Свет
Кина ја осуди критиката на Мајк Помпео како клевета
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/04/Pompeo.jpg)
Кина денеска ја осуди како „клевета” критиката на американскиот државен секретар на САД, Мајк Помпео, во однос на политиката на Пекинг кон Латинска Америка тврдејќи дека овие земји наскоро ќе видат кој им е „вистински пријател”.
Помпео во петокот, за време на тридневната посета на Чиле, Парагвај и Перу, ја обвини Кина дека придонесува за економскиот колапс на Венецуела давајќи му финансиска поддршка на претседателот Николас Мадуро, додека земјата оди кон се подлабока политичка криза, изјавија официјални лица.
Помпео ја нарече Кина лицемерна затоа што повика да не се интервенира во Венецуела, каде што кинески „финансиски интервенции помогнаа во уништувањето на земјата”.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лу Канг, на брифингот во Пекинг изјави дека таквите коментари се „лаги”.
„Државниот секретар на САД, Помпео, за кинеско-латиноамериканските односи, е безобразен клеветник, намерно предизвикува, неодговорен е и неразумен. Ние силно се спротивставуваме на тоа”, рече Лу.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Пронајдени се остатоците од урнатиот авион во западна Алјаска, сите 10 лица се загинати
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2020/02/Screen-Shot-2020-02-05-at-1.36.27-PM.png)
Пронајдени се останатите делови од малиот авион што завчера се урна во западна Алјаска, а сите 10 лица на борт се загинати, соопштија властите.
Авионот „Беринг Ер“ Цесна 208Б Гранд Караван исчезна од радарот по пат кон Ноум од Уналаклит, во четврток попладне по локално време. Во авионот биле пилотот и девет патници.
Се известува дека авионот се наоѓал на околу 54 километри од Ноум, на замрзнатото море.
Двајца нуркачи од крајбрежната стража беа спуштени за да ја испитаат ситуацијата, а сега се преземат напори за брзо извлекување на телата, бидејќи во следните 18 часа се предвидува влошување на временските услови и појавување на нестабилен мраз.
Американската Национална управа за безбедност на транспортот (NTSB) испраќа девет истражувачи на местото на несреќата за да ги утврдат околностите.
Летањето е најчестиот начин на транспорт во Алјаска поради големата територија и ограничената инфраструктура – повеќето заедници не се поврзани со главните патишта, па се користат мали авиони за транспорт.
Авионот „Беринг Ер“ опслужува 32 села во западна Алјаска, поврзани со центри како Ноум, Коцеб и Уналаклит, со два лета дневно од понеделник до сабота за повеќето дестинации.
Оваа несреќа е трета голема во САД во последните осум дена. На 29 јануари, патнички авион и воен хеликоптер се судрија во Вашингтон, при што загинаа 67 лица, а на 31 јануари медицински транспортен авион се урна во Филаделфија, со загуба на сите шест лица на борт и едно лице на земја.
Свет
Американска осигурителна компанија ќе исплати над една милијарда долари за шумските пожари во Калифорнија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2020/12/Kalifornija-pozar.jpg)
Американската осигурителна компанија Алстејт иншуренс (Allstate Insurance) денеска го соопшти својот план за исплата на 1,1 милијарда долари (1,65 милијарди евра) за покривање на штетите предизвикани од пожари кои ја зафатија Јужна Калифорнија во јануари. Иако сумата е значајна, компанијата истакна дека успеала делумно да ги намали своите загуби со повлекување од пазарот во Калифорнија, како што го соопшти Си-Ен-Ен.
Сепак, според извори, износот што треба да го плати Allstate е само мал дел од вкупните побарувања за осигурување по јануарските пожари.
Се очекува сопствениците на околу 16.600 недвижнини да бидат обесштетени, а истражувачката компанија CoreLogic, која ги следи трошоците за катастрофи како што се пожари и урагани, оценува дека вкупните побарувања може да се движат помеѓу 35 и 45 милијарди долари.
Поради зголемената опасност од шумски пожари во повеќе области на Калифорнија, многу осигурителни компании, вклучувајќи ја и Allstate, ги откажуваат полисите за сопствениците на куќи, што резултира со поскапи и често ограничени осигурителни алтернативи.
Свет
Деца починаа од предизвик на „Тик ток“, родителите ја тужат социјалната мрежа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/01/a43e7e5f-6303-4474-9b26-67d7da29d83b.jpg)
Родителите на четворица британски тинејџери го тужеа „Тик ток“ поради смртта на нивните деца, тврдејќи дека била резултат на натпревар со предизвик на социјалната мрежа.
Родителите тврдат дека нивните деца на возраст од 12 до 14 години починале додека учествувале во „предизвикот онесвестување“, кој стана популарен на социјалната мрежа во 2021 година, јави Гардијан.
Правниот центар за жртви на социјалните медиуми со седиште во САД пред два дена поднесе тужба во име на родителите против „Тик ток“ и нејзината кинеска матична компанија.