Регион
Албанската опозиција планира да ги блокира сите патишта кон Тирана
Лидерот на опозициската Демократска партија во Албанија, Љуљзим Баша, по состанокот со претседателката на Социјалистичкото движење за интеграција, Моника Круемади, за денеска најави радикализација на активностите на обединетата опозиција.
Според Баша, денеска во 18 часот, сите главни патни правци во Албанија кои се поврзани со Тирана ќе бидат блокирани, како најава за ширење на граѓанската непослушност, пренесува „Танјуг“.
Претпладне, како што најави Баша, ќе бидат одредени задачите на привремената влада.
„Ние сме во длабока политичка, уставна, економска и социјална криза и во последниве 24 часа стана јасно дека земјата е во комплетна криза во најважниот процес за Албанија, односно во процесот на европска интеграција. Причината за ова е изборниот криминал. Ние ќе продолжиме со нашите активности на секој план“, рече Баша, објавувајќи ја блокадата на патиштата и договорот со опозициската коалиција за задачите на преодната влада која треба да гарантира слободни и фер избори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Повредени и загинати при судир на воено и цивилно возило на патот Краљево-Рашка
Борбено возило „ПАСАРС“ на војската на Србија денеска околу 13 часот и 10 минути се судрило со цивилно возило кај градот Ушќе на патот Краљево-Рашка, соопшти Министерството за одбрана.
Борбеното возило – противвоздушен самооден артилериско-ракетен систем во колона под придружба на воената полиција се движело кон Рашка.
Според првите информации има повредени и загинати, се вели во соопштението на Министерството.
Регион
(Видео) Maж падна од опасна карпа на Паг и почина, спасена алпинистка
При искачување на опасна карпа на Паг, еден маж почина, а една жена беше спасена во голема операција на хрватската служба за спасување.
„Добивме пријава во 13 часот и 32 минути дека две лица наводно се качувале на карпа кај Метајна. Едното лице паднало и починало. Другото е на карпата. Засега не може да им се пристапи од копно“, рекоа од полицијата.
Покрај полицијата, на местото на настанот има и други служби за итна помош – брза помош, пожарникари.
Малку по 17:00 часот од карпите е спасена жена, откако спасувачите со чамци се приближиле до карпата од морската страна.
Регион
Додик: Нема да ја почитувам одлуката на Уставниот суд
Српскиот лидер во Босна и Херцеговина, Милорад Додик, изјави дека нема да ја почитува одлуката на Уставниот суд на таа земја, кој го оспори изборниот закон за ентитетите и покрај тоа што неговата партија ќе учествува на претстојните локални избори, кои се одржуваат според одредбите на друг државен изборен закон.
„Изборниот закон на Република Српска е уставен и овој правен акт ќе се применува“, изјави Додик за Радио-телевизија на Република Српска реагирајќи на вчерашната одлука на Уставниот суд на Босна и Херцеговина.
Тој суд оцени дека со донесувањето на Изборниот закон на Република Српска е прекршен Уставот на Босна и Херцеговина. На овој начин се оспорува улогата на Централната изборна комисија на БиХ, која е задолжена за организирање и спроведување на изборите.
На ваков потег се одлучија откако високиот меѓународен претставник, Кристијан Шмит, наметна измени во Изборниот законик на Босна и Херцеговина.
Сепак, Додик тврди дека само ќе го почитува Изборниот законик за ентитетите бидејќи тој не бил оспорен од Уставниот суд на Република Српска. Но, државниот е.
И покрај приговорите и отфрлањето на одлуките на Уставниот суд на БиХ, кои властите на Република Српска ги нарекуваат скратени затоа што двајца српски судии не учествуваат во неговата работа, партиите на власт од тој ентитет сепак ќе учествуваат на претстојните локални избори организирани од државната Централна изборна комисија.
Овие избори ќе се одржат на 6 октомври, а ќе се изберат нови свикувања на градските и општинските совети и раководители на 141 општина и град.