Македонија
Засадени 150 садници кај воениот стадион на кејот на Вардар
Сто и педесет садници беа засадени во близина на воениот стадион во Градскиот парк во денешната акција за зазеленување на кејот на реката Вардар. Во акцијата за засадување учествуваа припадници на Армијата на Република Северна Македонија, градоначалникот Петре Шилегов, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, и заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули.
„Градот Скопје во изминатата една и пол година засади над 18.000 садници на јавните зелени површини. На почетокот на годинава, имајќи ги предвид насоките што министрите ги добија од Владата, заедно со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, решивме заедно со Армијата и со Министерството за одбрана да засадиме дрворед токму на оваа локација. Овие дрвја ќе бидат именувани во чест на војниците што учествуваа во оваа акција за засадување, што ќе го координираме во рамките на акцијата ‘Дрво за секое дете’. Сакам да им се заблагодарам на припадниците на Армијата и на Министерството за денешната акција“, рече Шилегов.
Тие додадоа дека обновата на зеленилото е приоритет за Град Скопје, а во текот на изминатата година во Скопје се подигнати и обновени рекордни 129.000 квадратни метри зеленило.
„Наесен, само преку ЈП ‘Паркови и зеленило’ во Скопје ќе се засадат повеќе од 5.000 садници. Веќе е почната и постапката за ревитализација и пошумување на Водно, онаму каде што поминува трасата на гасоводот. Градот Скопје нема друга алтернатива, освен да се грижи за здрава животна средина“, нагласи Шилегов.
Со денешното засадување дрвја Министерството и Армијата се вклучуваат во акцијата за борба против загадувањето на воздухот. Акцијата продолжува на 2 мај во Тетово, каде што ќе бидат засадени 80 садници, како и на 8 мај во Кичево, каде што ќе бидат засадени 85 дрвја. Вкупно ќе бидат засадени 315 садници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Чаир и Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1550 место викано Гериз во индустриска зона Визбегово, општина Бутел;
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Стојна Стевкова, како и дел од корисниците од ул. 393 во населба Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Блаже Биринчето, општина Карпош.
Македонија
Сончево со умерена локална облачност: температурата до 14 степени
Сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.
Во Скопје, во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и тивко со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во петок ќе се задржи стабилно и потопло време со услови за појава на утринска магла по котлините. Во деновите од викендот ќе има зголемена облачност и повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дневната температура повторно ќе биде во опаѓање.
Македонија
Грипот ја однесе првата жртва: почина 75-годишна жена
Вирусот на грипот ја однесе првата жртва оваа зима. Седумдесет и петгодишна жена починала пред три дена на Клиниката за инфективни болести. Пациентката имала повеќе коморбидитети и не била вакцинирана против грип.
Во моментов на Клиниката се хоспитализирани 25 пациенти со компликации од грип, oд кои повеќето се возрасни лица со хронични заболувања и невакцинирани од грип.
Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска, пред неколку дена кажа дека пикот се очекува да биде во втората половина од овој месец и првата половина од февруари.
„Со враќањето на децата во училиште очекуваме дека и бројот на лица коишто ќе бидат заболени од грип или заболувања слични на грип може да биде зголемен“, рече Андоновска.
Институтот за јавно здравје препорачува оние коишто не се заболени да избегнуваат колку што е можно некакви собири или да престојуваат во простории или трговски центри каде што има голем број на луѓе, да избегнуваат контакт со веќе заболени лица или оние што ќе пројават некакви симптоми на кивање и кашлање. Често да се мијат раце со обичен сапун и вода, да се проветруваат просториите, да се почитуваат здрави животни навики – редовна хидратација со течности односно вода, лесна храна, витамини, минерали.

