Економија
Новиот Transporter 6.1 дебитира на најголемиот светски саем за градежни машини и апарати

- Транспортер 6.1 претставен на „Bauma 2019“ како панел ван и пикап со двојна кабина
- Со новата палета на иновативни системи за помош на возачот, Transporter 6.1 е побезбеден и полесен за возење од кога било досега
- Нови решенија, како што е специјална функција за товарење на долг товар
- Многу подобрена стандардна спецификација со аудио систем, вклучувајќи и Bluetooth-hands-free подготовка
По светската премиера на Multivan 6.1 во февруари, Volkswagen Комерцијални возила го претставија новиот Transporter 6.1 во Минхен. Дебито на овој бестселер на комерцијалните возила, кој во инженерски поглед е во голема мера редизајнирана, не може да биде подобар: „Bauma 2019“. Се смета за најголемиот светски саем за градежни машини и апарати од секаков вид.
Новиот Transporter 6.1 дебитира во Минхен со исклучителни варијанти на возилото: панел комби, стандардно комби и како комби со единечна или двојна кабина. Со ваква разновидност, Volkswagen Комерцијални возила нуди совршено возило за секоја намена и со тоа решение за секој поединечен транспортен предизвик во овој сектор.
Додадена безбедност од новите системи за помош на возачот
Volkswagen Комерцијални возила смело го избраа суфиксот 6.1 за ова далекусежно ажурирање на шестата генерација на Transporter. Тоа е затоа што техничките промени кои се имплементирани го унапредуваат моделот многу повеќе од обичен редизајн. Пример за ова се гледа во преминот од хидрауличен во електромеханички механизам за серво управување – замената на системот е толку сложена што вообичаено се случува во рамките на производна линија само кога се развива целосно нова генерација. Како резултат на електромеханичкото управување, во линијата на производот се воведува нов спектар на системи за помош при возењето, а со тоа и значително зголемување на безбедноста и леснотијата на користење. Новите системи за помош вклучуваат технологии како што се Lane Assist (активно го задржува возилото во својата лента), Помош за паркирање (овозможува паркирање со автоматско управување), странична заштита (предупредува за опасност и близина до пречки или пешаци), сигнализација за заден сообраќај и Trailer Assist (систем за автоматско маневрирање и управување на приколка). Опсегот на нови системи се надополнува со динамична функција за прикажување на патна сигнализација (достапна во комбинација со систем за навигација). Друга стандардна карактеристика на панел ван и комби е новиот систем за помош на страничен ветер. Тоа го стабилизира Transporter 6.1 доколку се изложи на силен страничен ветер, на пример на мост. Исто така опремен како стандард: систем за сопирање при судир и помош при тргнување на угорнина.
Совршените детали ја поедноставуваат секојдневната работа
Освен тоа, секојдневната работа со Transporter 6.1 е значително подобрена со целосно нови функции во редизајнираната кабина. Тие вклучуваат 230 волтен електричен приклучок од страна на возачкото седиште и оддел кој може да се заклучи под двојната клупа на совозачката страна. Покрај тоа, е измислен нов начин за вметнување на долгите предмети во товарниот простор; сега тие можат да се туркаат под двојната клупа на совозачката страна (функција за полнење на седиштето). Ова ја зголемува максималната должина на товарниот простор од 2.450 mm до 2.800 mm и со продолжено меѓуоскино растојание од 2.900 mm до 3.300 mm. Транспортер 6.1 исто така е опремен со посебен систем за заклучување на товарниот простор како стандард (панел ван и комби со преграда). Ова овозможува товарниот простор да се заклучи одвоено од кабината. Опција 1: Само товарниот простор е заклучен (режим „Поштар“) Опција 2: Само кабината е заклучена (режим „Работилница“).
Додадена вредност од зголемена стандардна спецификација
Стандардната спецификација на Transporter 6.1 е значително зголемена. Додадени како нови функции на сите верзии се електричните прозорци, централната брава, електричните прилагодливи странични ретровизори, новите H7 фарови, светлa, енергетски ефикасни внатрешни светла со користење на енергетски ефикасна LED технологија и радио системот на Composition Audio со функција за Bluetooth hands-free.
Кокпит за поврзаниот свет на денешницата и иднината
Volkswagen Комерцијални возила систематски го прилагодиле работниот простор во Transporter 6.1 кон барањата на дигиталниот свет. Сега достапна како опција е третата генерација на модуларен инфозабавен матрикс (MIB3). Неговите нови системи овозможуваат користење на сосема нови апликации и онлајн услуги. Најважната карактеристика на архитектурата на електричниот систем на новото возило е вградената SIM картичка (eSIM). Овој eSIM отвора нов спектар на веб-базирани функции и услуги.
