Свет
Судиите во Киев поднесоа жалби против Порошенко, го обвинуваат за притисок

Судиите на обласниот Управен суд во Киев, кои ја донесоа одлуката за денационализација на Приватбанк, поднесоа претставки до канцеларијата на јавниот обвинител и до Државниот завод за истраги против актуелниот претседател Петро Порошенко, шефот на Народната банка и министерот за правда обвинувајќи ги за мешање и за притисок, пренесува ТАСС.
Панелот-судии се пожалија до шефот на Врховниот судски совет за интервенција во нивната активност и побараа од канцеларијата на јавниот обвинител и Државниот завод за истраги да го истражат кривичното дело што треба да се разгледува во согласност со Законот за кривичната постапка на Украина.
Судиите побараа предистражната постапка за шефот на државата, министерот за правда и гувернерот на Народната банка и обвинение на виновниците.
Судиите тврдат дека украинското раководство во коментарите, со кои ја прават нивната одлука за национализацијата на Приватбанк нелегална, дале одредени забелешки што претставуваат директна закана за судскиот систем на Украина и загрозувањата на неговата независност и непристрасност.
Судиите побарале заштита од произволни и нелегални дејства од страна на високи функционери и спречување такви случаи во иднина.
Обласниот административен суд во Киев минатата недела го разгледуваше барањето на украинскиот бизнис-магнат Игор Коломојски за прогласување на национализацијата на Приватбанк за нелегална. Потоа, претседателот Порошенко ја одобри одлуката на Народната банка да ја обжали пресудата на судот дека национализацијата на Приватбанк била нелегална.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Спремни сме на директни разговори со Русија

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Украина е подготвена за директни разговори со Русија по прекинот на огнот
„Подготвени сме да седнеме во кој било формат“, изјави украинскиот претседател за новинарите на брифинг.
Да потсетиме дека вчера и рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен за директни преговори со Киев.
Во изјавата за новинарите, Путин рече дека би било можно директно да се разговара со Киев за прекин на нападите врз цивилната инфраструктура.
„Имаме позитивен став кон прекинот на огнот“, рече Путин, мислејќи на одлуката на Русија да спроведе изненадувачки 30-часовен Велигденски прекин на огнот.
Свет
Трамп разговараше со Нетанјаху: На иста страна сме за сите прашања

3Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска соопшти дека разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, нагласувајќи дека тој е на иста страна за сите прашања со него.
„Разговаравме за многу теми“, напиша американскиот претседател на социјалните мрежи. Тој додаде дека „телефонскиот повик поминал многу добро“.
Трамп и Нетанјаху се сретнаа двапати во Белата куќа од почетокот на мандатот на Трамп и се верува дека Нетанјаху е повеќе за политиката на Трамп отколку за администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден
Свет
Објавени последните зборови на папата

Последните зборови на папата Франциско беа благодарност до неговиот здравствен асистент кој му помогна да ги поздрави верниците на плоштадот Свети Петар на Велигден, соопшти Ватикан.
„Ви благодарам што ме доведовте на плоштадот“, му рекол Франциско на Масимилијано Страпети, кој во изминатиот период му обезбедуваше 24-часовна нега на папата.
Папата Франциско (88) почина вчера по мозочен удар и срцева слабост. Претходно оваа година, тој помина пет недели во болница со двојно воспаление на белите дробови, но се врати во Ватикан пред речиси еден месец и оттогаш се чинеше дека се опоравува.
Последните денови ги поминал работејќи, спротивно на советите на лекарите кои го советувале да мирува најмалку два месеци за да му овозможи на телото да закрепне.
Погребот на папата ќе се одржи в сабота.