Македонија
Успешно заврши првата универзитетска програма за професионално усовршување за разузнавање и анализа
Во Агенцијата за разузнавање денеска се одржа свечено доделување на сертификатите од првата универзитетска програма за стручно и професионално усовршување за разузнавање и анализа, а воедно и прв курс од ваков тип на Факултетот за безбедност – Скопје и Агенцијата за разузнавање.
Како што информираат од Факултетот за безбедност, на свеченото завршување на оваа прва универзитетска обука за дел од разузнавачите свое обраќање имале директорот на Агенцијата за разузнавање, Зоран Иванов, деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски, и продеканот за наука и развој на Факултетот за безбедност, Марјан Ѓуровски.
Со реализацијата на првата програма на овој проект се отвора нов процес на едукација и професионализација на вработените во Агенцијата за разузнавање.

Програмата за разузнавање и анализа претставува напреден универзитетски курс за стручно и професионално усовршување во разузнавањето. Програмата се реализира врз основа на Законот за високото образование и Законот за Агенцијата за разузнавање.
Во своето излагање на денешната свеченост продеканот за наука и развој на Факултетот за безбедност, Марјан Ѓуровски, нагласи дека универзитетскиот курс се одржува во период кога се спроведуваат длабоки реформи на безбедносната и разузнавачката заедница и преку овој заеднички проект се придонесува кон департизација на разузнавачката заедница.
Директорот на Агенцијата за разузнавање, Зоран Иванов, нагласи дека преку остваувањето на овој проект се помогна во напредното образование и едукација за разузнавање на вработените во Агенцијата за кое, според анализите што се направени, се увидела потребата од таков вид подготовка на разузнавачите.
Деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски, истакна дека Факултетот ја остварува својата цел да им се излезе во пресрет на институциите што имаат обврски да реализираат реформи што произлегуваат од процесот за членство во НАТО и ЕУ.
Општата задача што се постигна со универзитетската програма на Факултетот за безбедност и Агенцијата за разузнавање, според деканот Дујовски, е што овластени службени лица добиле унифицирани знаења од разузнавањето, оперативното окружување и современите трендови.
Предавачи на курсот беа професори од Факултетот за безбедност и вработените од Агенцијата за разузнавање и други безбедносни институции. Наставно-образовниот процес се реализира низ предавања, анализи, вежби и практично-применети форми на настава со над 150 часа во изминатите неколку месеци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нова кривична пријава против ексградоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари
Полицијата поднесе кривична пријава против Фатмир Дехари, од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“.
Според информациите на СВР Охрид, тој, во својство на градоначалник на Општина Кичево, несовесно постапувал при извршување на своите законски овластувања дадени со Законот за локалната самоуправа и спротивно на Законот за пожарникарство.
„Пријавениот, од 2016 година, секоја година, со одредени лица склучувал договори за вработување во Територијалната противпожарна единица Кичево и по истекот на една година од нивното вработување, не извршил должен надзор, пропуштил да им го прекине работниот договор и дозволил, истите да не се стекнат со соодветен сертификат за квалификација како пожарникари, издаден од надлежен Државен орган“, велат од полицијата.
Македонија
Не е работа на бранителот да биде судска достава, забележаа адвокатите и побараа судот да им го достави интегрираното обвинение пред воведните зборови
Место воведни зборови од одбраната и изјаснување дали се чувствуваат виновни обвинетите за пожарот во кочанската дискотека “Пулс”, денешното второ рочиште од судењето ќе биде посветено на оштетни побарувања за да не се одложи.
Воведни зборови на одбраната денес нема да има оти судот ги прифати забелешките на бранителите на обвинетите кои побараа интегрираното обвинение од Судот да го добијат не само бранителите туку и обвинетите.
“Бранителите не прифаќаат доставата на интегрираното обвинение до обвинетите да биде преку нив. Судот денес и утре до сите обвинети ќе изврши достава. Бидејќи денес и утре нема да можат да се изјаснат, за да нема одолговлекување, ќе продолжиме со оштетни побарувања на оштетените и нивните полномошници”, рече судијката Диана Груевска-Илиевска.
Таа побара веднаш да се направи нова листа со мејлови од обвинетите и кажа дека оние кои се во притвор, интегрираното обвинение ќе го добијат во писмена форма.

