Контакт

Свет

Во конструкцијата на катедралата имало 1.300 дрва, огнот избувнал на таванот

Објавено пред

Како започна пожарот во Нотр Дам и што ја предизвика огнената стихија, е прашањето што се наметнува по вчерашниот страотен пожар што ја зафати оваа француска знаменитост со огромно исторско значење. Светските медиуми објавуваат детални информации околу изградбата на категралата и нејзииното реновирање коешто било во тек, како и вредното богатство во внатрешноста на катедралата, коешто е уништено во огнената стихија.

dobivaj vesti na viber

Според информациите  што се објавени, за конструкцијата на катедралата биле искористени 1.300 дрва. Според експертите, пожарот најверојатно изгувнал токму во дрвените греди кои ја сочинуваат конструкцијата на катедралата. За оваа 850-годишна зграда, дури 1.300 дрва се претворени во греди, поради што овој дел од Нотр Дам популарно се нарекува „шума”.

Во понеделникот попладне катедралата Нотр Дам во центарот на Париз почна да гори.  По девет часа, околу 400 пожарникари успеале да го стават  под контрола. Најпопуларната историска атракција во Париз и Франција, која е посетена од 13 милиони луѓе годишно, е само уште еден потсетник за она што е изградено пред повеќе од 800 години.

Главниот пожарникар Жан-Клод Галет вели дека пожарот започнал на таванот на катедралата.  Дрвени греди ја сочинуваа целата внатрешна контрукција, на кои се држеше и  покривот. Овие греди се веројатно причината зошто пожарот беше толку разорен и зошто на пожарникарите им требаа околу девет часа за да го изгаснат. Целиот покрив беше во пламен и не беше можно да се гасне од воздух  бидејќи се сметало дека „водени бомби” целосно би можеле да ја урнат катедралата.

Поголемиот дел од покривот е уништен, но двете предни кули се зачувани. Се урна централната кула, а по неа огнот проголта и уште една.

За среќа, дел од уметничкото богатство претходно е изнесено поради реставрацијата на Нотр Дам и е спасено. На пример, минатата недела 16 бакарни статуи биле изнесени од катедралата.

Во катедралата се чувал и еден од најпознатите верски артефакти – круна од трње, која храбрите пожарникари успеале да ја спасат од огнот. И покрај густиот чад, тие сè уште ги извлекуваат од внатрешноста религиозните артефакти и уметнички дела од непроценливо значење. Олтарот и крстот останале недопрени од огнот.

Причината за пожарот не е позната. Прелиминарната истрага откри дека пожарот избувнал случајно и дека не е подметнат.

Нотр Дам со години „плаче” за реставрација бидејќи делови веќе беа уништени од забот на времето, а пожарот само го доуништи тоа што беше останато.  Реновирањето на најпознатата  готска зграда во светот ќе чини околу 180 милиони долари.

Во своите 850 години постоење катедралата поминала низ бројни предизвици.  Французите почнале да ја градат во 1163 година и била завршена во 1345 година. Била оштетена и занемарена за време на Француската револуција, а романот на Виктор Иго, „Sвонарот на Богоричната црква” во 1831 година, укажа на нејзината страшна состојба. Поради таа книга, Нотр Дам доби нов изглед. Реновирањето траеше 20 години, од 1844 до 1864 година.

Покрај тоа што е скапоцен камен на готската архитектура, Нотр Дам е од суштинско значење за историјата на Франција и на Европа. Во неа Хенри VI бил крунисан за француски крал во 1431 година. Наполеон Бонапарта во неа бил прогласен за цар во 1804 година. Ивана Орлеанска била беатифицирана во 1909 година.

„Тажен сум, гори еден дел од нас. Ова е трагедија за целиот народ” – рече францускиот претседател, Емануел Макрон, додека со своите сограѓани синоќа гледаше како се уништува еден вреден дел од историјата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Силен земјотрес ја погоди Турција

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала денес го погоди западниот дел на Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

dobivaj vesti na viber

Епицентарот бил источно од Измир, на околу осум километри од градот Синдрги, на длабочина од шест километри.

Според првичните информации, нема извештаи за повредени и жртви, додека според првичните информации на турските медиуми, причинета е материјална штета.

Гувернерот на округот Синдирги, Догукан Којунџу, за новинарот на агенцијата Анадолија (АА) изјави дека теренската работа е во тек, велејќи: „Моментално има уништување во неколку области. Сè уште не сме откриле жртви; сè уште скенираме. Сè уште нема негативни вести од селата. Нашата теренска работа продолжува.“

Според исказите на очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, потресот бил силен и траел долго време.

Турскиот „Хуриет“ објави дека земјотресот бил почувствуван и во Истанбул.

Земјотресот предизвикал продолжено тресење кое предизвикало паника и страв кај жителите на погодените подрачја. Продолженото траење ја зголемило загриженоста бидејќи луѓето ги напуштале зградите и барале засолништа.

Прикажи повеќе...

Регион

Курти: Единствено решение се нови избори

Објавено пред

Косовскиот премиер Албин Курти, изјави дека нема друга опција освен одржување нови парламентарни избори, откако неговиот предлог за нова влада не го доби потребното мнозинство во парламентот.

dobivaj vesti na viber

Неговиот предлог бил поддржан од 56 пратеници, а биле потребни најмалку 61.

„Пред секој договор што ја искривува волјата на граѓаните, ние избираме избори. Земјата нема друг пат ниту начин освен нови избори“, изјави Курти.

