Свет
По падот на Исламска држава, во Мосул повторно отворени продавници за алкохол

Две години откако ирачките сили го презедоа градот Мосул од Исламска држава, малите продавници за алкохолни пијалаци повторно ги отворија своите врати, а отворени се и нови.
Муштериите купуваат шишиња или лименки со алкохолни пијалаци кои потоа ги ставаат во црни пластични кеси или, пак, течноста ја префрлаат во пластични шишиња без етикета.
Во ирачкиот град Мосул, пред нападот на Исламска држава во 2014 година, чиј самопрогласен калифат се протегаше до соседна Сирија, живееја околу два милиона луѓе. Мосул под власт на ИСИС беше три години.
Производи како алкохол и цигари, врз основа на строгите правила на таа милитантна група, беа забранети, а продавниците кои ги продаваа беа запалени и уништени.
Сопственикот на продавница за алкохол, Немат Хасан, изјавил дека ИСИС ја запалил неговата продавница во градот. „Имав стока вредна повеќе од 40.000 долари, а сè изгоре“, рекол Хасан.
Откако градот повторно е под контрола на ирачките сили, некои од граѓаните одлучија да се вратат во остатоците од своите домови и да ги обноват своите продавници. Хасан повторно ја отворил продавницата и вели дека досега немал никакви проблеми.
„Сега нема никакви проблеми, фала му на Бога. Немаме закани од никакви групи, нема никакви проблеми во Мосул“, додал трговецот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Иран и Израел наскоро ќе постигнат мировен договор, објави американскиот претседател Доналд Трамп

Иран и Израел наскоро ќе постигнат мировен договор, објави американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.
– Иран и Израел треба да постигнат договор – и ќе постигнат. Исто како што успеав Индија и Пакистан да постигнат договор, напиша Трамп.
Тој додава дека во моментов се одржуваат многу разговори и состаноци.
– Наскоро ќе имаме МИР меѓу Израел и Иран! Работам напорно и никогаш не ги добивам заслугите, но тоа е во ред, луѓето разбираат. Да го направиме блискиот Исток повторно голем“, нагласува Трамп.
Свет
Ердоган повика на итно запирање на конфликтот меѓу Израел и Иран

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп, и повикал на „итна акција“ за да се спречи конфликтот меѓу Израел и Иран да го запали целиот регион.
– Претседателот Ердоган ја поздрави денешната изјава на претседателот Трамп за решавање на конфликтот меѓу Израел и Иран и ја нагласи потребата од итно дејствување за да се спречи катастрофа што би можела да го запали целиот регион, се вели во соопштението од кабинетот на турскиот претседател.
За време на телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери, втор во последните 24 часа, „претседателот Ердоган потврди дека спиралата на насилство предизвикана од израелските напади врз Иран предизвика непоправлива економска и цивилна штета на двете страни и дека оваа опасна ескалација треба да се запре“, се додава во соопштението.
Ердоган, исто така, му соопштил на Трамп дека може да ја преземе улогата на медијатор за решавање на конфликтот, откако претходно и рускиот претседател Владимир Путин изрази потготвеност за посредување меѓу Израел и Иран.
Свет
Иран попладнево започна нов бран ракетни напади врз цели во Израел

Иран попладнево започна нов бран ракетни напади врз цели во Израел, објави иранската новинска агенција Фарс. Во Тел Авив и други локации во централен Израел се објавени тревоги, а сирените се огласија и на северот од земјата.
Израелското Министерство за национална безбедност ги повика граѓаните да останат блиску до засолништата и бункерите.
Секое движење на јавни места треба да се сведе на минимум и да се избегнуваат јавни собири. Овие наредби ќе останат во сила додека не се објави ново известување, соопштија израелските власти.
Ова е прв пат од почетокот на конфликтот Иран да изврши дневен напад врз Израел. Досега сите напади беа изведувани во текот на ноќта