Свет
Почина поранешниот претседател на Перу кога се застрела во главата
Почина поранешниот претседател на Перу, кој се застрела во моментот кога го апсеа. Алан Гардија почина во болница како последица на ранувањето бидејќи си пукаше во главата, соопшти неговата партија.
Поранешниот претседател влегол во својата спална соба кога ги забележал полицајците пред вратата. Гарсија, кој имаше два мандата како претседател на Перу, е под истрага за поткуп. Гарсија е еден од повеќе од 230 луѓе во Латинска Америка кои се под истрага во случајот на корупција во бразилскиот конгломерат „Одебрехт“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Автомобил влета во луѓе во Минхен, најмалку 20 повредени
Најмалку 20 лица се повредени, од кои некои критично, кога автомобил удрил во нив во германскиот град Минхен, соопшти полицијата.
Сè уште не е јасно дали возачот го направил тоа намерно или се работи за несреќа. Возачот е задржан на местото на настанот и повеќе не претставува опасност, додава полицијата.
Инцидентот се случил на локација каде што синдикатот на транспортните работници организирал демонстрации, јавуваат локалните медиуми. Портпаролот на полицијата за германските медиуми изјави дека истражуваат дали инцидентот е поврзан со демонстрациите.
Градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер, изјави дека меѓу повредените има и деца.
„Длабоко сум шокиран. Моите мисли се со повредените“, изјави тој за локалните медиуми.
Инцидентот се случи неколку часа пред светските лидери, вклучително и украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот потпретседател Џ. Д. Венс, да пристигнат на Минхенската безбедносна конференција в петок.
Инцидентот се случил на речиси 1,5 километар од местото на безбедносната конференција.
Областа е затворена и на луѓето им е препорачано да го избегнуваат местото на несреќата.
Свет
Први фотографии од Минхен по упадот на автомобил во група демонстранти
Најмалку 15 лица се повредени кога автомобил „мини купер“ влетал во група луѓе во Минхен, Германија. Според непотврдени информации, автомобил влетал во група демонстранти.
По инцидентот, возачот е уапсен. На стампедото наводно му претходело пукање, пренесува „Билд“.
🚨Breaking News🚨
A car has ploughed into a crowd in a street in Munich streets of Dachauer Straße / Seidlstraße.
At least 15 people have been injured. pic.twitter.com/eNFAkcXlYj
— David Atherton (@DaveAtherton20) February 13, 2025
На социјалните мрежи се појавија првите фотографии од местото на настанот, на кои се гледаат голем број полицајци и пожарникари околу автомобилот што го предизвика инцидентот.
На фотографиите се гледаат и луѓе што лежат на земјата.
Според очевидци на местото на настанот, автомобилот намерно влетал во група луѓе на улицата.
Засега не е познато што му претходело на инцидентот.
Европа
Шолц: Следната задача е да се осигури дека нема наметнат мир за Украина
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека договорот за ставање крај на војната во Украина не треба да му се наметнува на Киев откако американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор се согласи да ги отвори преговорите со рускиот претседател Владимир Путин.
„Следната најважна задача е да се осигуриме дека мирот не му е наметнат никому“, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц за „Политико“.
Тој нагласи дека на Украина треба да ѝ се остави доволно простор за развој и по прекинот на огнот. Ова важи и за воените сили.
„Украина мора да има силна армија, поголема пред војната, а таа армија мора да биде опремена и со западно оружје“, рече канцеларот.
АФП пренесува дека Шолц во интервјуто нагласил дека трансатлантското единство мора секогаш да биде загарантирано.
Шолц додаде дека исто така не треба да има конечно решение, без согласност на САД, и ја истакна улогата на американскиот претседател Доналд Трамп.
„Разговорите што ги имав со американскиот претседател и разговорите на моите советници со советниците на Доналд Трамп одат во насока на надеж и очекување дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Украина“, рече Шолц.
Канцеларот во исто време ја отфрли можноста за испраќање германски војници во Украина во овој момент.
„Сите знаат дека тоа сега не доаѓа предвид“, рече тој.
Во оваа фаза „не е јасно под кои услови Украина би била подготвена да се согласи на мировен договор“, рече Шолц.