Забава
Бразилска манекенка се удавила обидувајќи се да ги спаси своите кучиња

Бразилската манекенка и водителка Каролина Битенкор се удавила во водите околу островот Илхабела обидувајќи се да ги спаси своите кучиња.
Каролина пловела со јахта во близина на Сао Пауло кога ја зафатило силно невреме. Од силниот ветар кучињата паднале преку палубата. Каролина и нејзиниот сопруг Хорхе Сестини влегле во водата за да ги спасат.
„Таа скокна да ги спаси кучињата кои поради силниот ветар паднаа преку палубата“, изјавил личниот тренер и близок пријател на Каролина, Кан Сад.
По неколку часа, спасувачите успеале да го извлечат само Хорхе. За жал, Каролина се удавила, изјавиле спасувачките тимови. Медиумите пишуваат дека во потрагата по Каролина учествувал и татко ѝ Орил, кој вели дека им помогнал на спасувачите да го извлечат нејзиното тело од океанот.
Агентот на манекенката, Андреа Бонети, изјави дека Сестини во моментот е во состојба на шок.
„Хорхе се обиде да ја спаси. Тој виде дека се дави, но не можеше да ѝ помогне. Тоа беше ужасен момент за него“, додаде Бонети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Кејт Мидлтон за ракот и стресот: „Ми помага тоа што сум во природа“

Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, откри како се справува со стресот откако минатата година и беше дијагностициран рак. На јутјуб каналот на Кејт и Вилијам, како и на Инстаграм, објавено е кратко видео на кое принцезата се дружи со извидници на езерото Виндермер во Велика Британија.
Кејт за време на разговорот со главниот извидник Двејн Филдс рече дека чувствува длабока духовна и емоционална поврзаност додека е во природа, што и дава „чувство на мир во многу зафатен свет“.
Како што рече, не сите гледаат на ист начин на поминувањето време во природа, но нагласи дека тоа и е многу важно. Покрај чувството за поврзаност, таа вели дека наоѓа рамнотежа и во природата.
Да потсетиме, принцезата во јануари објави дека ракот, кој и беше дијагностициран минатата година, е во ремисија. „Олеснување е што сега сум во ремисија и останувам фокусирана на закрепнувањето. Како што знае секој на кого му е дијагностициран рак, потребно е време да се прилагоди на новата нормала“, рече таа во изјавата објавена на Инстаграм.
Забава
Пламнуваат брзо: ова се најнервозните хороскопски знаци

Има луѓе кои на стрес реагираат со длабок здив, шолја чај и зборовите „ох, се ќе биде во ред“. А потоа, тука се и овие хороскопски знаци кои се разгоруваат побрзо од запалка на ветрот, особено ако им кажете: „Ајде, смири се“.
За нив емоциите се како молња, а кога нешто не оди како што планирале – подобро е да се тргнете од патот.
Овен
Овните немаат нерви и толку. Чекање, комплицирање, пасивна агресија? Тоа не доаѓа предвид. Ако нешто не им се допаѓа, веднаш ќе го кажат тоа. Ако нешто ги фрустрира, сите во собата ќе знаат. И ако им кажете да се смират – ќе бидат погласни.
Не знаат да молчат и да голтаат. Веднаш реагираат, па можеби утре ќе се извинат, но денес? Денес е војна. Со Овенот знаете за што сте, но знаете и дека нервите ќе ви се тресат штом почнат да превртуваат со очите.
Близнаци
Близнаците се секогаш вклучени, но никогаш стабилни. Нивниот мозок работи со 300 на час, а нивното расположение се менува одвреме-навреме. Кога се нервозни, зборуваат дури и побрзо од вообичаено, скокаат од тема на тема и реагираат на секој предлог за смирување како да сте им кажале да го избришат Инстаграмот. Ако сакате мирен Близнак, фатете го додека спие. Можеби.
Девица
Девицата не вика и не фрла работи, но одвнатре? Еруптира како вулкан. Нејзината нервоза доаѓа од перфекционизмот. Ако нешто не оди според планот, ако некој не ги почитува правилата, веднаш е под стрес. И ако потоа ѝ кажете: „Опушти се, не е крај на светот“, ќе го добиеш тој поглед кој вели: „Во мојата глава, светот завршува токму сега, ти благодарам“. Девицата веројатно ќе ја задржи присебноста, но на пасивно-агресивен начин ќе ве потсети дека била во право. И дека сте биле неорганизирани.
Забава
Ана Ивановиќ на својата бајковита свадба во Венеција облече два фустана за кои целиот свет и денес зборува

Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ беше главна тема на германските медиуми кога започна врска со популарниот фудбалер Бастијан Швајнштајгер, кој наводно поради неа ја оставил познатата германска манекенка Сара Бранднер.
Сега сите се изненадени од веста дека овој пар се разведува, а иако се уште не објавиле, на нивната љубов наводно и дошол крајот.
За време на нивната децениска љубов тие добија три сина, а нивната бајковита свадба во Венеција привлече големо внимание.
Во 2016 година, Венеција стана центар на светот кога станува збор за оваа двојка, а нивната венчавка беше покриена од повеќе од 200 медиуми.
Кума на Ана беше пливачката Мирослава Најдановски, додека кум на Бастијан беше скијачот Феликс Нојројтер.
Прво организираа граѓанска, а потоа и црковна венчавка еден ден подоцна. Ана блескаше во нереални фустани.
На првиот ден од нејзината венчавка, таа носеше едноставна бела венчаница од дизајнерот Паркер Фарал, која ја купи преку Интернет за 275 евра. Сè на неа беше совршено, од фустанот до пуштената коса и дискретната шминка.
На вториот ден од свадбата Ана носеше елегантна креација на Сузи Тарнер, со долг воз и букет божури.
Како и секогаш, гламурозна, подготвена и елегантна, убавата Ана доминираше во внимателно одбрани креации кои ги воодушевија сите, додека младоженецот блескаше во црн свечен костум.
Како што пренесува германскиот весник „Билд“, парот за венчавката потрошил милион евра, но тоа никогаш не било официјално потврдено.