Забава
(Видео) Блиска средба на шумар со мечка и две мечиња на Јадранот
Шумарот Зоран имал несекојдневна случка деновиве кога враќајќи се од работа, кај хрватскиот град Нови Винодолски забележал мечка и две мали мечиња на патот. Тој веќе две години работел како шумар во овој приморски град на Јадранот, но вели дека досега немал толку интересно доживување.

„Возев полека речиси еден и пол килемтар зад нив чекајќи мечката да ги тргне мечињата од патот за да поминам“, раскажува шумарот Зоран Турк за хрватските медиуми.
Тој завчера околу 13 часот во шумата кај Нови Винодолски имал блиска средба со мечката и нејзините младенчиња.

„Се враќав од работа и слегов по патот во шумската област наречена Рушица. Таму налетав на мајка мечка и нејзините две мали младенчиња, кои одеа по патот. Мечињата беа многу мали и сè уште тешко се движеа по патот, а мајка им внимателно ги чуваше“, вели Зоран. Тој полека возел зад нив за да не ги исплаши, особено затоа што мајката е многу заштитнички настоена кон младите.
„Во спротивно, може да бидат многу агресивни ако почувствуваат и најмала опасност бидејќи, дури и покрај тоа што имаат слаб вид, имаат многу добар слух и мирис“, објаснува шумарот. Мечињата набргу почувствувале замор и нозете не ги држеле и не можеле да ја следат мајка си.
Pozirali po šumi: Medvjedica s mladuncima šetala po cesti kod Novog Vinodolskog
Pozirali po šumi: Medvjedica s mladuncima šetala po cesti kod Novog VinodolskogViše na http://bit.ly/2UJwYZN
Gepostet von 24sata am Dienstag, 9. April 2019
„Кога мечката забележа дека мечињата се уморни од одење, едно по едно, нежно со устата ги фати за вратот и ги пренесе во шумата, каде што се изгубија во дрвјата. Не можев да поверувам како мечката се грижи за младенчињата“, раскажува Зоран.

Младенчињата својата прва и втора година од животот ја поминуваат заедно со мајка си додека не се осамостојат. Со доаѓањето на пролетта тие потоа почнуваат самостоен живот.
„Јас работам веќе две години како шумар во Шумарство ‘Нови Винодолски’, во оваа област Вучјак, и ова е првпат да видам мечка со мечиња. Мечката многу почесто може да се забележи во континенталниот дел. Бев многу изненаден, беше убава и ретка сцена што требаше да ја снимам“, изјави Зоран.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

