Забава
Сараевскиот ќебап котира високо на листите за највкусна храна во светот
Босанскиот ќебап се позиционира високо на листата Taste Atlas, меѓу првите 100 највкусни оброци во светот, рангирани по различни критериуми, пренесува агенцијата „Танјуг“.
Босанскиот ќебап е оценет со 4,2 од пет можни ѕвезди.
Најдобрите ќебапи се во ќебапчилницата „Жељо“ во Сараево, пишува сараевскиот портал „Дневник“.
Титулата за најдобро јадење ја освои Криспи Пата, односно крцкава свинска нога која е популарно јадење на Филипините.
Италијанската лазања болоњезе е омилено јадење низ целиот свет, а се наоѓа на втората позиција.
Третата позиција му припаѓа на карпачо, едно од главните јадења во бразилската кујна, што всушност е овчо или говедско месо печено на ражен.
Потоа следат јапонскиот оброк хаката ремен, филипинските лечон и каре-каре, италијанската пица наполитана, италијанските тестенини, тајландските јадења пад таи и том јум, кинеска печена патка…
Една позиција зад ќебапот е традиционалното тајландско јадење таи кари, а интересно е дека ќебапот е подобро позициониран од суши и од мексиканската енчилада.
Taste Atlas старуваше интерактивна мапа со стотици најдобри јадења во светот, каде што можете да добиете повеќе информации за секој оброк, но исто така и да го оцените истиот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Супермесечината носи промена: Од 5 ноември, доаѓа трансформација за сите хороскопски знаци
Оваа Супермесечина нè потсетува дека вистинската промена секогаш започнува одвнатре – кога наоѓаме мир во средината на движењето и се поврзуваме со делот од себе што е стабилен, без оглед на надворешните околности.
Трансформацијата не мора секогаш да биде борба. Понекогаш, доволно е да дозволиме да се случи. На 5 ноември, Месечината достигнува полна состојба во Бик и е во најблиската точка до Земјата – што оваа лунација ја прави Супермесечина и еден од највпечатливите настани во годината.
Нејзината светлина не само што ќе го осветли небото, туку и нашите внатрешни состојби, чувства и врски. Сè што ни дава сигурност, но и она од што сè уште не можеме да се откажеме, излегува на површина.
Оваа лунација е втора во серија од три последователни фази на Супермесечина што го означуваат крајот на годината. Секоја од нив носи зголемени емоции и забрзани внатрешни промени, но оваа во Бик ја нагласува потребата да се вратиме кон едноставноста, телото и сегашниот момент.
Заземјување во услови на промени
Во астрологијата, се вели дека Месечината во Бик е возвишена – затоа што во овој знак, лунарните принципи како што се мекоста, сочувството и емоционалната стабилност доаѓаат до својот целосен израз. Тоа е архетип на топлина, грижа и поддршка.
Кога Месечината е во Бик, се нагласува важноста на удобноста, безбедноста и сензуалното уживање во животот. Оваа енергија нè учи како да се вратиме на едноставните работи – храна, одмор, тишина и допир – сè што телото го доживува како дом.
Полната Месечина во Бик нè поканува да застанеме и да ја почувствуваме земјата под нашите нозе. Да препознаеме што навистина нè поддржува, а што нè исцрпува. Да ги негуваме сопствените ресурси и да бидеме благодарни за она што веќе го имаме.
Активирањето на оската Бик-Шкорпија истакнува еден парадокс: желбата за стабилност и истовремената потреба за промена. Токму сега можеме да научиме да разликуваме кога да го зачуваме она што сме го изградиле – и кога да дозволиме старата форма да се распадне за да може да се појави нова.
Оваа лунација носи и важен аспект – опозицијата помеѓу Месечината и Лилит, која е во конјукција со Сонцето во Шкорпија.
Лилит е точката во орбитата на Месечината најоддалечена од Земјата и го симболизира нескротливиот, инстинктивен, суров женски принцип – архетипот на слободна енергија што одбива да биде потиснат и бара автентичност пред сè.
Лилит нè потсетува да го прифатиме она што е диво, неуредно, непријатно. Да го осветлиме гневот, сексуалноста, страста и силата што честопати биле потиснати поради општествените норми.
Во овој аспект, се среќаваат две страни на женственоста – Месечината во Бик, која претставува грижа, безбедност и мекост, и Лилит во Шкорпија, која носи страст, моќ и инстинктивна слобода.
Заедно, тие нè учат дека вистинската целовитост доаѓа само кога ги прифаќаме обете страни – и светлината и сенката, и нежноста и силата.
Аспекти на Венера – Трансформација преку врски
Владетел на оваа полна Месечина е Венера, која во моментот на лунација е во доцните степени на Вага, во напнат квадрат со Јупитер во Рак и Плутон во Водолија.
Интересно е што претходната Млада Месечина во Вага (21 октомври) беше на речиси ист степен како и Венера сега, што укажува дека темите што беа започнати тогаш сега се откриваат и доаѓаат до кулминација.
Квадратот на Венера и Плутон ја зголемува емоционалната длабочина и интензитет во врските. Потиснатите желби, стравовите од загуба или потребата за контрола може да излезат на површина. Ова е време кога врските можат да нè трансформираат – ако дозволиме вистината да излезе на виделина.
Од друга страна, квадратот со Јупитер може да донесе претерувања – во давањето, трошењето или очекувањата. Клучот е во рамнотежата: давање со отворено срце, но без приврзаност кон исходот.
Овие аспекти нè учат дека љубовта и изобилството не доаѓаат преку контрола, туку преку доверба, автентичност и подготвеност да се биде ранлив.
Венера понатаму се поврзува со Нептун во Риби и Уран во Близнаци преку инконјункции, а со Хирон во Овен преку опозиција, формирајќи го таканаречениот „Бумеранг Јод“.
Оваа конфигурација ги продлабочува темите за лекување што започнаа за време на претходната Млада Месечина. Особено ги истакнува раните што ги носиме во сферата на врските – чувството дека мора да дадеме повеќе отколку што примаме, дека мора да бидеме „доволни“ за да заслужиме љубов.
Опозицијата на Венера и Хирон отвора простор за понежен однос со самите себе – за грижа за деловите од нас кои научиле да ја идентификуваат љубовта со болка.
Во исто време, врските на Венера со Нептун и Уран нè потсетуваат колку лесно можеме да ги изгубиме нашите граници кога сакаме да ги спасиме другите. Ако се чувствувате исцрпено, тоа е знак дека е време да ја вратиме нашата енергија и да се ослободиме од она што не е ваше.
Моќта на моментот – Светлината што доаѓа одвнатре
Додека Месечината во Бик го достигнува својот врв, Марс и Меркур во Стрелец, како и опозицијата со Уран, носат динамика и поттик за промени. Некои ќе почувствуваат потреба за важни разговори, јасни одлуки или смели чекори напред.
Но, во исто време, оваа Супермесечина нè потсетува дека вистинската промена секогаш започнува одвнатре – во моментот кога наоѓаме мир во средината на движењето и се поврзуваме со делот од себе што е стабилен, без оглед на надворешните околности.
Трансформацијата не мора секогаш да биде борба. Понекогаш, само да дозволиме да се случи е доволно.
Клучната порака на Супер полната Месечина во Бик
Забавете, слушајте го вашето тело и почитувајте ги вашите граници. Негувајте го она што ви дава сила, ослободете се од она што ве исцрпува.
Светлината што ве води не е само на небото – таа е веќе во вас.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Секогаш совршено, но не и овој пат? Ева Лонгорија и „најлошо облечена“ е главна тема
Популарната џебна Венера, познатата актерка Ева Лонгорија, блесна на црвениот тепих на настанот „Моќта на жените“ во Беверли Хилс. Како и обично, актерката беше олицетворение на смелоста и елеганцијата.
Секое нејзино модно издание привлекува светско внимание и речиси секогаш е „мета“ само за позитивни коментари, но овој пат успеа да предизвика мешани реакции и малку да ја изненади публиката.

