Свет
Во одрон во Колумбија загинаа 19 лица, а 14 се водат за исчезнати

Најмалку 19 лица загинаа, а 14 се водат за исчезнати во одронот што се случи во неделата во руралната област на југозападна Колумбија, соопшти службата за спасување.
Во одронот предизвикан од силниот дожд се затрупани осум куќи во селото Росас, во колумбиската држава Каучи.
Властите стравуваат дека четиринаесетте лица што се водат за исчезнати се исто така мртви, соопшти пожарникарскиот бригадир Хуан Карлос Ганан.
Llegamos a Rosas, Cauca, a traer soluciones y respaldo a la comunidad. Los acompañamos en este difícil momento, tienen el apoyo de todo el país. Estamos tomando las acciones necesarias para atender a los damnificados. Le pedimos a Dios por las personas fallecidas y sus familias. pic.twitter.com/IH88xMhdpm
— Iván Duque (@IvanDuque) April 22, 2019
Во одронот што се случи во неделата пред зори тројца беа повредени и е затрупан дел од панамериканскиот автопат.
Колумбискиот претседател, Иван Дуке, испрати сочувство до семејствата на жртвите преку „Твитер“. Дуке го посети местото на несреќата и на жртвите им вети помош од владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Путин се сретна со Додик

Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со Милорад Додик на маргините на 22-от годишен форум на Меѓународниот дебатен клуб Валдај во Сочи. За време на состанокот, Путин ја опиша ситуацијата во Република Српска како сложена.
„Многу ми е драго што повторно се сретнав со вас, овој пат во Дебатниот клуб Валдај во Сочи. Неодамна, на 15 септември, го прославивте Денот на српското единство. Би сакал да ви честитам. Знам дека ситуацијата во вашата земја е исклучително тешка. Дури може да се каже дека е сложена“, рече Путин, додавајќи дека сака да ја чуе оценката на Додик.
Во исто време, рускиот лидер нагласи дека неговиот соговорник прави многу за градењето односи со Русија. Пред оваа средба, Путин зборуваше на форумот на дебатниот клуб, а Додик беше почесен гостин.
Додик беше осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за политичка активност од страна на Судот на Босна и Херцеговина, по што Централната изборна комисија му го одзеде мандатот како претседател на РС. Предвремените избори за негов наследник ќе се одржат на 23 ноември.
Европа
Прекинат воздушниот сообраќај на аеродромот во Минхен, забележани се дронови

Воздушниот сообраќај беше прекинат преку ноќ на аеродромот во Минхен поради прелет на дрон, чие потекло се истражува, изјави портпарол на германската полиција за АФП, откако неколку европски земји пријавија воздушни упади што ѝ се припишуваат на Русија.
Според соопштението на аеродромските власти, 17 летови што требало да тргнат од Минхен беа откажани таа вечер, што влијаеше на речиси 3.000 патници. Сè уште не е познато кога летовите ќе бидат обновени.
Петнаесет летови што требаше да слетаат во Минхен беа пренасочени и кон Штутгарт, Нирнберг, Виена или Франкфурт.
Во четврток околу 21:30 часот, неколку лица забележаа дронови во близина на аеродромот, потврди портпаролот на полицијата.
Баварските власти започнаа истрага за да ги идентификуваат дроновите и нивното потекло.
Потоа дроновите повторно беа забележани, овој пат над аеродромската област, што доведе до затворање на обете писти околу 20:30 часот.
И покрај интервенцијата на полициските хеликоптери, „нема достапни информации за видот и бројот на дроновите“ или нивното потекло, изјави портпаролот.
Инцидентот се случил пред последниот викенд од Октоберфест, кој привлекува стотици илјади луѓе во Минхен секој ден.
Фестивалот на пивото во баварскиот град беше затворен половина ден во среда поради закана со бомба.
фото: принтскрин
Европа
Полицијата го идентификуваше напаѓачот во Манчестер: уште тројца уапсени

Полицијата за борба против тероризмот потврди дека напаѓачот во утринскиот напад врз синагогата во Манчестер е 35-годишниот Џихад ал Шами, британски државјанин од сириско потекло.
„Врз основа на она што го знаеме во моментов, нашите евиденции не укажуваат на какви било претходни антитерористички истраги во врска со ова лице“, соопшти полицијата.
Тие додадоа дека три лица – двајца мажи на возраст од 30 години и една жена на возраст од 60 години – се уапсени и се приведени под сомнение за извршување, подготовка и поттикнување терористички акти.
Двајца мртви на местото на настанот, тројца тешко повредени
Полицијата потврди дека двајца мажи се прогласени за мртви на местото на нападот, додека тројца други мажи се во болница со сериозни повреди. Еден од нив претрпел убодна рана, друг бил удрен од автомобил вклучен во нападот, а трет подоцна сам отишол во болница со повреда за која се сомнева дека ја здобил додека полицијата го запирала напаѓачот.