Црна хроника
Маж паднал од четирицикл на Плачковица, со повреди пренесен во болница
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/04/4цикл.jpg)
Вчера напладне во Полициската станица Виница, од Итна медицинска помош Виница било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен 26-годишник од Виница.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите откако паднал од четирицикл на планината Плачковица, на врвот Лисец.
Со возило на Итната медицинска помош тој бил пренесен во болницата во Кочани, а потоа бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Црна хроника
Охриѓанец и кривопаланчанец продавале ножеви, лисици, метални боксирачи и електрошок направи на пазарот во Охрид
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/08/SVR_Ohrid680_1_2014220144838_1.jpg)
Охридската полиција и инспектори од Државниот пазарен инспекторат вчера на пазарот во Охрид открија охриѓанец и кривопаланчанец кои на тезги на пазарот продаваат ножеви, лисици, метални боксирачи, електрошок направи и други предмети. Стоката им е одземена, а против двајцата ќе бидат поднесени пријави.
„На 07.02.2025 на подрачјето на Охрид, тимови од полициски службеници од СВР Охрид и службеници од Државниот пазарен инспекторат извршија заеднички контроли на лица кои вршат продажба на производи на јавна површина. Притоа, на две тезги во градскиот пазар, затекнати се С.Ј.(63) од Охрид и Е.П.(47) од Крива Паланка, како за продажба изложиле ножеви, метални боксирачи, телескопски палки, лисици за врзување, клешти, метални палки, ножеви на преклоп, електро шок направи, разни спрејови и други предмети. Предметите се одземени и против двете лица ќе бидат поднесени соодветни пријави“, соопшти денес охридската полиција.
Топ
Полицијата откри малолетници кои се забавуваат во кафулиња во Охрид по полноќ, пријави ќе добијат газдите
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/07/ohrid-1.jpg)
Ноќеска охридската полиција направи акциска контрола за откривање малолетници кои престојуваат подолго од законски дозволеното време во повеќе угостителски објекти во градот. Од СВР Охрид најавија пријави за одговорните лица во угостителските објекти.
„Во неколку објекти евидентирано е присуство на малолетни лица по 24 часот, поради што на правното и одговорното лице во објектите ќе им бидат поднесени соодветни пријави“, извести СВР Охрид.
Според Законот за угостителска дејност, лица под 18 години, без придружба, е дозволено да присуствуваат во угостителски објект до 22 часот. По 22 часот треба да имаат придружба од родител или старател.
Топ
Фатен бегалец баран со потерница за кражба
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/11/krazba.jpg)
Вчера во 12.00 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го привеле С.М.(47) од Кичево, кој бил баран по потерница за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.