Контакт

Економија

Николовски: Работиме на долгорочна стратегија за земјоделството

Објавено пред

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, присуствуваше на годишното собрание на Националната федерација на фармери. Николовски во своето обраќање ги презентира мерките од новите програми за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, како и идните политики на кои ќе работи Министерството.

dobivaj vesti na viber

Воедно, посочи дека отворената комуникација и директните средби со земјоделците и земјоделските здруженија се важни за креирање соодветни мерки за развој на земјоделството и нивна ефикасна имплементација. Националната федерација на фармери како економско-социјален партнер на МЗШВ е член на потсекторските групи во рамките на МЗШВ и како таква активно учествува во подготвка на годишните програми и политиките за развој на земјоделството.

„Земјоделството е значаен сектор за македонската економија, учествува со речиси 10 отсто во домашниот бруто-производ и со голем процент на ангажираност на работна сила, но се соочува со сериозни предизвици поради што посветено работиме на вклучување на сите фактори заради креирање соодветни политики. Се надевам дека во рамките на потсекторските групи во склоп на МЗШВ заедно со социјално-економските партнери и со професорите ќе креираме соодвтени мерки и стартегии за развој на земјоделството. Имаме уште многу работа, ова е само почеток и ова е само трасирање на патот на стабилизирање на земјоделството. Пред нас е макотрпна заедничка работа за која сум убеден дека во периодот што ќе следува ќе даде позитивни показатели и дека земјоделството ќе биде стожер на нашата економија“, изјави министерот Николовски.

Тој додаде дека се преземаат активности во делот на изградба на откупно-дистрибутивни центри на кои заеднички се работи со Факулетот за земјоделски науки и храна. Во текот на мај Факултетот ќе ја презентира стратегијата за откупно-дистрибутивните центри, која ќе даде точни податоци во кој регион што треба да се прави во однос на откупните центри. До крајот на годината Светската банка ќе обезбеди 20 милиони евра исто така за проектите за откупно-дистрибутивни центри. Овие активности, како што потенцира Николовски, се важни за обезбедување сигурен пласман на земјоделските производи и решавање на вишоците производи.

 

Економија

Од полноќ нови цени на горивата

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,70 % во однос на одлуката од 29.4.2024 година.

dobivaj vesti na viber

Од 8.5.2024 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 86,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 88,00 (денари/литар)

Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 74,50 (денари/литар)

Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 74,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС – 45,832 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕВРОСУПЕР БС-95 и ЕВРОСУПЕР БС-98 и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.

Малопродажната цена на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) се намалува 1,00 денар/л.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 0,829 денари/кг и сега ќе изнесува 45,832 денари/кг.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 2,438 %, кај дизелот 2,100 %, кај екстра-лесното масло 2,605 % и кај мазутот намалувањето е 1,907 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,407 %.

Прикажи повеќе...

Економија

Хрватска е привлечна за балканските работници поради платата, станува збор за многу пари

Објавено пред

„Сезоната за извоз на работна сила практично започна веќе во април, поточно за келнери, готвачи и други работници во угостителството и туристичката индустрија“, пишува српски Блиц во текстот со наслов „На нашите градилишта пристигнуваат работници од Турција и Кина, а нашите келнери и готвачи масовно бегаат кон Јадранот“.

dobivaj vesti na viber

Милош Турински од локалната ПР Инфостуд, најголемата српска база на податоци за наоѓање работа, за споменатиот медиум изјави дека Црна Гора ги објавила првите огласи за овие работници уште во јануари, а потоа Словенија и Хрватска, па веќе пристигнале голем број работници од Србија на Јадранот, каде подготовките за новата летна сезона траат веќе подолго време.

„Ова е тренд на кој сме сведоци со години, додека, од друга страна, самата Србија се бори да најде работници во угостителството поради големиот дефицит. Проблемот само ќе се зголемува како што се загрева летната туристичка сезона на Јадранскиот брег“, вели Турински.

Според бројот на ангажирани работници од Србија на сезонски работни места во овој сектор, Хрватска е број еден, истакнуваат оттаму. Следуваат Словенија и Црна Гора.

