Свет
Европската комисија подготвена за брегзит без договор по разговорите Меј-Меркел

Европската Унија е подготвена и не се плаши од брегзит без договор, изјави портпаролот на Европската комисија, Маргаритис Шинас, на дневниот брифинг во средата пред итниот самит за брегзит на лидерите на ЕУ, пренесува „Спутник“ .
„Иако повлекувањето без договор ќе предизвика нарушување и не е пожелно, ЕУ е целосно подготвена за тоа. Ова не е посакуваниот исход, но не се плашиме од тоа. Подготвени сме“, рече Шинас.
Официјалните претставници на ЕУ размислуваа да го продолжат британското повлекување од ЕУ до 30 март 2020 година, а 27 амбасадори од земјите членки на ЕУ го подготвија лидерскиот самит за да разговараат за ова прашање и да постигнат заклучок.
Британската премиерка Тереза Меј беше во Берлин и во Париз во вторникот за да се сретне со германската канцеларка, Ангела Меркел, и со францускиот претседател Емануел Макрон и да побара натамошно пролонгирање на крајниот рок за брегзит од 12 на 30 јуни.
Веста следуваше по изјавата од ЕК, во која се вели дека таа продолжува да ги поддржува администрациите во нивните подготовки и ги повикува сите граѓани и бизниси од ЕУ да продолжат да се информираат за последиците од можното сценарио за брегзит без договор и да ги завршат своите подготовки за такво сценарио.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
„Би-Би-Си“: Израелските напади врз иранските нуклеарни постројки нема да предизвикаат нов Чернобил

Нападите врз иранските капацитети за збогатување ураниум, како оној во Натанц, не носат ризик од нуклеарна катастрофа од размерите на Чернобил или Фукушима, објави „Би-Би-Си“, повикувајќи се на проценки на нуклеарни експерти.
Според Би-Би-Си, цел биле објекти за збогатување ураниум, а не активни реактори каде што се случува нуклеарна фисија. Токму поради ова, опасноста од ширење на радиоактивноста е минимална.
„Нема нуклеарна реакција во постројката за збогатување ураниум, за разлика од нуклеарната централа“, објаснува за Би-би-си Симон Мидлбург, експерт за нуклеарни материјали од Универзитетот Бангор. Во електраната се одвива контролирана фисија – разделување на атомите на ураниум – што создава топлина, како и високо радиоактивен отпад.
Во збогатувањето ураниум, напротив, постројките произведуваат само гориво – не се случува нуклеарна реакција.
Честичките на ураниум може да завршат во околината, но нема да има експлозија
Ако таков објект се бомбардира, вели Мидлбург, честичките на ураниум во процесот на збогатување би можеле да бидат ослободени во животната средина, но нема да има нуклеарна експлозија или раширена радијација.
„Опасноста ќе остане локализирана, без радиолошки ризик надвор од помалата зона околу погодениот објект“, рече Мидлбург.
Би-Би-Си потсетува дека синоќа израелските сили извршија нови напади врз објекти во Натанц. Засега нема информации за истекување на радиоактивен материјал.
Свет
(Видео) Ракетата „Спејс Икс“ на Илон Маск експлодира за време на тестирањето

Ракетата на компанијата „Спејс икс“ која беше тестирана во Тексас експлодира, а извршниот директор Илон Маск објавил дека нема опасност во безбедносната зона околу таа локација.
Компанијата денеска соопшти дека тоа се случило додека леталото се подготвувало за својот десетти пробен лет на лансирањето во јужен Тексас.
Holy cow Starship pic.twitter.com/ch2R88wzs3
— Chris Combs (iterative design enjoyer) (@DrChrisCombs) June 19, 2025
„За време на целата операција, се одржуваше безбедносна зона околу локацијата и целиот персонал е безбеден“, соопшти „Спејс Икс“ на социјалните мрежи.
Тие побараа од луѓето да не се обидуваат да се приближат до локацијата.
Компанијата најави и дека соработува со локалните власти.
Свет
Израел: Ќе ги засилиме нападите врз Иран

Министерот за надворешни работи на Израел, Израел Кац изјави дека земјата ќе го зголеми интензитетот на нападите врз стратешките цели во Иран, вклучително и оние во главниот град Техеран.
Најавата доаѓа по израелскиот ракетен напад врз нуклеарниот реактор во Арак и иранскиот напад врз болницата Сорока во јужен Израел.
„Премиерот и јас дадовме наредба на ИДФ да го зголеми интензитетот на нападите врз стратешките цели во Иран и врз владините цели во Техеран, со цел да се елиминираат заканите за државата Израел и да се поткопа режимот на ајатолахот“, рече Кац на социјалната мрежа „Икс“.
Нападот на болницата предизвика низа реакции во израелската политичка елита, нагласувајќи дека станува збор за цивилен објект. Од друга страна, иранските државни медиуми тврдат дека целта била воена база на израелската армија која се наоѓа во непосредна близина на болницата.