Свет
Руската Црноморска флота го следи движењето на разорувачот „УСС Рос“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/04/15-флота.jpg)
Руската Црноморска флота го следи движењето на разорувачот „УСС Рос“ кој влегол во Црното Море на 14 април, објави рускиот Центар за управување со националната одбрана, пренесува ТАСС.
„Силите на Црноморската флота постојано го следат движењето на разорувачот на американската морнарица, кој влезе во Црното Море на 14 април 2019 година”, се вели во соопштението.
Центарот додаде дека по влегувањето во Црното Море, бродот на американската морнарица бил ставен под постојан надзор од објектите за поморска контрола на флотата.
„Покрај тоа, патролниот брод ‘Василиј Биков’ и извидничкиот брод ‘Иван Курс’ директно ги следат активностите на американскиот воен брод”, истакна рускиот Центар за управување со националната одбрана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Рјабков : Односите со САД на работ на распад
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot-2025-02-10-165800.jpg)
Руско-американските односи се на работ на прекин, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков на прес-конференција, пренесува ТАСС.
„Од наша страна неколку пати беше кажано дека односите меѓу Руската Федерација и САД се пред распад“, рече заменик министерот.
Рјабков нагласи дека администрацијата на претходниот американски претседател Џозеф Бајден „се потпира на хибридната војна, ја воведе во своите документи и им ја наметна на сојузниците во различни блок конфигурации идејата за можноста за нанесување стратешки пораз на Русија“.
Како резултат на тоа, „конфронтирачкиот карактер на односите меѓу Руската Федерација и САД се интензивираше и денес доби „многу, многу акутен карактер“, додаде тој.
Претходно Рјабков нагласи дека САД треба да го направат првиот чекор кон нормализирање на односите со Руската Федерација и дека Москва е отворена за дијалог во режимот на „тешките преговори“.
Свет
Претседателот на Романија поднесе оставка
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/1710262276-12005293.jpg)
Романскиот претседател, Клаус Јоханис, денеска објави дека поднесува оставка, по критиките дека останал на функцијата по откажувањето на претседателските избори одржани во декември.
„За да ги поштедам Романија и романските граѓани од кризата, ја напуштам функцијата во среда“, рече Јоханис во церемонијалниот говор во Букурешт.
Уставниот суд на Романија ги поништи претседателските избори во декември поради сомневања за руско мешање.
Судот објави дека го поништува целиот изборен процес на романскиот претседател, а за да ја потврди валидноста и законитоста побара да се повторат изборите.
Одлуката беше донесена само неколку дена откако беа декласифицирани разузнавачки документи кои укажуваат дека Русија водела координирана онлајн кампања за промовирање на екстремно десничарскиот аутсајдер Калин Ѓорѓеску.
Регион
Уапсен градоначалникот на Тирана
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/12152716.jpg)
Албанските власти денеска го уапсија градоначалникот на Тирана, Ерион Велијај, по што премиерот Еди Рама веднаш ги откажа сите состаноци што требаше да ги одржи во Скадар во текот на денот.
Велијај денеска е уапсен од членови на Националното биро за истраги, по наредба на Специјалното обвинителство на Албанија, објавија медиумите во таа земја.
Специјалното обвинителство го истражуваше Велијај под обвинение за злоупотреба на службената положба, активна и пасивна корупција, непријавување имот и перење пари, објави албанската телевизија А2 Си-Ен-Ен.
Членови на Националното биро за истраги упаднаа во неколку деловни простории поврзани со сопругата и братот на градоначалникот на Тирана.
Премиерот Рама денеска во Скадар требаше да се сретне прво со претставници на неговата Социјалистичка партија и градоначалници на работен ручек, а потоа и со претставници на локалниот огранок на социјалистите. Неколку минути по апсењето на Велијај, Рама ги откажа сите средби и се врати во Тирана.