Економија
Николовски: ХС „Злетовица“ го ставаме во целосна функција, на системот се приклучуваат и Карбинци, Лозово и Штип
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска, во Пробиштип, заедно со градоначалникот на Пробиштип, Драган Анастасов, одржа работен состанок со менаџментот на хидросистемот „Злетовица“. На состанокот се разговараше за идните активности за заокружување на реализацијата на првата фаза од проектот за водоснабдување ХС „Злетовица“, која се однесува на водоснабдување со квалитетна вода за пиење и поврзување на општините Карбинци, Лозово и Штип со овој систем.
Министерот Николовски посочи дека досега овој систем не беше целосно ставен во функција и со вода за пиење се снабдуваа само Пробиштип и Свети Николе, а со парите што за годинава ги обезбеди Владата во буџетот на МЗШВ во износ од 3,5 милиони евра ќе се заокружи целиот процес и општините Карбинци, Лозово и Штип ќе се приклучат на системот.
„Хидросистемот ‘Злетовица’ е важен за овој регион. Како Влада и како ресорно Министерство, во 2018 година бевме целосно посветени, ја скениравме целата состојба на терен со цел да креираме соодветни политики преку кои државата ќе даде поддршка за заокружување на фазата еден од овој систем. Овој систем не е во целосна фукнција и со вода за пиење се снабдуваат само Пробиштип и Свети Николе. Затоа, Владата со поддршка од заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, направи целосно согледување на општините за да ги види нивните потреби, сè со цел реализација на сите потребни инвестиции, за да се стави целосно овој систем во функција и регионот да се снабдува со квалитетна вода за пиење. Поради тоа, во буџетот за 2019 година се одвоија средства, и од МЗШВ и од буџетот на ЗПВРМ, и со нови 3,5 милиони евра, кои се веќе испланирани во развојниот дел на буџетот на МЗШВ, ќе почнеме со поврзување на општините со овој хидросистем“, изјави министерот Николовски.
Притоа посочи дека веќе е распишана тендерската постапка за јавна набавка за избор на консултантска куќа која ќе изработи техничка документација за финализирање на првата фаза, односно водоснабдување преку проектот ХС „Злетовица“ и општините да се поврзат со системот. Отворањето на понудите е закажано за 16 следниот месец.
Министерот Николовски појасни дека со заокружувањето на првата фаза од ХС „Злетовица“ во следниот период активностите на МЗШВ ќе бидат во насока на реализација на втората и трета фаза од ХС „Злетовица“, со што ќе се обезбеди систем за наводнување на 4.100 хектари земјоделско земјиште и изградба на шест мини хидороцентрали.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

