Економија
Тевдовски: СБ одобри 420 милиони долари за проекти

Бордот на извршни директори на Светска банка ја одобри четиригодишната Рамка за партнерство со Република Северна Македонија, која содржи проекти во вредност од околу 420 милиони. Преку овие проекти ќе се поддржи изградба на инфраструктура, вложување во човечки капитал и фискална и одржливост на животна средина.
Министерот за финансии, Драган Тевдовски, го поздрави донесувањето на Рамката за партнерство и истакна дека Светска банка е наш партнер во развојот и подобрувањето на животниот стандард на сите граѓани.
„Со овие средства ќе се поддржат проекти што ќе ги подобрат условите за живот на граѓаните и ќе се постигне праведен раст. Тоа ќе се реализира преку вложување во подобра инфраструктура, подобра деловна клима, подобро образование и други проекти кои ќе продуцираат повисок економски раст“, вели Тевдовски.
Проектите се поделени на три области. Првата област ќе го подобри деловното окружување за поконкурентен приватен сектор. Тоа ќе се реализира преку инвестиции во инфраструктурата со кои ќе се подобри поврзаноста. Исто така, предвидени се проекти за подигнување на конкуретноста и иновативноста на фирмите.
Проектите од втората област ќе го поддржат развојот на човечкиот капитал, преку инвестиции во образованието, обезбедување подобар пристап до социјални услуги за најранливите граѓани и поттикнување поинклузивно учество на пазарите на труд.
Третата област се однесува на проекти за зајакнување на управувањето со јавните финансии и поголема одржливост на енергетските извори.
Како дел од Рамката за партнерство со земјата е и проектот со Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), кој министерот за финансии, Тевдовск,и го договори во рамки на Пролетните средби, а се однесува на поврзување на домашните компании со странските инвеститори.
Инаку, еден од проектите од Рамката беше усвоен вчера од Бордот на директори на Светска банка. Станува збор за Проектот за олеснување на трговијата и транспортот помеѓу земјите од Западен Балкан. Тој ќе го олесни тргувањето во регионот и ќе ги намали трошоците за фирмите. Станува збор за проект во вкупна вредност од 140 милиони долари, од кој првата фаза 90 милиони долари. Уделот на Република Северна Македонија во проектот е 30 милиони долари. Проценето е дека преку овој проект извозните и увозните трошоци за фирмите ќе се намалат за околу 10%.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
ВМРО-ДПМНЕ: Една година нема проблем со откуп и со висина на откупна цена на земјоделски производи

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Трајан Димковски, претседател на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.
„СДС имаше неисплатени субвенции од 2021 година па навака. Кога дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт, ги исплати сите заостанати субвенции и продолжи со редовна исплата.
За разлика од времето на СДС, сега субвенциите се исплаќаат редовно и завршуваат кај вистинските земјоделци.
Веќе една година нема проблем ниту со откупот ниту со висината на откупната цена, напротив, имаме досега највисоки откупни цени и за тутунот и за грозјето и за пченицата и за раноградинарските култури.
Пченицата се откупува сега за 12 денари, а министерството ќе покрие и други трошоци на земјоделците.
Откупните цени на винското грозје за 2025 година, поконкретно за Вранец се 21.3 денари, а за Смедеревка 18.9 денари.
МЗШВ нема скратено средства за земјоделците. Тоа е одлика на СДС, кога не им ги исплаќаа субвенциите и ги оставаа со празни раце, па си делеа тендери и фотелји меѓу нив.
Земјоделците јасно го имаа искажано револтот кон СДС, а го искажаа и сите останати граѓани“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Економија
(Видео) Мицевски: Обезбедени се средства од двата повици на Владата за Крива Паланка, ВМРО-ДПМНЕ се грижи за сите општини и сите граѓани

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, денеска од Крива Паланка изјави дека преку двата повици на Владата, за општината се обезбедени вкупно 3,3 милиони евра. Тој истакна дека токму тоа е доказ дека новата влада се грижи подеднакво за сите општини и сите граѓани.
„Во последната година, со централна власт од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, обезбедени се 800 илјади евра од првиот повик за општините и уште 2,5 милиони евра од вториот повик – само за Крива Паланка“, рече Мицевски.
Тој ја критикуваше актуелната локална самоуправа, посочувајќи дека во изминатите три години биле реализирани капитални инвестиции од само 3 милиони евра, што, според него, е резултат на „безидејноста“ на градоначалникот.
„Денеска разговараме со граѓаните за сите проблеми, нереализирани проекти и лажни ветувања кои ги добиваа со години“, изјави Мицевски.
Во својата изјава тој потенцираше дека „Крива Паланка има потреба од промени“ и најави дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе понудат ново раководство кое ќе одговори на потребите на граѓаните.
Економија
(Видео) Димковски: Со 10 денари за откуп на пченица ВМРО-ДПМНЕ го закопа македонското земјоделство

Се случува хаос во земјоделието, земјоделците се оставени сами на себе едвај да преживуваат во тешки услови, кажа денеска на прес-конференција, Трајан Димковски, претседател на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.
Димковски вели дека ВМРО-ДПМНЕ и Цветан Трипуновски не знаат да креираат вистински политики за развој на земјоделството.
„Лажeа пред избори дека ќе донесат нови мерки, дека ќе има повеќе пари за субвенции. Реалноста на терен е сè посурова, а македонското земјоделството тоне секој ден. Оваа година, откупната цена на пченицата падна драстично, само 12 денари за килограм, па дури и помалку. 25.000 земјоделци кои произведуваат пченица на 70.000 хектари се директно засегнати. И овие 12 денари што Трипуновски сака да ги преставува како висока откупна цена, на терен се пониски. По 12 денари за килограм ќе биде откупен само еден мал дел или околу 20%, а другото од околу 80% ќе биде откупено по цена од 10 денари“, кажа Димковски.
Тој истакна дека во времето на СДСМ, пречницата се продавала и по 17 денари за килограм.
„За да им помогне, СДСМ заедно со земјоделците поднесе и амандман за поддршка од 5 денари по килограм за предадена пченица. Но власта немаше слух. Не е само проблемот со откупот на пченицата и ниските цени. Власта скрати пари за земјоделците, 478 милиони денари помалку има со новиот ребаланс. Од вкупниот годишен буџет за субвенции кој во моментот е 7,2 милијарди денари се крати на 6,7 милијарди денари. Само за споредба во 2024 година се исплати 8,4 милијарди денари од овие бројки се гледа дека буџетот за субвенции е намален за близу 30 милиони евра. Лозарите и ова година повторно беа превеслани од Трипуновски. Според Законот за вино обврската на министерството е да објави производна цена најдоцна до 15 јули на двете најзастапени сорти грозје – „вранец“ и „смедеревка“. Тоа не се случи. Бидејќи рокот е поминат го повикуваме Трипуновски веднаш да ја објави. Во интерес на јавноста, лозарите и откупувачите на грозје треба да се знае дека по објавување на производната цена се формира продажна цена а таа треба да е зголемена за 25% од производната. Очајно е тоа што оваа година Трипуновски како историска цена се обиде да ја прикажува откупната цена од 21,3 денари за вранец и 18,9 денари за смедеревка. Замислете за „историската цена“ се зборува која е зголемена само за 50 дени. Срамно и понижувачко“, рече Димковски на прес-конференцијата.