„Хрватска е најпривлечна за српските работници поради многуте деловни можности и платата што можат да ја заработат. Тоа се многу пари, бидејќи најмногу им се плаќа за сместување и неколку оброци дневно. Од друга страна, навистина има многу работа на хрватското приморје, често без слободни денови во неделата, но нашите луѓе се свесни дека по летото можат да се вратат со висока заработка. Во Словенија и Црна Гора заработувачката за овие работни места е нешто помала, но сепак е на солидно ниво“, објаснува Милош Турински.

Турински за Блиц изјави и дека келнерите вработени во некои од одморалиштата во Хрватска можат да заработуваат од 1.500 до 2.000 евра месечно, додека платите на многу бараните готвачи се и до 3.000 евра месечно. Помошниците во кујна се платени од 800 до 1000 евра.

„Покрај угостителските работници, во Хрватска многу се бараат и работници за други работни места во туризмот, така што чистачките и собарките можат да заработат по 1.000 евра месечно. Оваа плата ја добиваат и хостесите кои работат на промоција на разни ресторани и други угостителски објекти“, вели Турински.

Кога станува збор за увозот на работници во Србија, тој и годинава ќе биде доминантен во градежната индустрија каде недостигот од домашна работна сила го покриваат градежниците од азиските земји, се вели во написот. Станува збор за претежно квалификувани работници кои се стручни за извршување на овие работни места.

„Сега започнува интензивната сезона во земјоделството и во таа стопанска гранка, како и претходните години, може да очекуваме и големи проблеми поради недостиг на луѓе. Поради ова се очекува многумина да ангажираат странски работници кои доаѓаат од земји во Азија и Африка“, објави српската ПР Инфостуд.

Пораснаа дневниците за работниците во земјоделството, па може да очекуваат дневна плата од 50 евра доколку не се вклучени превозот и оброците.

Прикажи повеќе...

Економија

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност направи измени на тарифникот, Предлог-одлуката е доставена до Владата

Објавено пред

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност денеска одржа нова седница на која ја разгледа Анализата за оправданоста и исправноста на донесените одлуки на друштвата за осигурување, подготвена и доставена до Комисијата од страна на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, како регулатор на работењето на осигурителниот пазар.

dobivaj vesti na viber

По разгледување на Анализата, а врз основа на наодите, Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност одржа седница и утврди потреба од измени на Тарифата за премии за осигурување и подготви Предлог-измени и дополнувања на Тарифата на премии со кои се доуредува член 3 во насока на заштита на корисниците, извести Министерството за финансии.

Предложените измени се насока на утврдување на опсег од 15% до 30% во кој друштвата за осигурување можат да го определат делот на премијата за вршење дејност на осигурување од автомобилска одговорност, а за секој износ на овие трошоци над 30% да побараат претходна согласност од Агенцијата за супервизија на осигурување. Ова значи враќање на цената на осигурувањето од автоодговорност на ниво од пред 25 април 2024 година.

Дополнително беше утврдено дека Комисијата најдоцна до 30 септември секоја година до Владата да доставува предлог за минимална и максимална стапка на техничка премија за осигурување за следната година.

Одлуката за донесување нова тарифа се заснова на Анализата на АСО со која се укажува дека на 23.04.2024 година, 11 друштва за осигурување кои вршат работи на осигурување во групата на неживотно осигурување доставиле известувања до Агенцијата за супервизија на осигурување за донесени одлуки на нивните органи на управување за зголемување на премиите за задолжително осигурување од АО, при што се повикуваат на одредбите од Тарифата на премии за осигурување од АО, објавена во „Службен весник на РМ“ бр. 191/2018, според кои одредби имаат можност самостојно да одлучат за висината на делот од премијата за спроведување на дејноста, односно т.н режиски додаток при одредувањето на крајната премија по договор за осигурување (член 3 од Тарифата). Притоа известувањата на друштвата до АСО не содржат финансиски анализи за изминати периоди, ниту пак конкретни проекции за очекуван развој на ризиците кои ги преземаат во осигурување. Единствен аргумент на кој се повикуваат друштвата за осигурување се растечките трошоци од работење, кои не се непосредно поврзани со настанување на ризиците, односно со настанатите и очекуваните штети, соопшти Министерството за финансии.

