Црна хроника
Седумгодишно девојче тешко повредено во училишен двор
Вчера околу 12.00 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека во село Топлица, Гостиварско, седумгодишна ученичка паднала во кругот на училиштето и се здобила со тешки телесни повреди.
Според пријавеното, за време на одмор, обидувајќи се да се напие вода од чешмата во кругот на училиштето, девојчето се лизнало и паднало. По укажаната лекарска помош во болницата во Гостивар, била пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пукано кон возило во населбата „11 Октомври“
Вчера во 21.13 часот во СВР Скопје, Б.Ј. од Скопје пријавил дека едно лице од огнено оружје пукало во неговото патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, паркирано пред неговата куќа на подрачјето на населбата „11 Октомври“ во Скопје.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кисела Вода и биле пронајдени четири чаури.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанка ограбена на Бит Пазар, насилно и било одземено ланче
Вчера во 16 часот во СВР Скопје, 63-годишната С.А. од Скопје пријавила дека околу 14.55 часот на подрачјето на Бит Пазар едно лице со употреба на физичка сила ѝ одзело ланче.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Обид за силување во Штип
Вчера во 22.00 часот во СВР Штип, 30 – годишна жена од штипско пријавила дека на 05.10.2024 пред влезот во Штип, едно лице со закана се обидело да изврши обљуба врз неа.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.