Свет
Исламска држава објави фотографија на бомбашите од Шри Ланка

Исламска држава презеде одговорност за бомбашките напади во Шри Ланка, во кои на Велигден беа убиени најмалку 320 лица, објави „Амак“, новинската агенција на оваа терористичка организација, без да наведе докази за ваквото тврдење.
Меѓутоа, „Амак“ подоцна објави фотографии од осуммина мажи за кои тврди дека се терористите што ги нападнале црквите и хотелите во Шри Ланка. Во прилог на фотографијата објавени се и наводните имиња на седуммина од напаѓачите и се опишува во кој од нападите учествувал секој од нив. Исто така се наведува дека еден од нив се соочил со полициските сили, при што убил тројца полицајци.
A lengthy statement has been added to the claim pic.twitter.com/KJ7y0116k6
— Pieter Van Ostaeyen (@p_vanostaeyen) April 23, 2019
Покрај фотографиите, објавена е и снимка на која се гледа како мажите се колнат во верноста на калифот и водачот Абу Бакр ал-Багдади при што викаат „Алаху акбар“.
14. The Amaq news agency of ISIS has now provided an image of what it says were the attackers in Sri Lanka standing before the ISIS flag: pic.twitter.com/rZjjBnEZ2k
— Rukmini Callimachi (@rcallimachi) April 23, 2019
Заменик-министерот за одбрана на Шри Ланка, во вторникот, зборувајќи за нападите не ја исклучи можноста тие да се одмазда за нападот врз џамиите во новозеландскиот град Крајстчрч, при што беа убиени 50 верници.
Тој додаде и дека за нападите се одговорни две локални исламистички групи.
15. And finally, ISIS has issued a video from the alleged attackers. It shows the same 8 men as in the still photo above. They hold their hands together and pledge allegiance to Abu Bak al-Baghdadi, calling him “emir al-mumineem,” the emir of the believers: pic.twitter.com/kjmxfX1VWB
— Rukmini Callimachi (@rcallimachi) April 23, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Иран и Израел наскоро ќе постигнат мировен договор, објави американскиот претседател Доналд Трамп

Иран и Израел наскоро ќе постигнат мировен договор, објави американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.
– Иран и Израел треба да постигнат договор – и ќе постигнат. Исто како што успеав Индија и Пакистан да постигнат договор, напиша Трамп.
Тој додава дека во моментов се одржуваат многу разговори и состаноци.
– Наскоро ќе имаме МИР меѓу Израел и Иран! Работам напорно и никогаш не ги добивам заслугите, но тоа е во ред, луѓето разбираат. Да го направиме блискиот Исток повторно голем“, нагласува Трамп.
Свет
Ердоган повика на итно запирање на конфликтот меѓу Израел и Иран

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп, и повикал на „итна акција“ за да се спречи конфликтот меѓу Израел и Иран да го запали целиот регион.
– Претседателот Ердоган ја поздрави денешната изјава на претседателот Трамп за решавање на конфликтот меѓу Израел и Иран и ја нагласи потребата од итно дејствување за да се спречи катастрофа што би можела да го запали целиот регион, се вели во соопштението од кабинетот на турскиот претседател.
За време на телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери, втор во последните 24 часа, „претседателот Ердоган потврди дека спиралата на насилство предизвикана од израелските напади врз Иран предизвика непоправлива економска и цивилна штета на двете страни и дека оваа опасна ескалација треба да се запре“, се додава во соопштението.
Ердоган, исто така, му соопштил на Трамп дека може да ја преземе улогата на медијатор за решавање на конфликтот, откако претходно и рускиот претседател Владимир Путин изрази потготвеност за посредување меѓу Израел и Иран.
Свет
Иран попладнево започна нов бран ракетни напади врз цели во Израел

Иран попладнево започна нов бран ракетни напади врз цели во Израел, објави иранската новинска агенција Фарс. Во Тел Авив и други локации во централен Израел се објавени тревоги, а сирените се огласија и на северот од земјата.
Израелското Министерство за национална безбедност ги повика граѓаните да останат блиску до засолништата и бункерите.
Секое движење на јавни места треба да се сведе на минимум и да се избегнуваат јавни собири. Овие наредби ќе останат во сила додека не се објави ново известување, соопштија израелските власти.
Ова е прв пат од почетокот на конфликтот Иран да изврши дневен напад врз Израел. Досега сите напади беа изведувани во текот на ноќта