Култура
На Скопје филм фестивал претставени новите кратки македонски филмови
Во рамки на програмата Македонска продукција на 22. Издание на Скопје филм фестивал, синоќа беа прикажани три краткометражни филмови од најновата македонска продукција.
„Неонски срца“ во режија на Ана Јакимска, по нејзино сценарио во соработка со Диана Воинеа од Романија е современа приказна за еден средовечен геј маж кој живее двоен живот и почнува да се сомнева дека својата „настраност“ ја вовел во семејството.
Со Јордан Симонов во главна улога, дел од актерската екипа се и Гордана Ендровска, Симеон Дамевски, Симон Палитов, Гзим Жерка.

„Голема благодарност до целата екипа која се вложи во овој филм и до сите пријатели кои несебично ни помогна“, рече Јакимска. Таа веќе имаше успех со својот претходен краток филм „Ќе дојдат децата“ кој беше номиниран за најдобар краток игран филм на Меѓународниот филмски фестивал во Шангај во 2017, а беше прикажан и награден на многу филмски фестивали ширум светот. Таа е автор на два кратки играни филмови („Ќе дојдат децата“, „Надвор е ладно“), еден краток документарен филм („Би се викал Барбара“) и неколку музички видеа.

„И(с)згубени“ на режисерот од Охрид, Антонио Велјановски е филм за осаменоста, надежта и љубовта. Кога осамениот пензиониран лингвист Рудолф (77), оди во поштата, по пат е следен од едно куче од кое не може да се ослободи. Ова ќе доведе до целосна и неочекувана промена во неговиот живот.
Главните улоги во филмот ги толкуваат легендарниот чешки актер Јан Качер и позната чешка актерка Марие Дурнова.Авторската екипа на филмот ја сочинуваат: сценарио и режија Антонио Велјаноски; директор на фотографија Владимир Димоски; сценограф и костимограф Катерина Јирманова; Монтажа Лука Џикановиќ и Антонио Велјаноски; композитор Игор Василев Новоградска; продуцент на сет Зоран Вељаноски Летра. Продуцент на филмот е Елена Станишева.Филмот е во копродукција со ФАМУ и ФАМУ Студиото од Чешка.
Во краткиот филм „Запирка“ на режисерот Сезер Салихи е со актеритеАнастас Тановски и Синоличка Трпкова. Сценариото е на Салихи и Амед Коркмаз, продуцент е Генц Халими, кој е и директор на фотографија.
Режисерот Сезер Салихи завршил филмска режија на Истанбул Комерс Универзитетот, а роден е во Скопје, неговиот претходен краток филм е „Јуџелџилер“.Авторските екипи на филмовите по проекциите се поклонија пред публиката во кино „Фросина“.
Во понеделник по проекцијата на филмот „Киселина“ во 20 часот во кино Фросина, на прашања од публиката ќе одговара гостинката на фестивалот, актерката Анастасија Евграфова.
Програма за 21 април:
Кино Фросина
18:00 СВЕТОТ Е ТВОЈ /THE WORLD IS YOURS France, 2018, 94 min.
Режија/Director: Romain Gavras
Улоги/Cast: Karim Leklou, Vincent Cassel, Isabelle Adjani
20:00 ГРЕТА / GRETA Brazil, 2019, 97 min.
Режија/Director: Armando Praça
Улоги/Cast: Marco Nanini, Denise Weinberg, Gretta Sttar
*слободен влез
22:00 ФАРЕНХАЈТ 11/9 FAHRENHEIT 11/9 USA, 2018, 128 min.
документарен филм
Режија/Director: Michael Moore
Улоги/Cast: Jim Acosta, Alexandria Ocasio-Cortez, Ashleigh Banfield
Кинотека
19:00 СРЕЌЕН КАКО ЛАЗАРО / HAPPY AS LAZZARO
Italy, Switzerland, France, Germany, 2018, 127 min.
Режија/Director: Alice Rohrwacher
Улоги/Cast: Nicoletta Braschi, Sergi López
21:00 ЛИВАДА / THE MEADOW Macedonia, 1998, 20 min.
Режија/Director: Mitko Panov Улоги/Cast: Meto Jovanovski, Josif Josifovski,
Flora Kadriu
22:00 КЛИМАКС / CLIMAX France, 2018, 96 min.
Режија/Director: Gaspar Noé
Улоги/Cast: Sofia Boutella, Romain Guillermic, Souheila Yacoub
Програмата и распоредот на филмовите и настаните видете ги на HYPERLINK “http://www.skopjefilmfestival.com.mk/” http://www.skopjefilmfestival.com.mk/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Приказната за Брижит Бардо и синот што не го посакувала: се помириле дури во подоцнежните години
Филмската икона Брижит Бардо, која почина на 91-годишна возраст, зад себе остави еден син – Никола-Жак Шарије, дете чијшто доаѓање никогаш не го посакувала. Нивниот однос со децении бил исполнет со горчина, дистанца и судски спорови.
Бардо го родила синот во 1960 година, во брак со актерот Жак Шарије, нејзин колега од филмот „Бабет оди во војна“. Бременоста ја доживувала како најголема трагедија во животот и никогаш целосно не ја прифатила улогата на мајка. Во тоа време абортусот во Франција бил нелегален, а актерката, преплашена и очајна, безуспешно се обидувала да најде лекар што би ѝ помогнал да ја прекине бременоста.
Во своите мемоари „Initiales B.B.“ од 1996 година, Бардо го опишала детето што го носела како „мал тумор“. Напишала: „Го гледав мојот рамен, виток стомак во огледало како драг пријател, на чиј ковчег токму требаше да го спуштам капакот“. Во едно интервју изјавила дека „подобро би родила мало куче“.
