Соопштенија
Ѓорчев: Заев и СДСМ да кажат по кои критериуми ќе ги спроведуваат масовните отпуштања по изборите

Изминативе два дена Зоран Заев не даде никаков одговор, на кој начин и врз основа на кој критериум ќе ги спроведува масовните отпуштања и бркање од работа од јавниот сектор, изјави на прес-конференција, Владимир Ѓорчедв од ВМРО-ДПМНЕ.
Во изминативе две години, рече Ѓорчев, политиките на Зоран Заев, Владата и нивните 28 министри доведоа до тоа да Македонија има историски најмногу јавна администрација 150.000 луѓе. Фрапантна администрација од 150.000 луѓе како последица на 20.000 нови вработувања од кадровските списоци на СДСМ.
„Значи кадровските списоци на СДСМ донесоа граѓаните на Македонија, народот преку даноци и економијата да плаќаат 20.000 нови партиски војници. И да дојдеме до фрапантна и невидена досега бројка од 150.000 луѓе во јавниот сектор. Откако ја преполни, буквално ја преполни јавната администрација со пет луѓе во една канцеларија, заради вработување на своите партиски војници преку принципот на Мира Дизел, Зоран Заев сега најавува масовни отпуштања од јавниот сектор. Кои ќе бидат критериумите со кои што тие отпуштања ќе ги спроведе Зоран Заев? Дали тоа значи дека на отстрел ќе бидат професионалците, дека непослушниците ќе бидат на црна листа на СДСМ, во која што било кој ќе се дрзне да им се замери на било кој начин или да не им се допадне ќе биде санкциониран.
Преседанот е дека оваа опасност ги демне луѓето кои што се вработени во образованието, во здравството, во армијата, во полицијата, во општините и во целиот јавен сектор“, истакна Ѓорчев.
Тој праша ако веќе има превработеност зошто секој ден се отвораат десетици нови огласи, за стотици вработувања.
„По кои критериуми Зоран Заев ќе ги врши масовните отпуштања и бркања од работа на неподобните луѓе кое што го најави во своето интервју а има намера да го спроведува после изборите. Неговите партиски вработувања 20.000 на број ја доведоа Македонија да има 150.000 вработени во јавната администрација со огромна превработеност. Зошто сето ова и го прави на Македонија? И кога сето ќе се собере и одземе коа ќе видиме партизирањето кое ни се случува коа ќе ви видиме политиките кои што се спроведуваат имаме еден поразителен, поразителен тренд, а тоа е масовно иселување и заминување од Македонија. Затоа што продуктивните луѓе оние кои што работат оние кои што создаваат не сакаат да ги тераат хировите на власта, семејството на премиерот и сите оние околу него. Таа свита бара огромно одржување и издржување а народот едноставно не сака да го поднесе сето тоа. Видете тоа е она кое што сакаме да го порачаме денес навистина јас немам каков коментар да дадам на сето ова. Внимавајте Македонија дојде до тоа да има 150.000 луѓе во јавна администрација. 150.000 луѓе, па не гласаа луѓето за ова не го ветуваа ова по плоштадите и улиците. 150.000 луѓе кој ќе го издржува тоа? Огласи по нови 100 вработувања, 200 вработувања, 50 вработувања. Во секоја институција изгласаа да има заменик директор, во секоја институција која што има директор секоја мора по закон да има заменик директор“, рече Ѓорчев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Осигурување на имот со Минт Инс – Мир и сигурност пред есенските денови

Есента е сезона на промени, времето станува нестабилно, температурите варираат, а ризиците од поплави, силни ветрови и оштетувања се поголеми. Таа е сезоната кога природата станува непредвидлива и кога најмногу треба да се запрашате: што ако? Токму тука настапуват полисите за осигурување на имот, како начин за ублажување на финансиските последици.
Во Минт Инс, оваа заштита не е комплицирана, туку едноставна и јасна. Од домови и деловни простории, па сè до земјоделски посеви и техничка опрема, секој имот може да биде осигуран на начин што ви дава сигурност и мир.
Што навистина значи да се има осигурување на имот?
Замислете – поплава за време на силен дожд, пожар предизвикан од дефект, или пак кражба токму кога сте на одмор. Ниту еден од овие настани не ги планираме, но тие сепак се случуваат.
Имотното осигурување е таа сигурносна мрежа што може да ги ублажи финансиските последици во ваквите сценарија. Осигурувањето на имот е вид на заштита за вашите недвижности и предмети од вредност од различни ризици и оштетувања. Тоа опфаќа покривање на:
· Пожари, експлозии и удари од гром.
· Поплави и излевање на вода.
· Земјотреси.
· Провални кражби и вандализам.
· Оштетувања предизвикани од временски непогоди.
Со други зборови, овој вид на осигурување е една од најдобрите инвестиции кога станува збор за сигурноста на вашиот дом, деловен простор, техничка опрема, земјоделски посеви, па дури и објекти во градба.
Зошто есента е вистинскиот момент за осигурување на имот?
Есента е сезона кога временските ризици растат, а имотното осигурување е најдобрата одлука што можете да ја направите за да си го заштитите трудот и инвестициите. Вашиот дом, вашиот бизнис или вашето земјоделство не се само објекти и квадратни метри – тие се години работа и спомени.
Кога ќе склучите полиса за осигурување на имот пред или во тек на есен:
· Ќе бидете подготвени за потешките временски услови.
· Ќе избегнете изненадни финансиски трошоци.
· Ќе осигурате мир за себе, семејството или вашиот бизнис.
Ваш имот, наша заштита – Како изгледа имотното осигурување со Минт Инс?
Во Минт Инс имотното осигурување не е еднообразно – туку се прилагодува на вашиот имот и вашите потреби. Како осигурителен брокер во соработка со осигурителните компании, во Минт Инс ја пронаоѓаме најдобрата понуда која одговара на потребите на нашите клиенти.
Еве неколку примери како може да изгледаат тие понуди:
· Полиса што го покрива вашиот дом од пожар и временски непогоди, но и ги заштитува вашите апарати и мебел.
· Заштита за вашата компанија што ги вклучува деловните простории, машините и компјутерската опрема.
· Решение за земјоделците што ги покрива посевите, објектите и алатите.
Секој имот е различен, и затоа во Минт Инс секоја полиса може да се прилагоди според вашиот тип на имот и вашите приоритети.
Што добивате со склучување на полиса за осигурување на имот?
Не добивате само документ. Добивате мир. Тоа чувство дека без разлика што ќе се случи, имате на што да се потпрете.
· Финансиска стабилност: начин да ги рефундирате големите трошоци во непредвидени ситуации.
· Долгорочна сигурност: ќе знаете дека вашиот имот е секогаш заштитен.
· Флексибилност: покрива ризици според вашите реални потреби.
· Лесна апликација: нашиот процес на аплицирање е дизајниран да биде едноставен и брз, директно преку Mint App.
Како да изберете соодветна полиса за осигурување на имот?
Поставете си ги следниве прашања:
· Дали сакате да го осигурате само објектот или и покуќнина?
· Дали вашиот бизнис има специфични ризици (машини, алати, опрема)?
· Дали земјоделското производство бара дополнителна заштита?
Во Минт Инс нашиот тим ви помага да го пронајдете најсоодветното решение, без непотребни компликации.
Минт Инс – Вашиот мир започнува со една одлука
Не дозволувајте еден ненадеен момент да ви го промени животот или бизнисот. Без разлика дали сакате да го заштитите домот, бизнисот или друг недвижен имот, со полиса од Минт Инс ќе добиете мир, стабилност и заштита од непредвидливото.
Не чекајте проблемот да се случи – склучете полиса за осигурување на имот уште денес, затоа што сега е најдоброто време.
За повеќе информации контактирајте на нашиот контакт телефон (15 107), преку емаил [email protected], или посетете не во една од нашите филијали ширум државата.
(ПР)
Соопштенија
(Видео) По тргедијата во Велес, СДСМ бара оставка од Панче и разрешување на цело СВР Велес

