Црна хроника
Обид за тешка кражба во спортската сала во училиштето „Никола Карев“

Oбвинителстото поднесе обвинение против едно лице, кое се товари дека се обидело да изврши тешка кражба во спортската сала на средното училиште „Никола Карев“.
Од ОЈО велат дека обвинетиот во декември минатата година влегол во соблекувалната во која биле оставени облека, лични предмети и торби на посетителите и започнал да претура во внатрешноста на една од торбите. Во тој момент во соблекувалната дошла оштетената, која го затекнала. Обвинетиот се упатил кон неа, ја оттурнал од вратата на соблекувалната кон скалите и избегал.
По неговото приведување, минатата недела му била определена мерка притвор во траење од осум дена. Ценејќи дека и натаму постои реална опасност тој да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, надлежниот јавен обвинител до судот достави и предлог за продолжување на притворот за обвинетото лице.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Tри девојчиња нападнале 15-годишна тинејџерка во Карпош

Во Карпош пред два дена, 15-годишно девојче било нападнато од три малолетнички, информира СВР Скопје.
Инцидентот бил пријавен в од страна на нејзината мајка.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности.
Во истата скопска општина, вчера бил пријавен и случај со насилство врз 10-годишно момче во основно училиште.
Црна хроника
Жена се повредила додека влегувала во лифтот во МРТВ

Вчера во Градската општа болница Св.Наум Охридски била донесена Е.Т.(52) од Скопје.
Според информацијата од полицискиот билтен, жената се здобила со тешки телесни повреди при влегување во лифт во зградата на МРТВ.
За настанот бил известен трудов инспектор.
Топ
10-годишно момче нападнато во училиштен ходник од врсници, го навредувале и му се заканувале, а снимале и со телефон

Врсничко насилство е регистрирано во полицискиот билтен, што се случило вчера во Основно училиште во скопската населба Карпош.
Според информацијата, вчера околу 14:30 часот во ходник од основно училиште, 10-годишно дете било физички нападнато од двајца негови соученици, кои потоа во училишниот двор му се заканувале и го навредувале, а едниот од нив снимал со мобилен телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.