За време на бременоста се удирала во стомакот, а од лекарите барала морфиум со надеж дека ќе предизвика абортус. Патела од мачнини и депресија и се криела од јавноста, бидејќи не сакала никој да ја види бремена.
Породувањето било вистински медиумски циркус што дополнително ја трауматизирало. „Беше лудило. Во мојата куќа беше поставена импровизирана породилна сала, фотографи зад прозорците, некои маскирани како лекари. Немаше никаква приватност. Беше ужасно“, напишала таа. Само осум месеци по породувањето, Бардо се обидела да си го одземе животот.
По разводот со Шарије во 1962 година, целосното старателство над синот му припаднало нему. Никола со години не ја гледал мајка си, а кога на 12-годишна возраст побарал да живее со неа – таа го одбила.
Односот со децении бил напнат. Никола не ја поканил мајка си на својата свадба во 1984 година, а по објавувањето на нејзината автобиографија целосно го прекинале контактот. Поради навредливите изјави ја тужел и добил отштета. Во 1990-тите се судриле и поради алиментација, кога судот ѝ наложил да му исплати 250.000 франци.
Сепак, во подоцнежните години односите се подобриле. Во интервју за „Var Matin“ во 2018 година, Бардо изјави: „Редовно се слушаме. Живее во Норвешка и ме посетува еднаш годишно, сам или со семејството, сопругата и моите внуки“. Додаде: „Го сакам на посебен начин. И тој ме сака мене“.
Никола-Жак денес има 65 години, живее во Норвешка со сопругата, има две ќерки и во меѓувреме станал и дедо.
Фото: Илустративна фотографија (Pexels)
Култура
Герасимовски: „Џез под ламба“ ги сплоти скопјани, незаборавна џез вечер и празнична магија во Центар
На пјацетата пред Италијанската амбасада граѓаните уживаа во музика, греано вино и печени костени.
Настанот „Џез под ламба“, во организација на Општина Центар, создаде пријатна празнична атмосфера, исполнета со џез верзии на познатите божиќни песни и стари шлагери во изведба на бендот на Мартина Елиора.
„Ме радува што настанов и годинава привлече голем број посетители. Овие радосни и среќни луѓе се доказ дека на градот му недостигаат вакви содржини. Џез под ламба прерасна во убава традиција, која ја збогати културната сцена во градот“, рече градоначалникот, Горан Герасимовски, кој заедно со скопјани уживаше во празничниот амбиент и џез атмосферата.
Герасимовски, ја искористи можноста да ги покани сограѓаните на централниот предновогодишен настан во организација на Општина Центар.
„Ги поканувам сите скопјани на 29 декември на големата предновогодишна забава “Вечер под ѕвездите” на Боемска улица! Преку ден подготвивме богата детска програма, а во вечерните часови музичка журка со Brass Brothers и Либеро бенд. Ветувам добра забава за сите генерации“, порача градоначалникот.
Култура
Почина Брижит Бардо
Француската актерка Брижит Бардо починала денеска на 91-годишна возраст, пренесе „Гардијан“.
Бардо, француска актерка и пејачка која стана меѓународен секс-симбол, а подоцна ѝ го сврте грбот на филмската индустрија и се посвети на борбата за правата на животните, починала во 91. година од животот.
Меѓународната слава ја стекна со филмот And God Created Woman од 1956 година, кој го напиша и режираше нејзиниот тогашен сопруг Роже Вадим. Во наредните две децении, Бардо беше олицетворение на архетипскиот „секс-симбол“. На почетокот на 1970-тите, таа објави дека се повлекува од глумата и стана сè поактивна во јавниот и политичкиот живот.
Нејзината отворена поддршка за правата на животните со текот на времето беше проследена и со контроверзни изјави за етничките малцинства и јавна поддршка на францускиот крајнодесничарски Национален фронт, поради што беше осудувана за расна омраза.
Родена во 1934 година во Париз, Бардо пораснала во богато, традиционално католичко семејство. Како талентирана танчерка, ѝ било дозволено да студира балет и добила место на престижниот Париски конзерваториум. Паралелно работела како манекенка и во 1950 година, на само 15 години, се појавила на насловната страница на списанието „Ел“.
Манекенската кариера ѝ ги отворила вратите кон филмот, а на една аудиција го запознала Роже Вадим, за кого се омажила во 1952 година, откако наполнила 18 години. По неколку помали улоги, се истакна и во филмот Doctor at Sea од 1955 година, кој беше голем хит во Велика Британија.
Филмот And God Created Woman, во кој ја играше улогата на ослободена тинејџерка во Сен Тропе, го зацврсти нејзиниот имиџ и ја претвори во светска икона. Филмот доживеа голем успех во Франција и во светот и ја лансираше Бардо меѓу најголемите француски филмски ѕвезди.
Во 1960-тите години, Бардо се појави во низа значајни француски филмови, меѓу кои The Truth на Анри-Жорж Клузо, номиниран за Оскар, Very Private Affair на Луј Мал и Contempt на Жан-Лик Годар. Подоцна прифати и холивудски понуди, како Viva Maria! и вестернот Shalako со Шон Конери.
Во интервју за „Гардијан“ во 1996 година, Бардо изјави дека притисокот од славата го доживувала како товар, велејќи дека никогаш не била подготвена за живот на ѕвезда. Од глумата се повлече во 1973 година, на 39-годишна возраст. Потоа целосно се посвети на активизмот за заштита на животните, учествуваше во протести против ловот на фоки и во 1986 година ја основа Фондацијата „Брижит Бардо“.

