Забава
Хирург од Зеница оперираше патник во авион

Анел Окиќ од Зеница е херојот кој го спаси животот на патник во авионот „боинг 787“. Авионот летал од Колумбија, а во него бил Французинот кој без помош на Амел веројатно немаше да преживее.
Сето тоа се случи во текот на летот Панама – Париз, кога, по три часа возење, некој прашал дали меѓу патниците има некое медицинско лице, бидејќи на некој патник му било лошо.
„Без размислување се јавив. Ме однесоа на крајот од авионот. Таму најдов едно бледо момче кое тешко дишеше. На коленото, кое беше отечено, видов рана. Тој рече дека бил во панамската џунгла и дека пред еден ден го каснало нешто. Коленото му беше инфицирано и поголемиот дел од ногата беше отечен, а имаше и треска”, вели Окиќ.
Тој му кажал на екипажот дека раната треба веднаш да се отвори и исчисти. Тие му ја донеле целата потребна опрема, а потоа следувала операција, објави Интервју.ба
„Стјуардите ми помогнаа. Јас исчистив раната, го евакуирав гнојот и направив преврска. Се сомневав на голема алергиска реакција, па му дадов инфузија со хидрокортизон. Пациентот по инфузијата и третманот беше многу подобро, сето тоа траеше околу еден час “, вели Окиќ, хирург во Кантонската болница Зеница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Џејми Оливер го отвори првиот ресторан во Црна Гора

Џејми Оливер, еден од најпознатите светски готвачи, го отвори својот прв ресторан во Црна Гора – во луксузниот комплекс Бока Плејс во Порто Монтенегро.
Брендот „Џејмис Италијан“ носи препознатлив концепт на автентична италијанска кујна, веќе позната низ целиот свет. Според порталот „Инвеститор“, ресторан под истиот бренд наскоро ќе се отвори во Подгорица – во „Капитал Плаза“.
Светски познатиот британски готвач Џејми Оливер официјално го објави доаѓањето на неговиот познат бренд ресторани „Џејмис Италијан“ во Црна Гора. Новиот ресторан е отворен во Бока Плејс, модерен дел од луксузната марина Порто Монтенегро, која е позиционирана како нов епицентар на кулинарството, шопингот и здравиот живот на црногорскиот брег, пишува порталот.
„Црна Гора, тука сме! Дојдете на чинија со рачно изработени тестенини, морски плодови, свежи салати, автентични пици и неодоливи десерти. Уживајте во вистинска италијанска гозба во срцето на Порто Монтенегро“, рече Оливер на својот официјален профил на Фејсбук, заедно со видео во кое го најавува отворањето на ресторанот.
„Џејмис италјан“ е глобално познат синџир на ресторани кој промовира автентична италијанска кујна со фокус на свежи состојки, рачно изработени тестенини и одржлива гастрономија. Брендот е основан во 2008 година со цел да понуди топло, семејно и прифатливо кулинарско искуство, инспирирано од италијанската традиција.
„Бока плејс“, каде што се наоѓа новиот ресторан, претставува најнова фаза од развојот на Порто Монтенегро – луксузна марина и станбен комплекс во Тиват. Тоа е мултифункционален комплекс кој комбинира домување, малопродажба, гастрономија и велнес објекти. Тој е дел од поширок инвестициски циклус кој сè повеќе го позиционира Тиват како регионална дестинација за животен стил.
За Црна Гора, отворањето на ресторанот „Џејмис италјан“ е уште една потврда за нејзиниот растечки углед на светската мапа на луксузен туризам и кулинарство. Во исто време, тоа е и дополнителен чекор во развојот на гастрономската сцена, со оглед на угледот и влијанието што Џејми Оливер го има во меѓународната угостителска индустрија.
Забава
И на 56 години, и нема рамна: Анистон откри кое јадење и помага да ја одржи својата совршена фигура

Славната актерка Џенифер Анистон стана едно од најомилените лица низ целиот свет уште од првиот ден кога се појави на малите екрани.
Таа е една од ретките актерки која успеала да го одржи својот изглед без да подлегне на новите трендови и да го промени својот личен опис преку пластична хирургија.
Нејзиниот изглед често е главна тема на разговор, а нејзините извајани мускули секогаш оставаат без зборови.
За да изгледа фит и на 56 години, актерката се придржува до специфична диета, но и многу тренира.
Анистон еднаш откри кое јадење го јаде неколку пати неделно, и токму благодарение на тоа ја одржува својата совршена фигура.
За оваа салата, потребни ви се половина чаша киноа, две чаши вода, малку магдонос, краставица, домат, авокадо, маслиново масло и сок од лимон. Измешајте сè заедно и уживајте во совршениот оброк за претстојните летни денови.
Забава
(Фото) Бекам е повторно сингл, со својот изглед привлече внимание во Париз

Синот на познатата двојка Викторија и Дејвид Бекам, Ромео, неодамна ја заврши седуммесечната врска со манекенката Ким Тернбул, а како резултат на тоа, во центарот на вниманието се појавија и бројни други гласини.
Веќе некое време, поточно, од прославата на 50-тиот роденден на Дејвид, се шпекулира дека односите во семејството не се баш најдобри, а дека постои и тензија меѓу Бруклин и Ромео. Сепак, Бекамови сè уште чуваат во тајност.
Во тој период, Ромео решил да присуствува на тенискиот турнир во Париз, Ролан Гарос, а неговиот изглед привлече големо внимание.
За оваа пригода, младиот Бекам избра лежерна маица и сако, со што се најде на листата на најдобро облечени познати личности на овогодинешниот турнир.
Исто така, се пишуваше дека Ким била причината зошто односите во семејството биле затегнати, но извор близок до двојката открил дека двајцата останале во пријателски односи по раскинувањето и дека сè е во најдобар ред.