Свет
Индиската армија тврди дека нашла траги од снежниот човек Јети
Индиската војска објави на својот профил на „Твитер“ дека пронашла траги од стапки на митското суштество на Хималаите-Јети.
„На 9 април годинава, планинарскиот експедициски тим на индиската армија за прв пат пронајде мистериозни траги од митското суштество ‘Јети’, во близина на базата Макалу“, гласи Твитер објавата на индиската армија.
Армијата соопшти дека траги од Јети во реонот на националниот парк Макалу-Барун досега биле наоѓани само во минатото.
For the first time, an #IndianArmy Moutaineering Expedition Team has sited Mysterious Footprints of mythical beast ‘Yeti’ measuring 32×15 inches close to Makalu Base Camp on 09 April 2019. This elusive snowman has only been sighted at Makalu-Barun National Park in the past. pic.twitter.com/AMD4MYIgV7
— ADG PI – INDIAN ARMY (@adgpi) April 29, 2019
Објавата наиде на бројни коментари и потсмев на социјалните мрежи.
Во фолклорот на Непал, снежниот човек Јети е ужасно високо мајмуновидно суштество (налик на митскиот Бигфут/Сасквоч во Северна Америка), кое живее на Хималаите, во Сибир, и во централна и источна Азија. Со оглед на отсуството на докази што одат во прилог на постоењето на Јети, повеќето, особено научниците, го сметаат за легенда.
Меѓутоа, како што пренесува Times of India, од армијата тврдат дека поседуваат „фотографски докази“ кои пред објавата на твитот биле испратени до „експерти на полето“ за да ја проверат нивната научна валидност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руски војник осуден на доживотен затвор за убиство на украински воен заробеник
Украински суд денес осуди руски војник на доживотен затвор за убиство на украински воен заробеник, прв таков случај од почетокот на руската инвазија на Украина.
Суд во југоисточниот град Запорожје го прогласи Дмитриј Курашов (27) за виновен за убиството на Виталиј Ходниук, украински војник кој се предаде на руските сили во јануари 2024 година.
Курашов, кој беше заробен од украинските сили заедно со други руски војници кратко по инцидентот, се изјасни за виновен на суд, иако подоцна им рече на новинарите дека е невин и сака да биде вклучен во размена на заробеници.
Неговата казна има симболично значење за Украина, која вели дека руските сили егзекутирале голем број украински воени заробеници, но осомничените обично се надвор од дофатот на украинската правда. Русија негира дека нејзините војници вршат воени злосторства.
Нападот во кој е убиен Ходниук се случил на 6 јануари 2024 година. Според обвинителите и сведоците, Ходниук се предал невооружен, клекнал, а Курашов го застрелал со митралез. Курашов тврди дека истрелите биле испукани од воен лекар по име „Седој“, кој подоцна починал. Рускиот напад бил краток.
фото: принтскрин
Свет
Ненси Пелоси објави дека ќе се пензионира
Ненси Пелоси, првата жена што стана претседател на Претставничкиот дом на САД, изјави дека нема да се кандидира на изборите во 2026 година, што го сигнализира крајот на нејзината четиридецениска кариера како прогресивна демократска икона, честопати критикувана од десницата.
„Нема да се кандидирам за реизбор во Конгресот. Со благодарно срце, се радувам на мојата последна година од службата“, рече Пелоси во видео порака објавена на X.
Претседателката на Претставничкиот дом Пелоси отслужи два мандата, од 2007 до 2011 година и од 2019 до 2023 година.
85-годишната Пелоси, која првпат беше избрана во Конгресот во 1987 година, во интервју за Ројтерс во 2022 година изјави дека жали што не победила на повеќе избори во својата долга кариера за да им ја одземе моќта на републиканците и да се осигура дека „суштество како Доналд Трамп никогаш нема да стане претседател на Соединетите Американски Држави“.
Свет
Папата: Потребно е итно да се достави хуманитарна помош во Газа
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав Четиринаесетти, денес во Ватикан се сретна со палестинскиот претседател Махмуд Абас, со кого разговараше за итната потреба од прекин на конфликтот во Газа и за доставување хуманитарна помош.
Како што објави Ватикан, pапата ја повтори потребата од решение за израелско-палестинскиот конфликт со две држави.
Во соопштението се наведува дека за време на „срдечните разговори во Апостолската палата, двете страни ја нагласија итноста од обезбедување хуманитарна помош за цивилното население во Газа и ја нагласија важноста од прекин на конфликтот преку решение за две држави“.
Средбата се одржа по повод десетгодишнината од потпишувањето на Сеопфатниот договор меѓу Светата столица и Државата Палестина.
Денешниот разговор беше првата средба меѓу двајцата, бидејќи претходно комуницираа по телефон.
Еден ден пред средбата со папата Лав Четиринаесетти, Абас ја посети базиликата Света Марија Маџоре за да му оддаде почит на гробот на папата Францискo.
Посетата беше неговиот прв чин по пристигнувањето во Рим во средаta попладне.
„Дојдов да го видам гробот на папата Францискo, бидејќи не можам да заборавам што направи за Палестина и за палестинскиот народ. Не можам да заборавам дека ја призна Палестина, без никој да го замоли да го стори тоа“, рече Абас.
Фото: принтскрин

