Македонија
Левицата: Власта ги толерира криминалите на ДУИ на струшкото крајбрежје

Локални иницијативи од Струга повторно апелираат за узурпирање и уништување на струшкото крајбрежје за кое државните инспектори наводно не откриле никакви нелегални градби. Со оглед на тоа што градежниот инспектор на општина Струга, при постапувањето по нашето барање, констатира бесправно градење бетонски парапет и издаде решение за негово отстранување, евидентно е дека власта и институциите на централно ниво ги штитат криминалот и бизнис-интересите на локални моќници и противзаконски не преземаат никакви мерки за нивно санкционирање, соопшти Левицата.
Според нив, додека Владата води агресивна кампања во меѓународната заедница за развојот и просперитетот на државава, на терен се палат резервати и национални паркови, неповратно се девастира светско културно наследство, шумската мафија остварува милионски профити, а сите институции молчат и го толерираат самоволието на поединци блиски до власта. „Премиерот Заев, кој лично го поддржа градоначалникот на ДУИ, Рамиз Мерко, има должност да ѝ објасни на јавноста за пустошот и уништувањето на Охридското Езеро и за непостапувањето на институциите против криминалите на ДУИ“, се вели во соопштението.
Левицата ќе поднесе барања за итен инспекциски надзор за спорните парцели до Државниот инспекторат за животна средина, Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и Управата за културно наследство и истовремено ја повикуваме антикорупциската комисија да отвори случај по примерот со дивоградбите на Матка. Се бориме за еднакво општество за сите, а не само за привилегираните поединци на владејачкиот естаблишмент и капиталот, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево време со локална облачност, следи стабилно време

Сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 22 степени, информира УХМР.
Во Скопје, претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Следува период на претежно стабилно време со пораст на дневната температура. Во сабота ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известија дека на ден 10.10.2025 година ( петок ) без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 15:00 часот, корисниците на ул.Будимпештанкса и ул. Урош Џудовиќ(општина Карпош)
Македонија
Неколку улици во Кисела Вода денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на Виктор Иго 22, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Виктор Иго, Дренак, Драга Стојановска, Иван Козаров и Невена Георгиева-Дуња.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности и дека
· поради уличен дефект ф-150мм на улицата Христо Татарчев бб (Теферич), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од 3-та зона Припор.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности.