Забава
Јапонскиот цар и царицата слават 60 години брак

Јапонскиот цар Акихито и царицата Мишико денес ја прославуваат својата дијамантска 60-годишнина од бракот, кој помогна во модернизацијата на монархијата стара 1.500 години.
„Шеесет години голема меѓусебна поддршка“, напиша бизнис-весникот „Никеи“ во текстот за нивниот брак, со фотографија на Мишико (84) која мирно му помага на Акихито кога тој ги измешал страниците на својот говор на неодамнешната церемонија.
Тие се сретнаа во 1957 година на тениски турнир, а се венчаа во 1959 година, со што стана првиот иден јапонски император што се оженил со жена што немала благородничко потекло плус Мишико имала католичко образование.
Нивниот брак поттикна надеж дека Мишико, темпераментна ќерка на богат бизнисмен, ќе го модернизира јапонскиот двор цврсто врзан за традицијата, потсетува „Ројтерс“.
На многу начини Мишико едноставно го стори тоа. Таа сама ги подигнала своите два сина и ќерка, ги учела дури и да ја пакуваат ужината за училиште. Дотогаш, традиционално, децата на монархот беа воспитувани од дадилки и слуги.
Таа исто така презеде водечка улога во јавниот контакт со обичните луѓе, вклучувајќи и постари лица, лицата со хендикеп и жртвите на катастрофи, често наведнувајќи се и клекнувајќи за да ги прегрне и да разговара со луѓето. Овие потези ги шокираа конзервативците, но придонесоа за нејзината популарност во пошироката јавност, објави агенцијата.
Царот Акихито (85) ќе абдицира на 30 април и следниот ден ќе го предаде престолот на неговиот постар син, принцот Нарухито.
Во август 2016 година тој изрази желба да абдицира поради возраста. Јапонскиот парламент го усвои новиот закон, со кој се дозволува царот да абдицира во корист на својот син.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Оваа сезона е незамислива без нив: какви чизми ќе носиме?

Есента е пред врата и време е за нови модни трендови, а меѓу носителите на есенските (и зимските) комбинации се добрите чизми кои одамна станаа моден симбол.
Неопходен дел од обувките во месеците што доаѓаат се, погодивте, чизмите. Добри стари чизми кои ги наоѓаме во безброј варијации и кои ги комбинираме на милион начини, а секогаш изгледаат елегантно и лежерно и, едноставно, неодоливо. И не е толку важно дали се стари или според најновата мода, тие секогаш се „ин“.
Есента е пред нас, а потоа и зимата, па веќе многу размислуваме за купување нов пар ако сакаме да бидеме во тренд или да ги извлечеме оние омилени парчиња од кои нема да се откажеме ниту оваа година.
Чизмите добија статус на модно парче совршено и за потоплите и за постудените денови – сè што е потребно е малку креативност и модна храброст.
Можете да ги комбинирате со капри панталони, хеланки, здолништа, фустани, шорцеви, мини здолништа… Има многу идеи, а добро осмислените комбинации дефинитивно ќе ве издвојат.
Влијателните личности веќе позираат во своите омилени чизми, комбинирајќи ги на различни начини.
Можеби ќе најдете инспирација за првите постудени денови што нè очекуваат…
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Смело издание со нова фризура: Рита Ора една од ѕвездите на Еми наградите

Пејачката Рита Ора беше една од ѕвездите кои се појавија на доделувањето на наградите Еми.
Таа дојде со својот партнер, а двојката се обиде да ја забавува публиката и да привлече внимание низ целиот црвен тепих. Тие успеаја во тоа главно поради изгледот на Рита, но и нејзината нова боја на косата откако пејачката стана русокоса.
Овој пат, Рита не беше толку провокативна како што е вообичаено, но ако им верувате на коментарите, таа не импресионираше со изборот на фустан.
Лесен долг фустан на преклоп со голем прорез што ги откриваше нејзините нозе беше нејзин избор, но еден детаљ привлече малку повеќе внимание.
Поради дизајнот на фустанот и длабокото деколте, пејачката не можеше да носи градник, па сите очи беа насочени кон нејзините гради.
Уште едно во низата заводливи изданија, Рита го заокружи својот изглед со едноставни сандали и уживаше позирајќи за публиката.
Во еден момент, Кејт Бланшет им се придружи на црвениот тепих, со која исто така позираа и создадоа одлична атмосфера.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Доделувањето на наградите „Еми“ беше одбележано со една фризура: сега е вистински моден хит

Парадата на познати ѕвезди во Лос Анџелес на 77-то доделување на наградите Еми донесе нови/стари модни трендови. Сепак, еден тренд во областа на фризурите ги засени сите други.
Залижаната опашка беше ѕвезда на вечерта. Според „Мари Клер“, иако беа забележливи и други трендови, како што се враќањето на разделената коса на страна и класичните црвени усни, опашката, сепак, беше апсолутен фаворит на вечерта кога станува збор за женските фризури.
Ѕвезди кои го избраа овој тип фризура
Пејачката и актерка Селена Гомез го претвори својот долг боб во совршено залижана опашка со малку свиткани краеви во препознатлив стил на Барби.
Сличен впечаток остави и Елизабет Бенкс, која избра екстремно долга и висока опашка украсена со платински прамени.
Покрај Селена и Елизабет, овој тренд го прифатија и Кристин Бел и Брит Лавер, докажувајќи дека високата опашка е непогрешлив избор за свечени пригоди.
Како да се постигне совршен изглед?
Клучот за постигнување на совршено собрана коњска опашка е да ја подготвите косата и да ги користите вистинските производи. Првиот чекор е да ја исушите со фен за да создадете мазна основа, а потоа да користите пегла за да додадете сјај.
Откако косата ќе биде стилизирана, се измазнува со производи за стилизирање – како гел или восок – за да се задржат прамените на место. Конечно, се запечатува со лак за коса за да се одржи изгледот во текот на целата вечер.
фото: принтскрин