Македонија
„Визер – Скопски маратон“ го прославува својот 15-ти јубилеј
Минатата година речиси 10.000 луѓе излегоа на патеката на „Визер – Скопски маратон“ во Скопје. Тие покажаа колку е значајна самата манифестација. Тркачите дојдоа од 51 држава од целиот свет претставувајќи ги сплотеноста на сите учесници и влијанието на мисијата на „Визер – Скопскиот маратон“ да го зголеми значењето на спортот и здравиот начин на живеење. Тоа совршено ја отсликува и одлуката маратонот секогаш да се одржува во овој период во чест на 9 Мај, Денот на Европа.
„Ќе имаме неколку настани во мај, но ‘Визер – Скопскиот маратон’ на 4 мај е многу значаен. Како што посочи директорот, новина имаме во штафетниот маратон со наслов ‘ЕУ за спорт’. Тој вклучува 4 тркачи, каде што двајца од нив трчаат 9 километри, а другите 12 километри и спојот на сите е еден цел маратон. Може да споделам дека и јас ќе трчам на штафетата заедно со моите 3 деца, така што ќе ме видите таму. Оваа трка е за секој што сака да се забавува, за секој што сака да излезе од својата комфор-зона и да ги надмине 5-те километри, а не е подготвен за полумаратонот или маратонот. Со тоа таа претставува уште една патека и можност за учество во маратонот. Оваа трка е и за сите што сакаат да го почуствуваат тимскиот дух, секој што сака да ја поддржи екипата или да навива за заеднички успех“, истакна шефот на делегацијата на Европската Унија, Самуел Жбогар. Тој додаде дека Делегацијата не ЕУ ќе продолжи со поддршка на неколку настани за спортување сѐ со цел да се промовираат здравиот начин на живеење и заштитата на животната средина.
„Посветеноста на организаторите и поддршката од страна на Агенцијата за млади и спорт, Градот Скопје и Делегацијата на Европската Унија, придонесе ‘Скопскиот маратон’ да прерасне во настан што ги промовира нашиот град и нашата држава. Оттука, можам да ветам константна поддршка за овој настан и во иднина од страна на Агенцијата за млади и спорт од причина што ние сме секогаш тука да им дадеме максимална поддршка на настаните што се во интерес на развој на спортот и промоција на здравиот начин на живеење“, вели Дарко Каевски, директор на Агенција за млади и спорт.
„Иако ова е нашиот 15-ти јубилеј, ние секоја година се трудиме сѐ повеќе и повеќе да внесуваме новости. Сакаме константно да се надградуваме. Оваа година благодарение на поддршката од Делегацијата на Европската Унија се организираат и бесплатни групни тренинзи, кои почнаа од 28 март. Унијата е покровител и на ‘Штафетниот маратон – ЕУ за спорт’, кој оваа година има прекрасни нови медали, кои одлично ја претставуваат ЕУ. Тие се симбол за тоа како единки кога работат заедно стануваат една моќна целина. Честиот развој ни дозволува да останеме релевантни во регионот и пошироко. Затоа и се пријавуваат толку голем број лица од други држави. Но, тоа ни дава уште една одговорност, а тоа е да им вратиме на општеството и заедницата. За да го оствариме тоа, оваа година се одлучивме да почнеме партнерство со GivenGain.com, каде што секој заинтересиран може да донира за три организации, и тоа СОС ‘Детско село’, ‘Момент плус’ или ‘Проект среќа’“, рече Кире Синадиновски, директор на „Визер – Скопски маратон“. Тој додаде дека патеката е измерена од страна на ИААФ и АИМС, со што „Визер – Скопски маратон“ го обнови постојниот сертификат за точност на патеката и таа ги исполнува сите стандарди за учество на олимписки игри и светски првенства.
„Ние сме дел од нешто повеќе. Не се гледаме како организатори на еден маратон, туку на настан што го исполнува Скопје со многу позитива. Нашата мисија е што поголем број луѓе да стануваат дел од ова движење и ‘Визер – Скопски маратон’ затоа што само така ќе покажеме дека спортот може да е секојдневие на сите. Денес може да ги видите луѓето како трчаат по улиците во секој град од државата. Тоа нѐ исполнува со многу мотивација и затоа како и секогаш ќе дадеме сѐ од што можеме за најголемата спортска манифестација да се надмине себеси“, порача Гордана Николовска од Сојузот на спортовите на град Скопје.
Во склоп на „Визер – Скопски маратон“ се одржуваат неколку трки, и тоа трката од 5 километри, полумаратонот, маратонот и штафетниот маратон. Пријавувањето за учество завршува на 22 април 2019, а самите стартни пакети ќе може да се подигнат на 2 и 3 мај 2019 во просториите на „Парк хотел и спа“. Заинтересираните може да се пријават кај официјалниот партнер на „Визер – Скопски маратон“ https://www.smartrace.club/ или официјалната веб-страниците http://skopskimaraton.com.mk. И оваа година стартните пакети ќе бидат од eventbaxx со минимален број печатени материјали со цел да се заштити животната средина.
Сите што ги исполнуваат условите ќе добијат 20 евра вредносен ваучер од „Визер“. Заинтересираните може да се пријават кај официјалниот партнер на „Визер – Скопски маратон“ https://www.smartrace.club/ или официјалната веб-страница http://skopskimaraton.com.mk.
„Визер – Скопскиот маратон“ е под покровителство на Делегацијата на Европската Унија, Град Скопје и Агенцијата за млади и спорт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