На почетокот на денешното рочиште многумина бранители побараа покрај тоа што тие како нивни адвокати го добиле интегрираното обвинение, по судски пат да им биде доставено и на обвинетите.
“Не е работа на бранител да биде судска достава ниту пак тоа се смета за уредна достава. Прашањето е законско, не може најголемата трагедија во Македонија да ја исправиме со неправда”, рече Петре Шилегов, адвокат на еден од обвинетите, укажувајќи на новните права.

Оваа негова забелешка мачно ја примија родителите и роднините кои беа во судницата и тивко прашаа “какви права бе”.
Судијката Груевска-Илиевска не ги прифати забелешките на бранителите кои сметаат дека интегрираното обвинение е сосема нов акт и новата листа на докази е различна од првичната, иако обвинителите кажаа дека нема нови докази туку од листата се исфрлени вербалните докази кои се повторуваат.
Одлуката ја соопшти по кратко советување откога ги слушна забелешките од бранителите од кои многумина кажаа дека Обвинителството не ги почитува постапките и го доведува во ситуација судот да носи одлуки спротивни на ЗКП оти интегрираното обвинение не е пречистен текст туку ново обвинение.

kocani sudenje
“Судот донесе решение дека не станува збор за ново обвинение бидејќи во интегрираното обвинение не се воведени нови дејсѕвија, нема нови обвинети, нема ново место на извршување на дејството”, рече судијката Груевска-Илиевска.
Судењето продолжи со евиденција на оштетените и нивните законски застапници кои се приклучија на кривичниот прогон, и кажаа дека ќе имаат оштетни побарувања кои ќе ги бараат во граѓанска постапка.
Македонија
СДСМ: Пријавите против Трајан Димковски се монтирани
Фатена во огромниот скандал со ИПАРД тежок 130 милиони евра власта на Христијан Мицкоски прибегна кон единствено што знае: спнови и политички монитрани случаи, обвини СДСМ.
„Власта ги оштети земјоделците за повеќе од 130 милиони евра со мега-корупциски скандал кој води директно до Трипуновски и Мицкоски и за кој нема никаква одговорност, ниту политичка ниту правна. Сега се обидува со монтирани обвинувања да дефокусира, да ја замајува јавноста и да се вади од сопствениот криминал во којшто е заглавена. Ваквите монтирани и неосновани пријави за Трајан Димковски, кој целосно ги разобличи сите злоупотреби на Министерството за земјоделство и неспособноста на оваа власт, не може да бидат никакво алиби“, велат од партијата.
СДСМ соопшти дека очекува судските органи да го следат исклучиво словото на законот и во целост да ги отфрлат овие, како што велат, неосновани и монтирани пријави за Димковски.
Според партијата, станува збор за класичен политички прогон, без правна основа и обид за замолчување на СДСМ во откривање на сите корупциски скандали на власта на Мицкоски.
„На граѓаните повеќе од јасно им е дека методите на Никола Груевски и режимските инструменти на голема врата се вратени и се применуваат. Порачуваме дека СДСМ ќе продолжи гласно да зборува и да ги открива нивните криминали а ваквите обиди ќе бидат казнети од граѓаните кои веќе ја прочитаа ова власт“, се наведува во соопштението.
Реакцијата доаѓа откако неколку медиуми објавија дека поранешниот заменик-министер за земјоделство Трајан Димковски и уште неколку лица се уапсени за злоупотреба на стокови резерви, со што го оштетиле државниот буџет за околу 780.000 евра.

