Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Нема да добиеме во јуни датум за преговори со ЕУ

Македонија минатиот јуни не доби датум за преговори. Датум за преговори нема да добиеме ниту овој јуни, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Земја која е закована на дното на листите за корупција не може да се надева на членство во ЕУ. Земја водена од аболицирани криминалци кои работат по принципот „евро за црквата, евро за вице” нема да станат дел од ЕУ. Тоа е цената која граѓаните ја плаќаат за лагите на Зоран Заев и неговиот послушник Стево Пендаровски.
Губитникот Стево Пендаровски кој никогаш за ништо не носел одлуки е избран од Зоран Заев само за да го штити и прикрива криминалот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Опозицијата додава Пендаровски, како и Заев, нема принципи.
„Пендаровски ги поддржува неморалните акти на лидери на партии од неговата коалиција кои за пари го продаваа името на државата. Пендаровски молчи за снимките кои ги виде целата јавност затоа што и тој би го продал името за глас на изборите кој би му овозможил да помогне во криминалите на Заев. Губитникот Стево Пендаровски молчи и за криминалот со „Глобал“ од 8 милиони евра и срамната аболиција со која Заев и избега на правдата, затоа што е спремен на се, па дури и на криминал само за да добие на избори.
Губитникот Стево Пендаровски е во друштво на криминалции и тоа не му пречи. Губитникот Стево Пендаровски е соработник во криминалот. Човек кој што е во криминал, не може да ја придвижи Македонија кон ЕУ. Таквите луѓе се ретроградни и истите ја туркаат Македонија на дното“, смета ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата додава дека државата има потреба од нов тип на политичари, чесни и честити, а гласот за Гордана Сиљановска Давкова е глас за промени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Во Кочани нема да има концерт за Петровден, Крстевски го откажа на барање на родителите на загинатите деца во „Пулс“

Откажан е музичко забавниот дел од програмата за одбележување на Петровден, празникот на градот Кочани. Ваква одлука вчера донесе в.д. градоначалникот, Венко Крстевски, откако родителите на загинатите во трагедијата од 16 март годинава се собраа пред сцената во Паркот на Револуција, каде требаше да запчне концерт со настап на повеќе бендови. Тие поставија фотографии на своите деца и запалија свеќи.
Животот продолжува, но трагедијата во дискотеката „Пулс“ нè остави во заложништво на болката, особено за родителите кои живеат со страв и загуба. Откажувањето на музичкиот дел од денешниот и утрешниот настан не требаше да се случи – не затоа што не ја почитуваме тагата, туку затоа што нашата обврска е да се грижиме за сите, да го вратиме нормалното секојдневие и да покажеме дека заедништвото се гради со храброст и заедничка работа, а не со запирање на животот, стои во соопштението на в.д. градоначалникот Крстевски.
Претходно, родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“ во пресрет на Петровден писмено се обратија до него со барање да се одложи музичко-забавниот дел од програмата.
Македонија
Гужви на Богородица за влез во Грција

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На ГП Табановце за влез во државата и ГП Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 15-20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Македонија
Денес сонце и температури до 36 степени

Сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.
Во Скопје, сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност.