Македонија
Стафансон: Потребно е да се обезбеди продолжување на истрагите на СЈО

Амбасадорот на Шведска, Матс Стафансон, денеска се сретна со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и нејзините соработници. Стафансон пренесе дека шведската влада високо ја вреднува работата на СЈО и нагласи дека продолжувањето на досегашните истраги, обвиненија и случаи треба да биде обезбедено.
„Договорот од Преспа со Грција, кој беше неодамна ратификуван, еднаш засекогаш го решава долгогодишното прашање за името покажувајќи му на светот дека Балканот може да генерира стабилност и позитивна енергија. Сепак, сè уште постои силна потреба за справување со корупцијата на високо ниво и за истражување на многуте индикации за злоупотреба на моќ, кои произлегуваат од снимените комуникации. Во овој контекст СЈО мора да ја задржи својата круцијална улога преку осигурување на своите капацитети и независност. Бидејќи има јасно влијание врз ЕУ-перспективата на Северна Македонија, политичките партии и Собранието би требало да го решаваат ова прашање со огромна итност“, рече Стафансон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Прекинато водоснабдување во дел од Карпош

Од ЈП Водовод и Канализација известуваaт дека денеска на ул. Будимпештанска 26А поради дефект во шахта (промена на вентил од ф 3/4), со прекинато водоснабдување ќе бидат ул. Осло, Хашка, Будимпештанска и дел од Женевска.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на работните активности.(општина Карпош)
Македонија
Денес втора седница на Советот за безбедност

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја свика втората седница на Советот за безбедност што ќе се одржи денес, 1 август, со почеток во 12 часот.
Членови на Советот за безбедност по функција се: Африм Гаши, претседател на Собранието; Христијан Мицкоски, претседател на Владата; Панче Тошковски, министер за внатрешни работи; Владо Мисајловски, министер за одбрана; Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија и тројцата членови, именувани од претседателката: Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска-Јорданова и Владо Спиридонов.
На втората седница на Советот за безбедност, на покана на претседателката Сиљановска-Давкова ќе присуствуваат и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски; директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Македонија
Сончево време со температура до 34 степени

Времето денес ќе биде потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 степени, јавува УХМР.
Во деновите од викендот ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи. Во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а од вторник се очекува стабилизирање на времето.