Забава
Научници открија противотров за најсмртоносниот отров во светот
Австралиските научници сметаат дека пронашле противотров за убод од најотровното суштество на светот, „морска оса“, медуза која е најголема опасност за капачите во Индискиот Океан и Пацификот.
Научници од универзитетот во Сиднеј се обиделе да го разберат начинот на функционирање на отровот на австралиската „морска оса“ (Chironex fleckeri), кој може да убие до 60 луѓе и да предизвика ужасна болка.
Само еден убод од „морска оса“ предизвикува неподнослива болка и некроза на кожата, а доколку количеството отров е доволно големо, тогаш може да доведе до срцев удар и смрт.
Тимот научници откри дека на тој отров му е потребен холестерол за да ги убие човечките ќелии. Затоа одлучиле да ги тестираат постојните лекови за холестерол и да утврдат дали тие го блокираат отровот. Се покажало дека еден од тие лекови дејствувал како противотров.
Тестовите се спроведени врз експериментални глувци и човечки ќелии, при што е откриено дека лекот ја спречува некрозата на кожа и болката, доколку се примени во рок од 15 минути.
„Сè уште не знаеме дали ќе може така да се спречат проблемите во работата на срцето. Треба да ги продолжиме истражувањата и да бараме средства за тоа“, вели еден од научниците.
„Морската оса“ може да биде долга до три метри. Екстремно е опасна бидејќи може да плива, а не само да се движи со помош на струјата.
Научниците се надеваат дека ќе создадат крем или спреј, кои ќе ги неутрализираат убодите од кои, според проценките, секоја година умираат десетици луѓе, а илјадници се хоспитализираат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Марко Новески објави прва фотка со близначињата: „Мојата дупла среќичка“
Водителот Марко Новески на својот Инстаграм профил објави прва фотографија со новородените близначиња Веда и Вања.
Новески, на 23 април 2024 откри дека заедно со сопругата станале родители и тогаш на неа и се заблагодари на сопругата што му го остварила најголемиот сон.
View this post on Instagram
10-тина дена по раѓањето, Марко објави фотографија, а во прегратка му се двете дечиња.
„Мојата дупла среќичка“, напиша тој,
Забава
Ева Мендес за семејството и животот во 50-тите: Вака не го замислував мојот пат
Иaкo никогаш не го замислувала својот живот на 50 години, Ева Мендес живее во свој ритам – и не може да биде посреќна. „Не подлегнувам на притисокот на општеството. Што сакам да правам, правам“, вели актерката, која ги има ќерките Есмералда Амада (9) и Амада Ли (8) со Рајан Гослинг.
“Сигурно не мислев дека ќе имам деца и ќе бидам дома. Затоа, многу сум среќна што одреден маж влезе во мојот живот и ме натера да се предомислам за сите тие работи”, рекла таа. Пред 10 години таа ја напушти актерската кариера за да се фокусира на своите деца.
Таа вели дека тоа била „најлесната одлука“ што ја донела. „Кога забременив на 40-годишна возраст, беше страшно за другите. И кога повторно забременив на 42-годишна возраст, луѓето ми велеа: „О Боже мој, ќе бидеш толку уморна“, откри таа.
„Тоа е најглупавата работа што сум ја слушнала. Патем, потребно е само малку повеќе трпение. Мислам дека не бев подготвена за тоа во моите 20-ти, пиев и пушев. Дефинитивно не можев да подигнам деца во кое било друго време од мојот живот освен сега“, додава таа.
Една од најубавите жени на светот истакна дека е „среќна што се отишло во тој правец“.
Инаку, Мендес нема снимено ништо откако стана мајка. Нејзината последна улога беше во 2014 година. Покрај нејзината актерска кариера, таа е портпарол на голема козметичка компанија, модел и креативен директор на брендот за шминка „CIRCA Beauty“.
Забава
Емили Ратајковски го привлече вниманието со фустан кој повеќе открива отколку што крие
Емили Ратајковски присуствуваше на настанот The King’s Trust Global Gala што се одржа во Casa Cipriani во Њујорк, каде што ги привлече погледите со храбар фустан.
Познатата убавица носеше свилен крем фустан со длабоко деколте, кој допираше речиси до нејзиниот папок, а кој ја истакна нејзината витка линија. Фустанот имал и гол грб и бил врзан околу вратот.
The King’s Trust Global Gala е основана од британскиот крал Чарлс III. со цел да им се помогне на младите, а свечениот настан собра многу познати фаци, како моделот Ирина Шајк, актерката Кејт Бекинсејл, славната двојка Криси Тајген и Џон Леџенд, поранешната манекенка Кејт Мос и плус сајз моделот Ешли Греам.