Свет
Светската банка проценува дека циклонот Идаи направил штета од 773 милиони долари
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/03/Ciklon-1.jpg)
Светската банка проценува дека директните економски загуби од циклонот Идаи во Мозамбик ќе се движат од 656 до 773 милиони долари, што ги опфаќа оштетувањата на зградите, инфраструктурата и земјоделството.
На 4 април Светската банка објави дека нејзиниот пристап за процена на штетата не ги опфаќа индиректните загуби, како што се намалената продуктивност или прекинот на работата, и може да обезбеди само одреден степен на точност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
ОН: Хуманитарната катастрофа продолжува во Газа и покрај прекинот на огнот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/01/gaza-1.jpg)
Хуманитарната катастрофа продолжува во Газа и покрај прекинот на огнот, рече шефот на Канцеларијата на ОН за проектни услуги (УНОПС), барајќи пристап на хуманитарната помош до опустошената палестинска територија.
„Хуманитарната катастрофа продолжува во Газа, иако прекинот на огнот обезбеди добредојден одмор“, рече Хорхе Мореира да Силва, исто така заменик генерален секретар на ОН, по посетата на Газа.
Тој повика на „траен прекин на огнот“, „итно ослободување на сите заложници“ и „брз“ и „непречен“ пристап до хуманитарна помош.
Прекинот на огнот меѓу израелските сили и палестинското движење Хамас во Појасот Газа стапи на сила на 19 јануари.
Свет
Ројтерс: Обединетите Арапски Емирати нудат да бидат домаќини на разговори за ставање крај на војната во Украина
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/zelenski-tramp-putin.jpg)
Обединетите Арапски Емирати ги информираа Соединетите Држави дека сакаат тие да бидат домаќини на преговорите за ставање крај на војната во Украина, кои на крајот би можеле да опфатат одржување на мировен состанок меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави денеска Ројтерс, цитирајќи пет извори запознаени со ова прашање.
Извори на британската агенција наведуваат дека ОАЕ „со цело срце се залагале тие да играат клучна улога во обидот да посредуваат за одржување на мировните преговори меѓу Русија и Украина“.
Според три од тие извори, од САД и ОАЕ, претставници на ОАЕ му предложиле на Вашингтон земјата да биде домаќин на „мировен самит“, а двајца од нив рекле дека таков самит на крајот би можел да вклучи и средба меѓу Путин и Зеленски.
Според Ројтерс, Министерството за надворешни работи на ОАЕ не одговорило на барањето за коментар.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека еден од неговите главни приоритети е ставање крај на речиси тригодишниот конфликт во Украина, а вчера најави дека би можел да се сретне со Путин во Саудиска Арабија.
Неколку земји изразија интерес за одржување средба меѓу Трамп и Путин, меѓу кои Србија и Швајцарија, а Wall Street Journal наведува дека и Кина е заинтересирана да биде домаќин на средбата, пренесува Танјуг.
Регион
Вучиќ до Додик: Ти благодарам што не и го сврте грбот на Србија, некои веќе не ми се јавуваат
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot-2025-02-13-201135.jpg)
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека студентските протести во неговата земја се всушност резултат на заговор поттикнат од странство, додека претседателот на Република Српска, Милорад Додик му даде безрезервна поддршка, обвинувајќи ги студентите дека ја ослабуваат Србија.
Додик и Вучиќ организираа свечена академија во Бања Лука за заеднички да го прослават Денот на српската државност.
Во говорот за време на церемонијата на Бања Лука, Вучиќ тврдеше дека тој и неговата влада постојано подаваат рака за соработка, дека на ниту еден начин не ја загрозуваат Босна и Херцеговина и ги почитуваат нејзините жртви, но не добиваат ништо за возврат.
Тој, како што пренесуваат медиумите во соседството, изјави дека изминатите 100 дена му биле многу тешки, иако не се плаши од можно губење на власта, но индиректно ги обвини студентите кои протестираат дека се странски платеници.
„Не можевме да поверуваме колку пари се дадени однадвор за промена на власта во Србија“, рече Вучиќ и му се заблагодари на Додик што не ѝ го свртел грбот на Србија, за разлика од другите познаници на кои се жалел, велејќи дека откако траат протестите, тие сè помалку контактираат со него.