Дополнително, ставот на Комисијата е поткрепен со мислењето на АСО како регулатор дека ваквото постапување на Друштвата за осигурување влијае врз стабилноста, сигурноста и предвидливоста на функционирање на целиот систем на осигурување во насока на штета на осигурениците, односно сопствениците на моторни возила.

Предлог-одлуката што ја усвои Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност на денешната седница е доставена на усвојување до Владата на РС Македонија.

Состојбите на пазарот ќе се следат и во наредниот период и ќе се преземаат соодветни одлуки, врз основа на анализи и во еден отворен и транспарентен процес. Во врска со донесените одлуки од страна на осигурителните компании за зголемување на висината на бруто-премијата за осигурување од автомобилска одговорност во втората половина од април 2024 година, Министерството за финансии ја свика Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност која одржа седници на 26, 29 и 30 април и 02 мај 2024 година со цел да ги разгледа сите аспекти од носењето на овие одлуки, се додава во соопштението на Министерството за финансии.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

За Бојмацалиев, полицијата е модерна и европска, Тошковски, пак, шокиран од недостоинствените услови во кои работат

Со свеченост во паркот кај авионот во скопско Ново Лисиче денес беше одбележан Денот на полицијата, 7 Мај. Техничкиот министер...

Економија2 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија4 часа

Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Зоран Милевски-Кичеец го пријавил Бојан Јоавновски-Боки 13 во полицијата. Ова се однесува на статусот што Јовановски го објави вчера, а...

Топ6 часа

Тешка сообраќајна несреќа кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на булеварот Партизански одреди во скопската населба Влае. Во несреќата учествуваа две возила, од...

Свет6 часа

Израел: Ја презедовме контролата на преминот Рафа, специјалните сили на терен

Израелската армија утринава соопшти дека ја презела оперативната контрола на палестинската страна на јужниот граничен премин Рафа во Газа, кој...

Македонија6 часа

На ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Денес своето право на глас први ќе го остварат болните и изнемоштените лица, како и затворениците во казено-поправните домови во...

Македонија7 часа

Акредитирани 1.078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите

За вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори на 8 мај акредитирани се вкупно 1999 набљудувачи, преведувачи и странски...

Македонија7 часа

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Потоа од среда...

Македонија17 часа

МВР: Во Чашка приведени две лица поради сомнеж за изборен поткуп – фатени се со пиштоли, списоци и пари

Денеска во 15.20 часот полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го приведоа И.И.(52) од село Мелница,...

Македонија21 час

Од полноќ почнува изборниот молк

На полноќ почнува изборниот молк пред парламентарните и вториот круг од претседателските избори, кои ќе се одржат в среда. Изборниот...

Топ22 часа

Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат

Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит...

Топ22 часа

Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница

Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово. Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во...

Свет22 часа

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Италијанскиот министер за одбрана изјави денеска дека економските санкции наметнати на Русија не успеале и го повика Западот да направи...

Свет1 ден

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

  Владимир Путин му наредил на Генералштабот да се подготви за вежби за употреба на нестратешко нуклеарно оружје, соопшти Министерството...

Македонија1 ден

Возач загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, повредени жена и две деца

Триесет и деветгодишен маж загина, а три други лица, од кои две малолетни, се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа...

Македонија1 ден

Битиќи на велигденски јајца кај Спасовски кој му посака здравје низ целата година

Вицепремиерот Фатмир Битиќи бил на гости дома кај екс министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по повод празникот Велигден. „На...

Македонија1 ден

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Охридската гимназија, цела година е со раскопан двор. Учениците се заложници на неспособната локална власт, предводена од ДПМНЕ. Парите на...

Македонија1 ден

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

На полноќ завршуваат кампањите за вториот круг од претседателските избори и за парламентарните. Кампањата за претседателските избори започна веднаш по...

Свет1 ден

Израел почна да ги евакуира палестинските цивили од Рафа

Израелските вооружени сили почнаа да ги евакуираат палестинските цивили од Рафа пред заканувачкиот напад врз тој град на југот на...

Свет1 ден

Во Северна Кореја за првпат оваа година се положи заклетва на лојалност за роденденот на Ким Џонг Ун

За прв пат откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја презеде власта во 2011 година, од севернокорејските граѓани беше побарано...