Свет
Русија ќе го сослуша лондонскиот нарачател на убиството на Политковскаја
Рускиот Истражен комитет е подготвен да го сослуша Ахмед Закајев, чеченскиот милитантен лидер во егзил во Лондон, кој е обвинет дека го испланирал и нарачал убиството на руската новинарка Ана Политковскаја од 2016 година, изјави адвокатот Ана Ставитскаја за ТАСС.
„Ние самостојно го сослушавме Закајев, кој тврдеше дека не бил вмешан во убиството на Политковскаја. Им го презентиравме ова сослушување на иследниците, кои се согласија да го вклучат во досиејата на случајот и го прифатија нашето барање за спроведување официјално сослушување на Закаев од Лондон во рамките на обезбедувањето правна помош од агенциите за спроведување на законот на Обединетото Кралство“, рече Ставитскаја, кој е адвокат на жртвите.
Адвокатката не даде какви било детали за можен датум за ова сослушување. Според неа, руските истражители треба да поднесат барање до агенциите за спроведување на законот на Обединетото Кралство.
На 7 октомври 2006 година Ана Политковскаја, колумнист на дневниот весник „Новаја газета“, беше застрелана во лифтот од зградата во која живеела во Москва.
Судот утврди дека во јули 2006 година Чеченот Лом-Али Гајтуакајев добил налог за убиство на Политковскаја. За убиството регрутирал тим, кој се состоел од службеникот во Министерството за внатрешни работи, Дмитриј Павличенков, браќата Махмудов и поранешниот полицаец Сергеј Каџикурбанов, кој беше ослободен од затвор во септември 2006 година.
Инспекторите откриле дека Павличенков им наредил на своите подредени да ја следат Политковскаја, а подоцна им ги предал овие информации и оружјето на сторителот на кривичното дело, Рустам Махмудов и неговите соучесници.
Сите обвинети во случајот биле осудени од страна на Градскиот суд во Москва на долги затворски казни. Павличенков ги идентификувал прогонетиот руски тајкун Борис Березовски и чеченскиот милитантен лидер Ахмед Закајев како нарачатели на убиството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