Ева се појави во мало црно фустанче преку кое носеше преголемо сако во иста боја. Со оглед на кројот и должината на сакото, фустанот само малку ѕиркаше од под него, но тоа беше доволно за актерката да ги истакне сите нејзини атрибути.
Црните салонки со ремени и ефектен накит имаа задача да го комплетираат ова монохроматско издание во кое Ева уживаше.
Повеќето беа воодушевени од ова издание, но имаше и такви кои мораа да нагласат колку се шокирани од ова појавување. Очигледно, таква грешка не се очекуваше од секогаш совршено стилизираната Ева Лонгорија.

Она што беше досадно беше изборот на сако, за кое беше коментирано дека уште повеќе го нагласува нискиот раст на Ева, правејќи да изгледа како „да ја зела старата јакна на нејзиниот татко од плакарот“ и била „најлошо облечена на овој настан“, објави „Глам“.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Сите гледаат во долгите нозе на познатата манекенка: кралицата на модната писта воодушеви со изгледот
Познатата манекенка Наоми Кемпбел се појави во Лондон на посебна забава за Ноќта на вештерките. Популарната „црна пантерка“ како што е инаку наречена, ги воодушеви сите со својот аутфит.
Не е тајна дека Наоми е сè уште непобедлива, а тоа често го покажува на секој настан на кој се појавува. Овој пат, таа не сакаше да работи на костим за да биде непрепознатлива, но дефинитивно сакаше да биде впечатлива.

Црно-бел моден аутфит во комбинација со штикли од ист дезен и луксузно кратко крзнено палто беше доволно за да доминира во Лондон.
Долгите нозе на познатата манекенка повторно беа во преден план, а за промена, имаше и насмевка.

Многумина често коментираат дека Наоми Кемпбел е ледена кралица, таа ретко се насмевнува на некого и се смета за строга и не толку пријатна личност. Се чини дека сега решила да работи на тој имиџ, па затоа се смееше на фотографиите.
фото: принтскрин

