Македонија
СДСМ реагира: Мицкоски и Сиљановска не се свежи во политиката, тие се наследници на Груевски
Транзициската министерка и профитерка Сиљановска и пионот Мицковски не се нов ков на политичари туку директни наследници на црнилата на Груевски, реагира СДСМ откако ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение порача дека државата има потреба од нов тип на политичари.
„Транзициската министерка и профитерка Гордана Сиљановска и генералниот секретар на Груевски, Мицковски не се ниту нови, ниту свежи во политиката. Мицкоски и Сиљановска се продолжена рака на Никола Груевски и затоа директно ги асоцираат граѓаните на 11 годишниот режим кој од нашата земја направи заробена држава. Граѓаните не сакаат нов Иванов во ликот на Сиљановска. Сиљановска и Мицкоски изгубија во првиот круг претседателски избори на кристално чисти и фер избори во европски амбиент, а сега им претстои уште поубедлив пораз во вториот круг“, реагира СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гром го остави без струја дебарско-струшкиот регион
Дебарско-струшкиот регион синоќа три и пол часа остана без напојување со електрична енергија.
Причина е гром кој ја погодил главната трафостаница во Хидроелектраната “Шпиље” кај Дебар.
„Главната трафостаница во ХЕ “Шпиље” погодена беше од гром-електрично празнење, при силно невреме. Екипите веднаш излегоа на терен и со максимално залагање големиот дефект беше саниран. Дебарско-струшкиот регион остана без струја од 19:50 до 23:20 часот“, велат од ЦУК.
Во Дебарскиот регион без струја беа општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше.
Подрачјето кусо беше зафатено од невреме проследено со обилен дожд, електрични празнење и грмежи.
Македонија
Низ државава се вози по претежно влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Најдени се седумгодишното дете и трите лица кои се изгубија кај реката Пчиња
Четири лица, две жени, еден маж и едно дете кои се изгубија, а се на возраст од 29, 18, 35 и 7 години доцна синоќа биле заглавени на исклучително стрмен терен, пред манастирот Мала Богородица по клисурата на реката Пчиња под автопатот Скопје Велес. Спасители со чамец по Пчиња од Катланово стигнале до опасната локација каде што биле залутаните лица и безбедно ги извлекле од десниот на левиот брег, а потоа и до автопатот. Теренот таму е исклучително стрмен и опасен за движење, информираат утрово од Центарот за управување со кризи.