Македонија
Деца од 30 скопски училишта ќе се тркаат со ролерки
ЈУ Детскиот културен центар „Карпош“ со поддршка од Град Скопје годинава по осми пат ќе организира „Ролер трка 2019 “, наречена „Возиме кон иднината“. Во оваа спортска манифестација ќе учествуваат училиштата од градот и околината.
Целта на оваа рекреативна масовна акција е развивање на спортскиот дух на нашите најмлади, како и создавање навики за спортување.
„Со мислата во здраво тело, здрав дух, сакаме да ги анимираме нашите најмлади да ги засакаат ролерите и да го развијат духот на масовна дружба. Со унапредувањето на ролер-спортот, градот се збогати со уште една масовна манифестација, која има тенденција да прерасне во традиционална и од година во година е сè помасовна.Во манифестацијата ‘Возиме кон иднината’ минатата година учествуваа околу 700 ученици, а годинава очекуваме бројката да биде поголема. Учесници се деца од 30 и повеќе основни училишта од градот и околината.
На ролеријадата ќе бидат доделени по 3 награди за најуспешните учесници во машка и женска категорија”, информираат организаторите.
Манифестацијата ќе се организира во 12 часот. Стартната позиција ќе биде на бул. Илинден , од пред фонтаната на Градскиот парк и се движи до клучката на бул. Илинден со ул. Никола Тесла (кај ЈП „Паркови и зеленило“) и назад до целта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.

