Свет
Ердоган смета дека Истанбул не може да се освои со 13.000 гласа повеќе
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави денеска дека не е можно кандидатот на опозицијата да прогласи победа во Истанбул со 13.000-14.000 гласа повеќе во градот со 10 милиони гласачи.
Претседателот на опозициската Републиканска народна партија, Кемал Киличдароглу, рече дека Високиот избирачки одбор, кој се согласи на делумно повторно пребројување на гласовите во Истанбул, отвори процес што ѝ наштети на безбедноста на гласачките кутии, објави „Ројтерс“.
Партијата на правдата и развојот на Ердоган побара пребројување на гласовите во Истанбул во неделата кога нивниот кандидат изгуби.
Киличдароглу рече дека членовите на комисијата треба да биде непристрасни и дека целосното пребројување на гласовите мора да има разумно оправдување.
Тој додаде дека со 92,3 процента од делумното пребројување на гласовите во Истанбул кандидатот на неговата партија, Екрем Имамоглу, е во водство со 15.722 гласа.
Во Истанбул, од 39 административни области, гласовите беа пребројувани во 18 административни области.
Во Турција на 1 април се одржаа избори, на кои гласачите избираа градоначалници во големите градови, началници на општини и градски или провинциски и општински совети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Брисел се дискутира можноста за воведување царини на американски производи, јавува „Фајненшл тајмс“
Во Брисел во тек е итен состанок на европските амбасадори на кој се дискутира за можниот одговор на американските царини што ги воведе Доналд Трамп, пишува „Фајненшл тајмс“.
Една од главните опции што се разгледуваат е воведување царини на американски производи во вредност од 93 милијарди евра. Според изворите запознаени со состојбата, овој пакет на контрамерки бил ставен на чекање минатиот август откако Европската унија постигнала трговски договор со САД. Таа шестмесечна суспензија истекува следниот месец, освен ако Европската комисија не одлучи да ја продолжи.
Како друга можност се спомнува и ограничување на пристапот на американските компании на пазарот на ЕУ. Се очекува францускиот претседател Емануел Макрон да побара активирање на Инструментот против присила на ЕУ, механизам што им овозможува на членките да возвратат трговски мерки против земји што вршат економски притисок.
Досега најавите од состанокот не се објавени, бидејќи дискусијата сè уште е во тек.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.

