Свет
Владата на Либија ги прекина односите со Франција и ја обвини за поддршка на бунтовниците

Либиската Влада на национална спогодба (ГНА) поддржана од ОН во четвртокот ја обвини Франција дека го поддржува бунтовничкиот командант Калифа Хафтар и рече дека ќе ја прекине севкупната безбедносна соработка со Париз.
Во изјавата од Министерството за внатрешни работи на ГНА со седиште во Триполи се вели дека владата ги суспендирала „сите односи меѓу министерството и француската страна“ поради „позицијата на француската влада за поддршка на криминалецот Хафтар“.
Како одговор на таквите обвиненија, француски претседателски извор рече дека Франција ја поддржува меѓународно признаената влада во Триполи.
Во февруари, Франција ѝ обезбеди шест патролни бродови на владата на Триполи.
Сепак, во минатото Париз му даваше поддршка на Хафтар, гледајќи го како најдобра шанса за да се стави крај на хаосот што владееше од времето кога четиридецениска влада на Гадафи беше срушена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Бугарија обезбедува превоз и сместување за семејствата на повредените во пожарот во Кочани

Бугарските дипломати обезбедуваат превоз од Македонија до Бугарија и гарантираат дека оние што ќе пристигнат ќе имаат каде да се сместат.
Амбасадата на Бугарија во Скопје, заедно со Ситуациониот центар на Министерството за надворешни работи, помага во транспортот и сместувањето на роднините и пријателите на повредените од пожарот во Кочани, Македонија, кои се пренесени во бугарските болници, јави БГНЕС.
Бугарската држава прими 14 од повредените, кои беа пренесени со воен авион „Спарта“ и шест амбулантни возила.
Бугарската амбасада во Скопје ги известила најблиските членови на семејството на лицата кои се лекуваат во Софија, Пловдив и Варна дека Бугарија е подготвена да им обезбеди превоз и сместување за потребниот период на лекување.
Свет
(Видео): Двегодишно момче во САД пронашло пиштол и го застрелало својот близнак

Двегодишно дете е во болница откако случајно било застрелано од неговиот брат близнак, пишува Дејли мејл. Полицијата на округот Хенри одговори на дојавата за пукање во дом во Хемптон, Џорџија, пред пет дена околу пладне. Детето, чиј идентитет и пол не се објавени, било пренесено со хеликоптер од домот на 200 Robin Hood Lane, во мирна населба јужно од Атланта.
Службениците за итни случаи од пожарникарската и спасувачката служба на округот Хенри му пружиле прва помош на детето на местото на настанот пред да биде пренесено во болница. Според официјалните информации, детето е оперирано и сега е во стабилна состојба. Полицијата ја опколи куќата во која се случи престрелката. Жителите на населбата изјавија за Fox5 дека полицајците блокирале дел од улицата додека трае истрагата.
Истражителите веруваат дека братот близнак на детето го пронашол пиштолот и случајно го испукал. Засега не се знае кој го поседува оружјето и за каков тип на пиштол се работи, а за инцидентот засега никој не е обвинет.
На фотографиите од местото на настанот се гледа како инспекторите ја пребаруваат еднокатната куќа, која е одвоена од остатокот од улицата со полициска лента. Пред куќата може да се видат детски играчки, вклучувајќи мал автомобил и кошаркарски обрач.
Регион
Вучиќ: Ќе имаме избори на 8 јуни доколку не се формира нова влада до 18 април

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера на владина седница изјави дека оставката на премиерот Милош Вучевиќ ќе биде констатирана на седница на Собранието во вторник или среда. Од тој момент почнува да тече рокот за формирање нова влада.
Како што рече Вучиќ на седницата, тоа значи дека 18 април е крајниот рок за формирање на влада во Србија.
„Ако сакате, а ако не, тогаш одиме на избори, каде што рокот е од 45 до 60 дена. Тоа значи дека, ако не се формира влада, изборите би биле на почетокот на јуни – 1 или 8 јуни. Пологично е 8 јуни“, рече Вучиќ.
Да потсетиме, српскиот премиер Милош Вучевиќ поднесе неотповиклива оставка на вонредна прес-конференција на крајот на јануари, што доведе до пад на целата влада. Падот на владата доаѓа во време на студентски и граѓански протести кои траат повеќе од три месеци, барајќи од властите да одговараат за несреќата во Нови Сад, кога 15 лица загинаа при уривање на настрешница на станицата.