Економија
Нови најповолни услови на пазарот за брзи потрошувачки и наменски кредити од „Иуте кредит“
Намалени вкупни трошоци, зголемени износи и број на рати. Имајте контрола на вашите лични финансии со Иуте кредит.
Согласно новиот закон за Закон за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити кој стапува на сила денес, 08.04.2019, Иуте кредит Македонија соодветно ги прилагоди условите за потрошувачките и наменските кредити за физички лица во својата понуда.
Новиот закон предвидува ограничување на годишната стапка на вкупни трошоци за подигнат кредит, односно вкупниот износ што барателот на кредит го враќа при истекот на периодот на отплата.
Со ваквата регулација отсега барателите на кредит во Иуте кредит ќе можат да уживаат значително поповолни услови без високи административни трошоци, трошоци за одобрување или какви било други скриени трошоци.
„Остануваме да бидеме број 1 на пазарот во креирање исклучително корисничко искуство за потрошувачки и наменски кредити за физички лица од 18 до 70-годишна возраст. Кај нас клиентите ја добиваат целосната сума за кредит за којашто аплицираат со транспарентен приказ на условите за кредит, без скриени трошоци. Воедно, ги советуваме сите заинтересирани кои имаат потреба од брз пристап до финансиски средства да бидат внимателни при својот избор на кредитодавател имајќи ја впредвид останатата понуда на пазарот и промените што ги налага новиот Закон за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити” – изјавуваат од Иуте кредит.
Можност за рефинансирање на тековни финансиски задолжувања
Една од главните придобивки за сите потенцијални и постоечки клиенти на Иуте кредит со новите услови е можноста што се отвора за најповолно рефинансирање на кредити кои се земени од други финансиски институции, решавање други финансиски задолжувања, како и пристап до финансиски средства што се најчесто потребни за покривање трошоци за итни здравствени или образовни потреби, потреби за домаќинство или за плаќање долгови за комунални сметки.
Едноставно аплицирање само со лична карта
Клиентите на Иуте кредит имаат можност да аплицираат брзо, онлајн, само со податоци од лична карта, а одобрувањето е веднаш. За кредит може да се аплицира и директно во експозитурите на Иуте кредит во Скопје (кај Соборен храм), Куманово и Тетово во центарот на градот.
Прв бесплатен кредит до 20 000 денари со 0% трошоци
Во Иуте кредит првиот кредит до 20 000 денари е бесплатен. Тоа значи дека за сума до 20 000 денари и период на отплата до 30 дена корисникот има 0% камата и и 0% административни трошоци, односно сумата на кредитот ја враќа во истиот износ.
Потрошувачки кеш кредити до 150.000 денари.
Во останатата понуда на кеш кредити, Иуте кредит за сите нови клиенти одобрува до 30 000 денари на 10 месеци и 7% каматна стапка, а за сите постоечки клиенти со позитивна кредитна историја во Иуте кредит одобрува и кредити до 150 000 денари со 4% каматна стапка.
Наменски кредити со можност за купување на рати до 120.000 денари
Покрај потрошувачки кеш кредити за разни намени, клиентите на Иуте кредит можат да земат кредит и за купување конкретни прозводи или услуги до 120 000 денари. За наменски кредит корисниците можат да аплицираат директно во продажните места на сите Иуте кредит партнери за да можат да го купат посакуваниот производ или услуга само со лична карта и да го отплаќаат на 24 рати со каматна стапка 5%.
Автомобилски кредит до 1 000 000 денари без учество
За сите оние кои се заинтересирани за инвестирање во автомобил, Иуте кредит нуди автомобилски инстант-кредит за користени возила до 1 000 000 денари. За одобрување кредитит не е потребно учество, не е потребно задолжително каско-осигурување и нема услови за лизинг. Заинтерисираните можат да направат калкулација и да аплицираат онлајн на www.iutecredit.mk/car-loan/
Уверете се во најповолните услови за онлајн кредит.
Направете ја калкулација за посакуваната сума за кредит на Иуте кредит онлајн калкулаторот и аплицирајте на www.iutecredit.mk
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Божиновска – Коњановски: Eнергетскиот развој на Битола важен чекор за поефикасна и одржлива општина
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, на која беа разгледани можностите за продлабочување на институционалната соработка и реализација на заеднички развојни приоритети во наредниот период.
Во фокусот на разговорите беа проектите за енергетска ефикасност како клучен инструмент за намалување на трошоците на локално ниво, модернизација на јавната инфраструктура и создавање поодржлива урбана средина. Соговорниците се согласија дека општините имаат суштинска улога во енергетската транзиција, а државната поддршка мора да се претвори во конкретни и мерливи резултати за граѓаните.