„По трагедија во Велес која можеш да биде спречена, овде, пред Министерството за внатрешни работи бараме итно разрешување на цело СВР Велес и одговороност од Панче Тошковски. Осуда и одговорност за овој случај не се прашања на политика туку на човечки и етички норми“, вели Зана Џаферовска од Форум на Жени на СДСМ.
„Жената повеќепати барала заштита, пријавувала закани, насилство, кражби, според некои медиуми над 70 пати. Полицијата знаела, социјалните служби знаеле, институциите не мрднале со прст.
Страшно и болно истовремено. Институциите не успеаја да заштитат живот на една жена и на еден човек. Само поради нивното молчење и непреземање ништо има два згаснати животи.
Ова е порака до сите нас дека системот потфрли. А кога системот не ги штити жените тогаш мора да има одговорност и тој систем мора да се промени од корен.
Жените во Македонија не смеат да живеат во страв живеат во страв за својот живот, и својата безбедност сам затоа што нивните пријави ќе завршат во некоја фиока.
Ние денес сме тука да кажеме: доста е! Уште колку човечки животи треба да згаснат за Тошковски да понесе одговорност?“, изјави Зана Џаферовска од Форум на Жени на СДСМ.
Соопштенија
(Видео) Шукова: Со Зона 30 ќе го запреме дивеењето на скопските улици

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од редовите на СДСМ, Каја Шукова, пред училиштето „Киро Глигоров“ ја презентираше својата визија за побезбедни улици и сигурно движење на најмладите скопјани.
Шукова нагласи дека безбедноста на децата е највисок приоритет и дека Скопје мора да стане град во кој улиците се безбедни за сите.
„Нема ништо поважно од тоа секое дете безбедно да стигне во училиште и безбедно да се врати дома. За жал, секојдневно сме сведоци на ризични ситуации пребрзо возење, небезбедни пешачки премини, недостиг на соодветно осветлување и инфраструктура,“ истакна таа.
Шукова најави проширување на концептот ЗОНА 30, во која максималната брзина е ограничена на 30 километри на час, со современи мерки за смирување на сообраќајот.
„Ќе направиме подигнати пешачки премини и вибрациски ленти, нови и пошироки тротоари, подобро и посилно осветлување на улиците, заштитни пешачки огради, мини кружни текови и стеснување на коловозот за намалување на брзината. Најважно јасно означени зони пред училиштата со големо ШКОЛО на коловозот,“ рече Шукова.
Таа најави и нова мерка ЗОНА ШКОЛО и воспоставување на безбедни рути за движење на деца до секое училиште во Скопје.
„Секој ученик ќе има своја безбедна патека со обележани премини, велосипедски патеки и заштита од возилата“, додаде Шукова.
Посочи дека реализацијата ќе започне на клучни делници: улиците Орце Николов, Варшавска, Владимир Комаров и Георги Димитров, кои ќе добијат ново уредување со подигнати премини, нови тротоари, велосипедски паркинзи и улично осветлување. Потоа, чекор по чекор, концептот ќе се прошири во сите населби: Карпош, Тафталиџе, Кисела Вода, Чаир, Бутел, Ѓорче Петров и останатите.
„Ова не е само инфраструктурен проект, ова е проект за животот, здравјето и иднината на нашите деца. За Скопје да биде модерен европски град, мора прво да биде безбеден град. Да им ја дадеме на нашите деца сигурноста што ја заслужуваат затоа што нивниот живот нема цена“, истакна Шукова.