Македонија
Поевтиното парно греење ќе ги врати исклучените и ќе донесе нови корисници
Секретарот на Град Скопје, Викторија Аврамовска Мадиќ, премиерот Зоран Заев и претставници од Владата денеска учествуваа на состанокот на Интересорската работна група за животна средина, што се одржа во Клубот на пратеници.
„Најголемата инвестиција на новата градска администрација во борбата против загадувањето е новоформираното градско претпријатие за дистрибуција на топлинска енергија и гас. ГЕС е подготвено идната сезона да ја почне со изменет пристап кон корисниците во кој приоритет ќе има бројот на приклучени претплатници и ширењето на мрежата, наспроти максимизирањето на профитот и рационализирањето на трошоците и инвестициите, како што е случај со сегашните дистрибутери на топлинска енергија”, рече секретарот на Град Скопје, Викторија Аврамовска Мадиќ.
Таа додаде дека ГЕС е подготвено идната сезона да ја почне со изменет пристап спрема корисниците, а приоритет ќе им биде да се зголеми бројот на приклучени претплатници и ширењето на мрежата, наспроти максимизирањето на профитот и рационализирањето на трошоците и инвестициите, како што е случајот со сегашните дистрибутери на топлинска енергија.
„Според пресметките на Градски енергетски системи, намалувањето на стапката на ДДВ од 18 на 5 проценти ќе овозможи намалување на трошокот на потрошувачите на топлинска енергија за 11%. Ова намалување на сметките за греење ќе иницира враќање на потенцијално околу 20 000 домаќинства и деловни субјекти назад во системот. Но, што е уште поважно, со воведувањето привилегирана стапка на ДДВ очекуваме и ширење на топлификациската мрежа и приклучување нови корисници кои во моментов користат други начини за затоплување”, нагласи таа.
Градот Скопје изминатите две години презема преку 25 нови мерки за намалување на загадувањето, кои во изминатава грејна сезона го ублажија интензитетот на аерозагадувањето, споредено со минатите години на рекордна загаденост. Во тие мерки спаѓаат ограничувањето на дотурот на стока, бесплатен јавен превоз на средношколците, субвенционирање во набавката на велосипеди и тротинети. Во тек е тендерската постапка за набавка на нови екоавтобуси. Исто така, Градот воспостави активен систем за борба со огнови на отворено преку 193 и со помош на Центарот за социјални грижи и полицијата нивниот број е значително намален. Зазеленете се рекордни 127.000 метри квадратни во сите делови на градот, вклучувајќи и нови паркови во самиот центар. Повторно рачносе мијат улиците, а инспекциските служби вршат интензивирани контроли. Се воведоа обуки за нови оџачари, а воедно се субвенционирааат и нивните услуги, додека старите субвенции за печки на пелети се дополнети со нови за инвертери.
Градот, исто така, пред почетокот на грејната сезона направи нови енергетски фасади на 13 училишни згради и постави прочистувачи за воздух во секоја училница.
Инспекцискиот надзор, зазеленувањето, загревањето на домовите и транспортот се четирите сегменти во кои Градот Скопје посветено работи како дел од активностите за борба против загадувањето на воздухот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