Министерката Божиновска нагласи дека партнерството меѓу централната и локалната власт е предуслов за ефикасна реализација на реформите во енергетиката.
„Енергетската ефикасност е директна инвестиција во квалитетот на живот. Нашата цел е секоја општина да добие реална можност за модернизација, пониски трошоци и одржлив локален развој,“ истакна Божиновска.
На средбата беше договорено продолжување на координираните активности меѓу Министерството и Општина Битола, со имплементација на проекти што ќе донесат долгорочни придобивки за граѓаните и локалната економија.
Економија
(Видео) Тренчевска до власта: Намалете од луксузот и зголемете ја минималната плата на 600 евра
Минималната плата е еден од клучните механизми преку кои државата директно влијае врз животниот стандард на граѓаните, врз пазарот на труд и социјалната кохезија. Нејзината динамика на раст и начинот на усогласување се директно поврзани со борбата против сиромаштијата, намалувањето на нееднаквоста и обезбедувањето достоинствени услови за работа на работниците, рече потпреседателката на СДСМ, Јована Тречевска, на денешната собраниска седница на којашто на дневен ред е предлог-законот на СДСМ за изменување и дополнување на Законот за минимална плата, со кој се предлага минималната плата да се зголеми на 600 евра.
Таа посочи дека Владата во одредени услови мора да носи политички одлуки. Таков бил и случајот со зголемувањето на минималната плата во 2022 година, за време на владеењето на СДСМ, од 15.000 на 18.000 денари, направено во дијалог со работниците и работодавачите.
„Често слушаме дека сегашната Владата остава работодавачите и работниците сами да се договорат, но социјалниот дијалог во државата е трипартиски: во него се вклучени Владата, работниците и работодавачите. Владата не може да биде само модератор, туку е активен учесник и партнер во социјалното договарање, слушајќи ги барањата на работниците и поддржувајќи ги и работодавачите,“ посочи Тречевска.
Таа рече дека во времето кога СДСМ ја предводеле Владата платите тројно се покачиле.
„Минималната плата речиси тројно се покачи, од 8.000 на 22.500 денари, благодарение на добрите политики на СДСМ . Истовремено, како што растеше минималната плата, растеше и просечната плата, од 23.850 денари во 2024 година, скоро до 40.000 денари. Во однос на синдикалната кошничка, таа изнесува 67.382 денари во февруари 2026 година, споредено со февруари лани, што значи зголемување од скоро 1.000 денари. А во однос на 2022 година, таа е зголемена за повеќе од 30.000 денари. Овие аргументи јасно покажуваат зошто треба да се излезе во пресрет на барањата на работниците за минимална плата од 36.000 денари. Предлог-законот дава јасни насоки за финансирање на ова зголемување, преку намалување на луксузните расходи и пренасочување на средствата кон повисока минимална плата,“ рече Тречевска.
Економија
Зголемување на прагот за ДДВ-обврзници и зголемување на повратот преку „Мој ДДВ“, предлага Левица
Пратеничката група на Левица ќе поднесе измени на два закони, со заедничка цел – финансиско растеретување на физичките лица и малите економски субјекти, вклучително семејните бизниси, занаетчиите и регистрираните земјоделци, информираше на денешната прес конференција пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил – Хактан.
Тој појасни дека предлогот предвидува двојно зголемување на максималниот износ за поврат на ДДВ по физичко лице на тромесечје – од 2.100 на 4.100 денари, како и зголемување на процентот на поврат преку апликацијата „Мој ДДВ“: од 20% на 40% за македонски производи и од 10% на 20% за останатите.
Дополнително, се предлага зголемување на прагот за задолжителна регистрација за ДДВ-обврзник од 2 на 4 милиони денари годишен промет, со цел да се намали административниот и финансискиот товар врз малите фирми.
„Со оваа мерка сакаме да го растеретиме даночниот товар кој во моментов е непропорционално распределен – на штета на малите бизниси, додека големите компании користат бројни олеснувања и субвенции. Административните трошоци и за УЈП и за малите субјекти често се поголеми од самата даночна обврска. Со овој пакет отвораме суштинска дилема – кој навистина го носи товарот на даночниот систем во Македонија? Нашата цел е јасна: прогресивен и праведен даночен систем. Оттука, и во иднина ќе предложиме други мерки од овој тип за остварување на оваа цел”, рече Исмаил – Хактан.