Ефикасни дизел мотори со моќност од 90 до 199 КС
Транспортер 6.1 е лансиран со ефикасни 2.0-литарски турбо дизел мотори. Моторот 2.0 TDI испорачува 66 kW / 90 КС, 81 kW / 110 КС, 110 kW / 150 КС и 146 kW / 199 КС, соодветно. Сите тие го исполнуваат стандардот за емисии Euro-6d-TEMP. Моделите од 110 kW и 146 kW опционално ќе бидат достапни со погон на сите тркала (4MOTION). Врз основа на партнерство со ABT, Transporter 6.1 исто така ќе биде понуден како возило со нула емисија (82 kW / 112 КС) со носивост од речиси 1.2 тони. Капацитетите на батериите до 77,6 kWh овозможуваат возење од повеќе од 400 км (NEDC) – со што електричните верзии се идеални за комерцијална употреба во урбаниот свет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Концесијата за „Пискупштина“ во Струга еднострано раскината

На последната седница, Владата, на предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, еднострано ја раскина концесијата за рудникот за експлоатација на јаглен на локалитетот „Пискупштина“ во Струга. Истовремено, констатиран е престанок на важењето на уште четири концесии кои се истечени.
Од Министерството информираат дека одлуките следат по сериозни пропусти на концесионерите во исполнувањето на законските обврски.
Во случајот „Пискупштина“, инспекцискиот надзор утврди дека концесионерот вршел експлоатација надвор од дозволеното поле, што претставува директно прекршување на договорот и законот. Жалбите од жителите на селото Пискупштина доведоа до детален инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторат за енергетика и рударство, кој ја потврди неправилноста.
Ова е втора еднострана раскината концесија за само неколку недели. Претходно беше донесена одлука и за раскин на концесијата за експлоатација на варовникот „Лавинчеви“ во Општина Гази Баба.
Компанијата не обезбедила минимална експлоатација од 20% – односно 25.000 тони годишно – и за три години практично нема активност, а не е исплатен ниту концесиски надоместок. Долгогодишниот прекин на активностите и непочитувањето на законските обврски беа потврдени со вонреден инспекциски надзор.
„Министерството и Владата испраќаат јасна порака: секое несовесно користење на природните ресурси ќе се санкционира, а заштитата на јавниот интерес и безбедноста на граѓаните е приоритет. Сите надлежни институции се известени за понатамошни мерки, а одговорното и одржливо управување со природните ресурси останува стратешка цел на државата. Владата и Министерството нема да толерираат несоодветно користење на природните ресурси, а здравјето и безбедноста на граѓаните остануваат на прво место“, нагласи министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.
Економија
Топ-5 начини за паметно штедење преку осигурување

Колку пати сте си рекле „од утре ќе почнам да штедам“ – но утрешниот ден никогаш не дошол? Кога зборуваме за паметно штедење, повеќето луѓе мислат на штедна книшка или депозити во банка. Но, паметното штедење не се сведува само на одвојување средства, туку на создавање сигурност.
Осигурувањето е тивкиот херој на финансиското планирање, тоа е начин да заштедите, додека истовремено се заштитувате од ризици. Склучувањето осигурување е повеќе од трошок, тоа е стратегија.
Се работи за создавање сигурност, стабилност и заштита. Ви ги претставуваме најдобрите 5 начини за паметно штедење преку осигурување.
Минт Инс – Паметно штедење преку осигурување
Штедењето не е само одвојување средства на страна, тоа е и создавање сигурност, стабилност и долгорочна финансиска заштита. Во Минт Инс, како осигурително брокерско друштво посветено да им помогне на клиентите преку соработка со осигурителните компании, ние гледаме на осигурувањето како на најдобрата долгорочна инвестиција во финансиска сигурност и штедење.
1. Комбинирајте животно осигурување со штедење – двојна заштита
Првиот и најмоќен чекор кон паметно штедење е животното осигурување. Тоа не е само финансиска заштита, тоа е начин да се грижите за вашите најблиски, и истовремено да создавате акумулирана вредност со тек на време.
Со Минт Инс животно осигурување, дел од секоја уплата оди во штедна компонента, која расте со годините. На тој начин, не само што го заштитувате семејството во непредвидени ситуации, туку градите личен капитал што може да ви послужи подоцна во животот.
2. Здравствено осигурување – штедење преку превенција
Како што спомнавме, паметното штедење не е само одвојување средства, туку и олеснување на непредвидливите трошоци. Здравственото осигурување го овозможува токму тоа.
Наместо да плаќате големи суми при непредвидена болест или несреќа, со полиса за здравствено осигурување плаќате месечна премија и добивате пристап до квалитетна грижа кога најмногу ви треба.
