Свет
Повеќе од 80 отсто од сомалиските мигранти во Швајцарија се на социјална помош

Според неодамна објавените податоци, неколку мигрантски групи од различно национално потекло во Швајцарија имаат стапка на зависност од социјална помош од над 50 отсто, а повеќе 80 отсто од Сомалијците во земјата се на товар на државата, пренесува „20 минути“.
Податоците биле собрани и објавени од Сојузниот завод за статистика и Државниот секретаријат за миграција и покажуваат дека околу 4.000 Сомалијци во Швајцарија се најсклони кон користење државни бенефиции и 83.7 отсто од нив потпираат на приход од државата. Додека Сомалијците се далеку најбројни приматели на социјална помош, неколку други националности исто така имаат стапка на користење државна помош од повеќе од 50 отсто, како што се Еритрејците со 54,7 отсто и Анголците со 54 отсто.
Статистиката во голема мера е во спротивност со бројот на швајцарските државјани кои примаат социјална помош и претставуваат само 2,3 отсто од населението.
Дамиан Милер од швајцарските либерали (ФДП) соопшти дека бројките покажуваат и дека преголемиот број баратели на азил не се квалификувани за азил, живеат од државна парична помош и дека не е направено доволно доволно за оние со статус на бегалец да се интегрираат во економијата во Швајцарија.
„Интеграцијата не е еднонасочна улица”, тврди тој, додавајќи дека бегалците се исто така одговорни.
Бачир Гобдон од здружението „Сомалиска дијаспора” припишува дел од вината за високата стапка зависници од социјална помош во сомалиската заедница на просечна големина на семејството, велејќи:
„Тие, на пример, работат во туристичката индустрија, каде што платите се ниски. Семејството кое има седум деца не може да живее од таа плата “.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пожар во семејната куќа на британскиот премиер

Во раните утрински часови денеска, избувнал пожар во приватната куќа на британскиот премиер Кир Стармер во Северен Лондон.
Британската полиција истражува пожар во приватната куќа на премиерот Кир Стармер во северен Лондон, објави „Тајмс“, додавајќи дека никој не е повреден во инцидентот, кој бил расчистен преку ноќ и ја оштетил вратата.
Пожарникарите велат дека полицијата била алармирана од Лондонската противпожарна бригада во 1:35 часот наутро „на станбена адреса на Каунтес Роуд, NW5“.
Се верува дека адресата е семејниот дом на Кир Стармер, каде што живеел со сопругата и децата пред да се пресели на Даунинг стрит број 10 по неговата изборна победа.
„Полицијата излезе на местото на настанот. Предизвикана е штета на влезот во куќата, нема повредени. Пожарот се истражува, а кордоните остануваат на место додека трае истрагата“, соопшти полицијата.
Полицијата започна итна истрага за да се утврди причината за пожарот. Улицата „Каунтес Роуд“, каде што се наоѓа имотот, останува затворена додека трае истрагата. Жителите и сведоците беа советувани да достават какви било информации што би можеле да помогнат во истрагата.
Имотот е куќа со четири спални соби што Стармер ја купил во 2004 година и која моментално ја издава под кирија. Вредноста на куќата се проценува на околу 2 милиони фунти, пишува „Тајмс“.
Истрагата за пожарот е во тек, а властите сè уште не објавија дали инцидентот се третира како случај на подметнување пожар или несреќа.
Свет
Хаос Во Лондон: прекин на електричната енергија парализираше дел од метрото и железничката мрежа

Голем прекин на електричната енергија парализираше дел од лондонското метро и железничката мрежа. Сериозен прекин на електричната енергија предизвика хаос денес во Лондон, кога четири клучни линии на метрото и „Линијата Елизабет“ беа суспендирани пред попладневниот шпиц.
Вкупно околу 20 станици низ мрежата се затворени или делумно затворени, вклучувајќи ги и главните центри како што се Падингтон, Ливерпул Стрит и Тотенхем Корт Роуд. Неодамна, хаос беше забележан и во Шпанија и соседна Португалија кога имаше ненадеен масовен прекин на електирчна енергија.
Многу патници беа заробени во возовите повеќе од час и половина, без вода и основни услови. Некои морале да пешачат низ тунелите до најблиската станица, и до 20 минути.
Лондонскиот транспорт (TfL) ги потврди проблемите и им се извини на патниците. Инженерите работат на враќање во нормала што е можно побрзо.
На патниците им се препорачува да користат алтернативни линии: градски автобуси, линиите Лондон Оверграунд, Темзлинк и Саутестерн, и сите прифаќаат билети за метро додека траат проблемите, пренесуваат медиумите во регионот.
Свет
Трамп: Добри работи можат да произлезат од средбата меѓу Русија и Украина

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека верува оти сè оди кон средба на Русија и Украина на преговарачка маса во четврток.
„Мислам дека од таа средба можат да произлезат добри работи“, рече Трамп на настан во Белата куќа, објави Ројтерс.
Рускиот претседател Владимир Путин предложи продолжување на директните преговори со Украина без предуслови, кои беа прекинати во 2022 година, и дијалогот да започне на 15 мај во Истанбул.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се согласи на разговори во Турција на 15 мај, но само лично со Путин, објави Танјуг.