Македонија
(Видео) Арсовски: Општа лекарка од Струмица партиски вработена на скопската Гинекологија
Лицемерието во СДСМ нема крај. Заев ја лажеше целата јавност дека ќе се спротивстави на непотизмот што ги зафати изминатите месеци, рече на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Тој објави најнови информации до кои дошла неговата партија, според кои, како што кажа, и во здравството има вработувања по принципот на Мира Дизел-вработувања.
„Пратеничката од СДСМ, Катерина Кузмановска од Струмица, својата ќерка Марија Кузмановска пред извесно време ја вработила на Гинекологија во Скопје, и тоа со дискреционо право на директори и министри. Интригантно е што ќерката на Кузмановска е општ доктор и е вработена во ГАК, а на Гинекологија сите знаат декаѝи се потребни специјалисти гинеколози кои недостасуваат. Замислете општ лекар од Струмица се вработува на Гинекологија во Скопје каде што се потребни специјалисти гинеколози“, посочи Арсовски.
Тој од име на опозициската партија ја повика антикорупциската комисија да го испита овој случај на непотизам.
„Катерина Кузмановска, пак, има морална одговорност веднаш да ѝ се извини на јавноста и да си даде оставка“, истакна партискиот портпарол и ги повика сите граѓани в недела масовно да го дадат својот глас против непотизмот и да ја поддржат кандидатката Гордана Сиљановска-Давкова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