Со здравствено осигурување од Минт Инс, избегнувате непотребен ризик. Наместо да плаќате вртоглави суми во момент на потреба, осигурувањето ви ги олеснува тие трошоци. Тоа е вистинско паметно штедење: вложувате денес за да заштедите утре.
3. Осигурување на имотот – заштитете го она што сте го создавале со години
Штедењето не значи само собирање пари, туку и заштита на она што веќе го имате. Со осигурување на домот, автомобилот или деловниот простор, го намалувате ризикот од неочекувани финансиски удари.
Ова е еден од најпрактичните начини за паметно штедење, бидејќи дури и мал настан (поплава, пожар или кражба) може да предизвика големи трошоци.
Минт Инс нуди пристап до флексибилни пакети со кои можете да ја осигурате својата имотна вредност и да бидете сигурни дека вашите заштеди нема да се трошат на непредвидени поправки и штети.
4. Осигурување од Авто одговорност – безбедност што се исплаќа
Автомобилот е секојдневна потреба, но и одговорност што бара сигурност. Со Минт Инс осигурување од автоодговорност, не само што го заштитувате вашето возило, туку и вашите финансии.
Во случај на несреќа, дефект или штета, осигурувањето ги олеснува непланираните трошоци и ви овозможува заштитна мрежа. Тоа е суштината на паметно штедење, да не дозволите неочекуваните ситуации да ви ја нарушат финансиската стабилност.
5. Комбинирани пакети – максимална вредност, минимален ризик
Најдоброто паметно штедење се постигнува со комбинација на различни типови осигурување. Со комбинирани пакети, можете да поврзете повеќе видови на осигурувања, при што добивате поповолни услови и поширока заштита.
На овој начин, ја зголемувате ефикасноста на секоја уплата, ги минимизирате ризиците и добивате поголема сигурност.
Зошто паметното штедење преку осигурување е вистинскиот избор?
Бидејќи осигурувањето не е само заштита – тоа е финансиски план кој ве учи на дисциплина, планирање и стабилност. Со Минт Инс, секое финансиско средство што го вложувате работи за вас, создавајќи иднина без стрес и неизвесност.
Со Минт Инс вие:
· Вложувате во сигурност.
· Добивате финансиска стабилност.
· Градите мирна иднина за вас и вашето семејство.
Подгответе се за иднината – започнете со паметно штедење денес
Октомври е вистинскиот момент да направите промена што ќе се исплати долгорочно. Со Минт Инс осигурување, ќе го претворите секој ден во инвестиција во мир, сигурност и стабилност.
Започнете ја вашата финансиска иднина со паметно штедење преку осигурување од Минт Инс. Контактирајте нè денес на 15 107, на емаил [email protected], или во нашите филијали, и нашиот тим ќе ви помогне да ја откриете понудата што најмногу одговара на вашите потреби.
(ПР)
Економија
Димитриеска-Кочоска учествува на годишните средби на ММФ и на Светската банка во Вашингтон

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од денеска ќе престојува во работна посета на САД, каде што ќе учествува на редовните Годишни средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, коишто се одржуваат оваа недела во Вашингтон.
Посетата ќе биде можност министерката за финансии на средби со високи претставници од овие меѓународни финансиски институции да ги претстави економските и пред сѐ фискалните политики што ги спроведува Владата, напорите за фискална консолидација, за одржување макроекономска стабилност и за обезбедување одржлив економски раст. Согласно агендата, министерката ќе оствари средби со заменикот на генералниот директор на ММФ Бо Ли, извршниот директор Јерон Клик, замениците на извршните директори Марникс ван Рај и Владислав Рашкован, директорот на Европскиот оддел во ММФ Алфред Камер и шефот на Мисијата на ММФ за нашата земја Ник Гигинеишвили. Исто така, средби се предвидени и со потпретседателката на Светската банка Антонела Басани, извршниот директор на Светската банка Јуџин Ругенат, регионалната директорка за Западен Балкан, Европа и Централна Азија Шиаочин Ју и со директорката за земјава во СБ Карол Межеван.
Димитриеска-Кочоска во Вашингтон ќе има можност да оствари средби и со претставници на Трезорот на САД, со којшто е воспоставена соработка во насока на зајакнување на ефикасноста на институциите, како и со повеќе инвеститори коишто се вклучени во процесот на издавање еврообврзници.
Годишните средби на ММФ и СБ оваа година се одржуваат под мотото „Можност во време на промени“, а на нив учесниците, односно министрите за финансии, гувернери, претставници на бизнис-заедницата и на граѓанскиот сектор, академици и сл. ќе можат да се осврнат на актуелните состојби и на предизвиците во глобални рамки, како и на изнаоѓање можни решенија. На годишните средби во Вашингтон министерката за финансии учествува заедно со гувернерот на Народната банка Трајко Славески.