Свет
Нов прекин во снабдувањето со струја ја остави Венецуела во темнина
Венецуела доживеа уште еден масовен прекин на електричната енергија, при што Каракас и другите области во земјата останаа во темнина пред полноќ во вторникот, пренесува РТ. Прекинот во електричната енергија почнал околу 23.20 часот и оставил во темнина најмалку 18 од 23 држави во Венецуела.
Градоначалничката на општина Боливаријан Либертадор, Ерика Фаријас Пења, напиша на „Твитер“: „Во овој миг се забележува нов удар врз електричната мрежа не само во Каракас туку и во разни региони на земјата. Првиот повик е за смирување… челични нерви“.
Меѓутоа, во рок од неколку минути се појавија извештаи дека струјата почнува постепено да се враќа. Член на Обединетата социјалистичка партија на Венецуела (ПСУВ) рече дека работниците во областите за сервисирање работат на решавање на проблрмот и дека болниците имаат алтернативни системи за електрична енергија, објави „Телезур“.
Целосниот прекин во снабдувањето со струја доаѓа откако земјата минатиот месец претрпе серија падови во мрежата вклучувајќи го и масовното затемнување на 7 март, што траеше пет дена и го наруши функционирањето на земјата бидејќи беа погодени интернетот, телефонските линии, снабдувањето со вода и услугите за јавен превоз.
Претседателот Николас Мадуро изјави дека прекинот во снабдувањето со струја е дело на опозицијата на Венецуела со помош од САД во обид да ја саботираат владата. Опозицијата, пак, тврди дека проблемот е резултат на недостигот од одржување.
Како одговор на прекините Мадуро спроведе план за рационализација на електричната енергија за стабилизирање на електроенергетскиот систем.
„Ел Мерсио“ објави дека лидерот на опозицијата, Хуан Гваидо, за денеска побарал протести против колапсот во основните услуги пред да се случи затемнувањето.
Во март во Венецуела веќе имаше неколку големи прекини во снабдувањето со струја поради што властите ги обвинија САД за напади врз венецуелската електроенергетска мрежа. Мадуро особено спомена електромагнетни напади на далноводите.
Вашингтон негира каква било вмешаност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

