Свет
Јужна Африка ќе ја истражи приказната за милијардите на Гадафи префрлени во Есватини
Според еден неодамнешен извештај, Јужна Африка наводно им влегла во трага на парите што му припаѓаа на Моамер Гадафи од Либија кај поранешниот претседател на Јужна Африка, Џејкоб Зума, но дека пленот бил изнесен од земјата, пренесува „Спутник“.
Јужна Африка ќе ги испита тврдењата дека милионите долари што Гадафи, наводно, тајно ги префрлил таму, биле предадени во Есватини.
Министерот за надворешни работи на Јужна Африка, Линдиве Сисулу, не верува дека овие тврдења се вистинити, но се согласи да ги истражи ако Либија го побара тоа.
„Ова е многу слично со приказните за духови. Ако верувате во духови, ќе видите дух, но никогаш нема да можете да го допрете. Ова е приказна што се врти многу, многу години“, рече Сисулу на прес-конференција на владејачкиот Африкански национален конгрес во неделата.
Либиските власти побараа од јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса да му ги врати милионите на Гадафи, објави викендов локалниот весник „Сандеј тајмс“. Пленот, кој се проценува дека вреди 23 милиони долари, наводно Гадафи му го предал на чување пред смртта на тогашниот јужноафрикански претседател Џејкоб Зума, кој го чувал скриен во бункер под својата фарма во источниот дел на земјата.
Зума се спротивстави на воената интервенција предводена од НАТО во Либија во 2011 година за време на граѓанската војна, што на крајот доведе до соборување и убивање на Гадафи. Тој го посочи покојниот либиски лидер како брат и наводно му понудил азил во Јужна Африка, но тој го одбил.
Либиската влада верува дека Зума, кој се соочува со повеќе обвиненија за корупција, измама и за перење пари, претходно годинава го префрлил пленот во Есватини, мало кралство опкружено од сите три страни од Јужна Африка, порано познато како Свазиленд.
Кралот Мсвати Трети првично го негира постоењето на парите, но јужноафриканските новинари тврдат дека тој минатата недела признал во Рамафоса дека парите сè уште се во земјата.
Владата на Есватини соопшти дека чека повеќе докази за да ги поддржи тврдењата, а опозициската Демократска алијанса на Јужна Африка побарала Сирил Рамафоса да ја расјасни својата улога во оваа приказна.
„Потполно е неприфатливо Зума да остане на слобода бидејќи му помогнал на покојниот диктатор од Северна Африка и НПА мора бргу да дејствува за да ја утврди точноста на овие извештаи“, се вели во изјавата на партијата.
Ова не е првпат властите на Либија да тврдат дека Гадафи ги изнел парите од земјата и ги префрлил во Јужна Африка. Во 2013 година, тогашниот министер за финансии, Правин Гордан, се согласи да врати средства во износ од една милијарда долари во тоа време.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Туск: Полска е премногу силна
Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека Русија се обидува да ја дестабилизира Полска бидејќи, како што процени, Варшава денес претставува „премногу силна држава“ за да биде директно нападната. Неговата изјава ја пренесува веб-страницата Lidovky.cz.
„Русија сака да нè ослабне по секоја цена, бидејќи денес Полска е премногу силна за да ја нападне директно“, рече Туск, додавајќи дека, според него, стратегијата на Москва е јасна и насочена кон внатрешен раздор.
Според Туск, целта на Москва е „да ја подели Полска со Европа, со Украина и пред сè – да ги натера Полјаците да се караат едни со други“, според написите.
Фото: принтскрин
Свет
Претставници на ЕУ: Трамп доби часовник и златна прачка за да ги намали царините за Швајцарија
Функционери на Европската Унија и Швајцарија денес оценија дека подароците што група швајцарски милијардери му ги дале на американскиот претседател Доналд Трамп, вклучувајќи златен часовник „Ролекс“ и гравирана златна прачка во вредност од 130.000 долари (околу 113.000 евра), биле „непочитувачки“ и дека биле дадени за Швајцарија да добие намалување на царините од Соединетите Американски Држави.
Италијанскиот член на Европскиот парламент, Пасквале Тридико, изјави дека е „згрозен“ од скапите подароци, кои биле дадени неколку недели пред Трамп да одлучи да ги намали царините од 39 проценти за швајцарскиот увоз на 15 проценти, објави „Гардијан“.
„Ова е навистина ужасно“, рече Тридико, наведувајќи дека се чини дека станува збор за „претворање на надворешната политика во политика на поединци“.
Фото: принтскрин
Свет
Медведчук: Украина не е во можност да ги исполни американските услови за мир
Властите на Украина не се во можност да ги исполнат барањата на САД во врска со мирно решавање на конфликтот, бидејќи тие подразбираат целосна промена на владата и државната идеологија – нешто што во моментов нема никој во Украина да го обезбеди, а сегашниот режим сака да владее со земјата до бесконечност, изјави претседателот на советот на движењето „Втора Украина“, Виктор Медведчук, пренесува РИА Новости.
„Токму оние точки од планот што стигнаа до медиумите не подразбираат отстапки, туку радикална промена во надворешната и внатрешната политика на Украина. Тоа е целосно ресетирање на владата и државната идеологија. Нема никој што ќе обезбеди таков пресврт во Украина на Владимир Зеленски денес: оние што можеа да го обезбедат тоа беа протерани, уапсени или убиени. Нема враќање назад“, рече Медведчук во соопштение објавено на веб-страницата на движењето „Втора Украина“.
Тој истакна дека постојат барања од Вашингтон што сегашното украинско раководство едноставно не е во можност да ги исполни.
„Не затоа што овие барања се лоши или неправедни, туку затоа што администрацијата на концентрациониот логор не е во состојба да обезбеди демократски промени. Исто така, постои и раководство на земјата кое сака да владее со неа бесконечно, без да се осврнува на законите, правата и слободите на граѓаните“, додаде Медведчук.
Според него, мирот не е прифатлив за Зеленски во никаква форма.
„Ако нелегитимното лице воопшто попушти во нешто, тоа е пресуда за неговата криминална политика. Затоа ќе се врти како вошка на чешел, но нема да се согласи со ништо“, рече Медведчук.
Според весникот „Фајненшл тајмс“, планот предложен од САД подразбира намалување на американската воена помош за Киев, признавање на официјалниот статус на канонската Украинска православна црква и прогласување на рускиот јазик за државен јазик во Украина, така што Киев ќе ја прифати реалноста, односно дека Донбас е дел од Русија, како и намалување на украинските вооружени сили.
Планот вклучува и забрана за распоредување на странски трупи на украинска територија и забрана за испорака на оружје со долг дострел во Киев. Како што објави порталот „Аксиос“, планот подразбира дека САД и другите земји ги признаваат Крим и Донбас како легитимни руски територии.
Фото: принтскрин

