично требаше да престане да важи на 24 април, е последен сигнал во низата дека овој модел на „Боинг“ нема набргу да се врати во употреба.
„Американ ерлајнс“ на 24 март соопшти дека откажува по 90 лета дневно. „Боинг“ во петокот соопшти дека планира да го намали производството 20 отсто, односно за 737 летала месечно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Брнабиќ за извозот на оружје во Израел: Жал ми е за војните, но Србија мора да го продаде тоа што го произведува

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ синоќа во врска со критиките на властите за извоз на оружје во Израел изјави дека и е „жал за војните“, но дека Србија мора да ги продаде оружјето и муницијата што ги произведува.
„Оваа земја има своја наменска индустрија, таа е значаен фактор во нашата економија и поддржува десетици илјади семејства во Србија“, изјави Брнабиќ за ТВ Пинк.
Таа оцени дека Србија „сигурно може да се гордее со својата индустрија“.
„Но, знаете, наменската индустрија произведува муниција и оружје, кои обично се користат во војни. Да, ние ги извезуваме сите наши производи од наменската индустрија“, рече Брнабиќ.
Според неа, целокупното производство на српската наменска индустрија е резервирано со години однапред, што е добро за луѓето кои работат во таа област и за домашната економија.
Свет
По нападот на САД и Израелците го нападнаа нуклеарниот објект Фордо

Иранската нуклеарна централа Фордо е повторно погодена, овој пат во израелски напад, јавуваат иранските медиуми.
Објектот, изграден во планина, претходно беше цел на американски напад.
Портпаролот на кризниот штаб на провинцијата Ком за новинската агенција Тасним изјави дека Фордо бил повторно погоден.
Израелските медиуми објавија дека војската го гаѓала пристапниот пат до нуклеарниот објект.
Американскиот напад во текот на викендот, според шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси, веројатно предизвикал многу значителна штета на централата.
Тој додаде дека засега никој не може да каже колкава е вистинската штета во подземните делови.
Свет
Русија го предупреди Трамп: Ја отворивте Пандорината кутија

Русија ги обвини Соединетите Држави дека ја отвориле Пандорината кутија со напад на иранските нуклеарни постројки и играње со безбедноста и благосостојбата на целото човештво. На седницата на Советот за безбедност на Обединетите Нации, рускиот амбасадор во Обединетите нации, Василиј Небензја, изјави дека Вашингтон уште еднаш покажал целосно непочитување на позицијата на меѓународната заедница.
„Вашингтон потврди дека, за да ги заштити интересите на својот израелски сојузник, е подготвен не само да замижи пред убиствата на десетици илјади палестински жени, деца и стари лица, туку и да се коцка со безбедноста и благосостојбата на целото човештво“, рече Небензја, осврнувајќи се на војната во Газа.
„Со своите постапки, САД ја отворија Пандорината кутија. Никој не знае какви катастрофи и страдања ќе произлезат од ова“, додаде тој.
На 21 јуни, американскиот претседател Доналд Трамп нареди воздушни напади врз три ирански нуклеарни постројки, вклучувајќи го и Фордо – фабрика за збогатување ураниум закопана длабоко во планина. Тие американски напади ги доведоа САД директно во конфликтот на Израел со Иран и се закануваат да го турнат целиот регион во тотална војна, пишува „Њузвик“. Американските власти велат дека нападите биле ограничени и прецизни, а Трамп го повика Иран да се врати на дипломатските преговори за неговата нуклеарна програма.
САД и Израел тврдат дека дејствувале за да го спречат Иран да развие нуклеарно оружје, додека Техеран одговара дека нема намера да гради атомска бомба и дека неговите капацитети се наменети само за мирна употреба.
Иран вети силен одговор, велејќи дека целите на САД во регионот сега се легитимни цели. Тој, исто така, предупреди на можна регионална војна, а иранскиот парламент го поддржа затворањето на Ормускиот теснец – клучен поморски коридор за глобалната трговија со нафта и гас – иако иранското раководство допрва треба да донесе конечна одлука.