Црна хроника
Кратовец со пушка го застрелал соседот, по што извршил самоубиство

Во кратовското село Луково во попладневните часови на 17 април се случил грозоморен инцидент на убиство и самоубиство.
Како што информираат од МВР, 57-годишен кратовец, кој имал здравствени проблеми, отишол до куќата на својот 66-годишен сосед и со неговата ловечка пушка, што ја поседувал со дозвола, испукал еден куршум и го застрелал соседот, кој починал на местото на настанот.
Потоа 57-годишникот со пушката заминал пред својата куќа и во дворот се самоубил.
По наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени во Институтот за судска медицина – Скопје за обдукција. Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кратово и се работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Центарот за социјални работи пријави обљуба врз малолетник на Бит-пазар

На 14 октомври, околу 00:30 часот, во Полициската станица Бит Пазар од Центарот за социјални работи било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар едно лице извршило обљуба врз малолетен штитеник на центарот, информира МВР.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Тинејџер ја нападнал 18-годишната девојка во Скопје

Oсумнаесетгодишна девојка пријави во МВР дека на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзиниот 19-годишен партнер од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
83-годишник паднал од мотор во Струмичко, тешко повреден

Вчера во селото Зубово, струмичко, се случила сообраќајна несреќа. Како што информира МВР, 83-годишниот К.С. од Зубово, управувајќи мотоцикл „хонда“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и паднал на коловозот.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Медицинскиот центар во Струмица.
На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Струмица.