Тој рече дека Демократскиот сојуз на Косово (ДСK) и Социјалдемократската иницијатива (НИСМА) одбиле да бидат дел од владата што тој ја предлага, и додаде дека тоа ја оневозможило и изборната соработка за изборот на нов претседател на Косово во март идната година.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп нема да се кандидира за потпретседател на изборите за 3 години

Објавено пред

Доналд Трамп нема да се кандидира за потпретседател на изборите за 3 години. Во последните недели, неговите поддржувачи шпекулираа дека неговиот сегашен потпретседателски кандидат, Џ.Д. Венс, би можел да биде номиниран за претседател во 2028 година, а потоа да се повлече во корист на второпласираниот кандидат на гласачкото ливче, Трамп.

dobivaj vesti na viber

На авионот „Ер Форс Уан“, американскиот шеф на државата изјави дека таков потег е дозволен, но дека тој нема да го преземе: „Не мислам дека на луѓето ќе им се допадне“

Според 22-от амандман на Уставот на САД, претседателот може да служи максимум два мандати. Сепак, капи со натпис „Трамп 2028“ беа видени на неодамнешни настани во Белата куќа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Мицкоски од Пробиштип повика на масовна излезност во вториот круг

Во првиот круг коалицијата којашто ја предводи ВМРО-ДПМНЕ освои 33 градоначалници. Двајца во меѓу време, помеѓу првиот и вториот круг,...

Македонија10 часа

Уапсени двајца полицaјци осомничени за разбојништвото на златарницата во Гостивар, се трага и по други лица

Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против две лица поради сомнение дека како соизвршители...

Македонија11 часа

Приведени две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“

Приведени се две лица од раководството на Комунална хигиена, соопштија од Основното јавно обвинителство. Како што додаваат од таму, лицата...

Македонија13 часа

Локацијата на ГОБ „8 Септември“ на Мицкоски му изгледа како одлична за нов клинички центар: Има три булевари, гасна поврзаност, но да оставиме експертите да кажат

Премиерот Христијан Мицкоски чека да завршат локалните избори за да распише повик за финансиски институции што ќе понудат кредити за...

Македонија14 часа

Мицкоски: Не е точно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, не преговарам со луѓе на црната листа на САД

Не е точно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, не преговарам со луѓе на црната листа на САД,...

Топ15 часа

Кривична против полицаец: пукал со пиштолот во просторија во СВР Струмица откога потпишал решение за отстранување од работното место

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија16 часа

(Фото) Општина Центар: Се отстрануваат паднатите дрвја кај училиштето „Киро Глигоров“

Општина Центар информира дека во моментот екипите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и ЈП „Паркови и зеленило“ работат на...

Топ16 часа

(Фото) 30-дневен притвор за скопјанецот што со пиштол крадеше во филијали за брзи кредити

Вчера во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 25-годишниот Б.А. од Скопје. Тој се сомничи дека...

Топ17 часа

На „Дижонска“ уапсен скопјанецот што пукаше со пиштол во Чаир

Вчера околу 20 часот на улицата „Дижонска“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 30-годишниот Р.Т....

Европа18 часа

(Видео) Путин се пофали со летачкиот „чернобил“, Трамп: Треба да ја завршите војната во Украина, а не да тестирате ракети

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека најавата на неговиот руски колега Владимир Путин за тестирање на крстосувачка ракета со нуклеарен...

Македонија19 часа

Две сообраќајни несреќи и одрон на автопатот Скопје – Велес после патарината Сопот

На автопат Скопје – Велес после патарина Сопот пред тунелите на Башино село поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот...

Европа20 часа

Полскиот премиер: Русите имаат една голема предност пред Европа

Полскиот премиер Доналд Туск откри дека украинскиот претседател Володимир Зеленски му рекол во неодамнешен разговор дека Украина е подготвена да...

Европа20 часа

(Видео) Голем напад со дронови врз Москва, одекнуваат експлозии

Москва беше цел на десетици дронови синоќа, потврди градоначалникот Сергеј Собјанин, кој информира за ситуацијата во текот на целата ноќ....

Топ1 ден

Скопјанец ограбил две компании за брзи кредити, па го фрлил оружјето од Камени мост и побегнал во Хрватска

Обвинителството поведе истрага против 25-годишен скопјанец, осомничен за две разбојништва извршени во август оваа година во објекти на компанија за...

Македонија1 ден

Мицкоски: Кога Јакимовски бараше поддршка го замолив да нема бетонизација, а потоа ми рече ‘морам од нешто да живеам’

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од маалска средба во општина Карпош порача дека е време за промена и крај на,...

Македонија1 ден

И меѓународната заедница гледа со неверување дека некој во 21 век може да се однесува така, рече Мицкоски по повиците за етничко гласање во вториот круг

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска од Брвеница испрати порака дека сите кои работат за иднината на државата имаат негова...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче најави политички и кадровски промени во СДСМ

Претседателот на СДСМ,Венко Филипче, во изјава за медиумите по првиот круг од локалните избори истакна дека партијата бележи раст во...

Македонија2 дена

(Видео) СДСМ деновиве ќе одлучи кого ќе поддржи во општините каде што нема свој кандидат за градоначалник

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека партијата во следните денови ќе одлучи кого ќе поддржи во општините каде што...

Свет2 дена

Двајца уапсени по спектакуларната кражба во Лувр: полицијата се сомнева на помош од внатре

Француската полиција уапси две лица осомничени за кражба на непроценливи крунски драгоцености од музејот Лувр, извршена на 18 октомври. Истрагата...

Свет2 дена

Трамп му постави услов на Путин: „Нема да губам време“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин сè додека не се постигне...