Македонија
Подари ја во „Копче“ облеката од својата матурска или апсолвентска ноќ
Подари во „Копче“ и овозможи да блеснат за својата матурска или апсолвентска вечер!Покрај убавото сончево време, пријатната атмосфера и мирисот на расцветани дрвја, пролетта го означува и крајот на уште едно успешно поглавје од животот на учениците и студентите. Со матурските и апсолвентските вечери се слави успехот, среќата и новите предизвици.
За оваа посебна ноќ, сите се трудат да изгледаат убаво, поминувајќи незаборавна ноќ исполнета со дружење и забава. За таа цел, „Копче“ нуди можност за сите матуранти и апсолвенти да изгледаат онака како што посакуваат на посебната ноќ. Како што знаете, „Копче“ е местото каде што може да најдете уникатна „second hand“ облека по најповолни цени.
Токму затоа, „Копче“ дојде на идеја да испрати порака до секој оној кој сака да ја подари својата облека од матурската или апсолвентска вечер и на тој начин да овозможи некоја девојка или момче да заблескаат на својата посебна ноќ. На овој начин, ќе можете да го изберат парчето облека кое најмногу им се допаѓа и да изгледаат прекрасно за матурската или апсолвентска ноќ.
„Копче“ е проект кој го разви Црвен крст на Република Македонија – Црвениот крст на град Скопје како резултат на долгогодишно работење во областа на донирањето на облека и дистрибуција на истата до најзагрозените, а воедно е и место каде што се поврзуваат хуманоста, достоинството, трудот, екологијата.
Да се потрудиме заедно месецот мај да го направиме совршен, споделувајќи и ширејќи среќа и насмевки на лицата на младите луѓе. Со споделувањето во „Копче“, споделувате вредност и спомени, правејќи повеќе за себе и за другите!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

